@Kallias2 јас бебе не би намачкала со кокосово масло.Тоа нема филтри,и ги затвора порите на кожата,буквално не може да дише. Ако веќе мачкаш телце,размисли за хидратантно.
Па штознам,ова е мое мислење,чим имаш фино искуство тогаш ваљда е ок,иначе ја би Веледа,има млекце за тело,не е многу мрсно. За некој месец ке треба и со фактор да бараш,ти си на море ако не се лажам.Ти завидувам
Jas minatata nedela taka 2pati stoenka istece voda, me pregledaa sum se pomocala... otidi inaku imam vo plodova voda pisuvano...da si proveris dali e istekuvanje
Баш проверив сега откако ми кажа и по Грчки и по Српски и по наши сајтови, никаде не пишува дека ги затвара порите на кожата, туку напротив, делува антивоспалително, антибактериски, антифламаторно и ги има најголемите благодети како за нега на кожа, коса, нокти, така и во исхраната, бидејќи е од органско потекло и нема никакви хемикалии. Уште од сам старт може да се употребува, од раѓање, баш го пишува насекаде. А и јас имам позитивно искуство и во храна сум им ставала исто така и немав никаков проблем. Да, за некој месец и со фактор ќе почнеме, има и на Веледа, знам и здравје ќе земам, ама до тогаш уште не сме стасале Само здравје да дојде на свет како што треба па за другото понатака
Земав од Крш, го вратив баш вчера, ќе ги пратам димензиите ептен е малечко. Тоа баш пишав погоре, супер е ама воа големово се беси ќе го препрчи. Имам игрална, големава си игра таму. Еве колкаво е, колку неа
@Kallias2 Се согласувам со Дуника кокосовото масло ги затвара порите и останува на површината на кожата, многу е тешко и мрсно посебно за бебе. Исто така читам многу трудници го користат за стрии а всушност тоа не се упива во внатрешниот слој на кожата, туку напротив останува на површина и нема никакво дејство. Одамна наидов на една страна баш убаво беше објаснато за кокосовото масло ако ја најдам ќе ја споделам Би ти препорачала нешто полесно да мачкаш
Јас жени одлучив, ќе се пораѓам во државна, со господ напред и добра мисла само. Сите да не чува. Инаку вчера бев на контрола се е супер со бебка, буцла веќе има обравчиња и брадичка, сопругот вика тууу цело на мене, хаха ќе видиме здравје кога ќе се роди лелел летна времево уште два месеци и некој ден , не ми се верува како помина наскоро ќе се запознаам со прцлата мамина
Sto preporacuvas za strii ? Dodusa ne pocnal uste da mi puka stomakot samo gradite odozdola na gradaya ama crveni liniii strii i se mackam i jas so kokosovo , mi rekoa toa bilo ubavo za strii
И мене исто под градиве заприметив црвени линии. Од што читав овде, членки и со најскапи средства се мачкале и пак накрај испукале. Јас си правам павловичева од галафарм таа розовата ми е најубава, со бадемово масло и ад капки и само со тоа планирам да се мачкам. Сепак е нели и до кожата, и генетски...
Еве кои масла тешко се впиваат во кожата А во спротивно на нив овие на другава слика се супер за стрии Кај нас во МК Веледата и Мустелата се супер за стрии плус не содржат токсични работи и се природна козметика... Малце се поскапи но во состав се супер. Исто арганово (бадемово )масло, шеа путер, масло од лавандер се супер масла за поефтина варијанта но треба да се органски за да имаат ефект... Се надевам дека ти помогнав
Леле за времево чути, лета и тоа како. Од утре сум 30 недела сеуште размислувам каде за пораѓај, а тоа уште само два месеци останаа....Само Бог да е со нас сите, бебушките да си се во ред, да си издржат во стомачињата за навреме да си се родат И да се редактирам, за овој период 29/30 недела дали е нормално не знам, осеќам при одење како тежина најдолу во маткава, како да сака да ми се мокри. На моменти и во седење истото го осеќам, како некое струјче скрос ниско под папуков и баш како некогаш кога сме настинати кога не пецка за мокрење. Имате ли некои вакви симптоми?
Сори, не пишува димензии ни на твоите ни на сликите што ги постирав. Па креветчето е тоа, можеш да прашаш дали имаат со помали димензии.
Гаќички за една употреба имаш и во ДМ. Беа околу 300ден кутија ама заборавив колку парчиња беа внатре.
Јас бев на ГАК, прегледот траеше 1мин. На извештајот пишува Александра Лазарова а мене млад маж ме прегледуваше. Прво ми брцна прсти доле, после тоа ме виде на ехо и рече имаш доволно плодова вода. И толку беше. На извештајот пишува да провери брисеви и урино култура кај матичен. Ако има крварење да се јави на УГАК.
Девојки ај совет. Ме боцка десен јајник, знам дека е нормално, ама денес она баш поасално ме боли меше. Имам нормални менструални болки, бебе мрда, изгледа се ширам, ама ме боли десен јајник.не е неиздржливо, ама си боли баш... Знам дека е нормално ама да се пожалам јас.