Сега скоро бев кај матичниот на преглед, викам испукав на бебе 3 кила и покрај епизиотомија на толкава, вика не за џабе викаат секс треба да се има, демек сум се стегнала. Инаку јас бев со надминат термин и провокации па кој стигна ми пикна рака да ми припомогне. Ако си регуларно со болки не би требало да биде така
Ве молам совет од тие што се боцкате со фраксипарин што ставате за намалување на отоци од боцкањето ми се појавија на некои места како цврсти грутки и ме чеша кожата нешто ефикасно ако има
Фала ти @Kallias2 . Со лесно да нѝ е на сите, здрави живи само. Со убаво да помине. Уште сум поопуштена. Моето е маже . За торбата, уште не ми е спремна. Ама дека во приватна ќе се пораѓам, не треба многу да ја спремам. Само знам шо ќе облечам, смислено ми е веќе Дома се опремивме скоро, уште за нега да купам, оставам за на крај. Кога си на преглед?
Оние што пијат пробиотик низ цела бременост... го пиете превентивно или по препорака на др. Кога повраќав на почетокот земав еден Провен за трудници, скоро 1000 денари па 2 пати се напив и толку, ми стои. За да не ми остане така за џабе, читав некои и превентивно го пиете па дали да си го испијам се мислам...или да се консултирам со доктор.. Во него има и фолна, и д3, и вит Ц, и б12 а јас сетоа го зимам поединечно. Плус и други витамини.
Не, отидов на патолошка ич отворена и без болки со бебе високо. Водата беше почната да се намалува, а се ближеше нова година и малце со врски ме примија зошто почна анксиозност да ме фаќа од надносувањето. Гледав видеа кај што завршило лошо кога бебето било со замотана папочна врвка и на крај моето испадна 2 пати замотано. Фала богу се излезе добро и природно се породив после цели 2 дена малтретирање. П.с нека не ве паничи муабетов. Моето бебе се роди совршено добро, немојте да мислите на глупости. Мене јутјуб ми предложи некои лоши видеа и почнав да мислам. А и надносување е мачно психички само по себе.
Здраво бремена сум 23 недели но ми рекоа дека имам бактерија во мокраќа и ми дадоа цефалексин да пијам дали е опасно за бебето таа бактерија??
Еее така си е , немат доктори немат бебиња , хахха туку ај не се паничи ти во вода ке се породиш ма не за џабе плодност ја имаат методава , па после ке ни раскажиш овде фино лепо @Milicka* Да не се плашиш од зреење нема ништо страшно, и јас примав.. подобро да примиш да си бидиш на раат Јас примив три зреења и се породив предвреме и се беше во ред со бебенцето ниту ден во инкубатор и сл.. со добра мисла се убаво биднува [/QUOTE] Уф дај Боже , фала малце ме смири , само ми е како ке ги издржам деновите кога бебе помалу ке мрда , тоа ми е ептен стресно , вака скоро цел ден си мрда а нели тогаш се намалувале движењата , но ке го послушам докторот за да си бидам мирна ке примам , а колку чинат знаеш ?
Нареднава недела ќе идам на 26ти кога ќе влезам во 9ти, некни бев во болница, нели пишав тука, да прашам што треба, па ми рекоа тие сестри ли се бабици ли се немам појма, дека прв пат одам во болница, требало да се закаже, викам што да закажам кога за 1 недела влегувам во 9ти, што ако нема термин и ми речат за месец дена? Ее вика таа, епа така е, до сега што не си закажала ми вика, штом планираш тука да се пораѓаш, епа викам не можев, на приватно си одам секој месец, не знаев каде ќе се пораѓам и сега така одлучив, да се пораѓам во болница тука, што да правам. Епа вика, тогаш дојди штом влезеш во 9ти наутро во 9 часот. И така планирам, ќе идам сабајлето на 26ти и ќе видиме што ќе кажат, мислам дека на Цтг треба да ме стават и после да ми кажат за 1 недела пак да идам. Знам така беше од другите бремености, ама тогаш друг град живеевме, сега на друго место сме и ново ми е се тука, никој ништо не знам и затоа и ми е страв од се ама од се
@Kallias2 @elenaklasik и јас сум изгледа тука некаде со вас Кога имате термини? Јас 29 март - 1 април
А добро од кај купувате од тие гакичките за една употреба ? @Kallias2 ти знам дека не си тука зa дa помогнеш но некоја друга членка ?
Јас 26 Март Ако доаѓа некој навака Гр порачај му или ти ако идеш, земи си од тука, ги има во сите супер маркети и аптеки, ако се начекат и на промоција ептен исплатливи се. Јас си земав 3 паковања денес и тоа од најмодерните, црни silhuete
Иако сме малку офф топик, да појаснам, изјавата која ја потпишуваме на денот на пункција се однесува на тоа дека правиме БПО со наша согласност и дека сме информирани за целата процедура од лекарот за кој сме одлучиле да го прави истото, но во склоп на ова има еден дел каде вели, цитирам: “...се обврзуваме да доаѓаме на редовни прегледи во текот на бременоста...“ и “...во иднина нема да покренуваме никакви спорови против било која страна во случај на неуспешна бременост, аномалии на плод и др...“ Лично јас не знаев за ова и видов што потпишав дури после трансфер...
Оо..се држам и ја до позитивата иако глава не знам каде ми е ...ама убаво вака коа ќе прочитам убави зборови фала ти Одам да го побарам малиот Ааа, леле..немој вака да ме плашиш..
Прегледот со рака за време на бременост е побезболен пд прегледот за време на пораѓај За време на пораѓај прво при прием почна да ме тегне таа доле,кога реков боли,вика 3ипол сантима си отворена ти помагам да те подраширам да те примиме. Мислев дека помина страшното се додека не се качив горе и не почнаа покрај внатре ширењето и од надвор да ме тегнат,како забар кога се обидува да дофати шеска, само нели сто пати поболно На едно такво ширење скокнав од бокс. Тоа ми е најголема траума од пораѓајот,а не знам зошто толку форсираа.
Со здравје да си ги носиш и за брзо ке си ги искористиш хехе , па накај Лерин ако отидам иначе подалеку тешко фала на инфо во секој случај ама сигурно има и овде ама проблем е шо не знам кај да барам
Еве јас и сега се мачам да заспијам од болки. Секако ме боли, ама на грб најмногу издржувам, странично кога ќе легнам бебе одма почнува да мрда, претпоставувам не му е убаво. И се така во круг и спиење на рати а имаме уште доста до крај