Мене и сега ми е термин во јули и со првото ми беше термин во јули исто ,по долги ракави купив само еден комплет и никогаш не го облековме пекол беше од болница го изнесов во исцело комплет на кратки ,по дома бевме само по боди на кратки и чорапчиња некогаш ,и сега со ова планирам исто ,запомнете ако вас ви е топло и на бебето му е топло .
Ауууу мешиња И тука се зарчкавте Ајде малку полабаво. Не мора секој коментар на нож да го дочекувате. Знам хормонални сме сите, ама дајте терајте го на позитива денот. Мене освен главава што ме боли и лошењето, се друго ми е наредено си се тешам, уште малку и нема лошење. Е тоа малку е иштр 1 месец горе-доле
Ај јас да си прашам, за во државна болница знам дека епидурал тешка работа, само со врски. Но имав до скоро слушано дека може од аптека да се купи. Сега разбрав во аптека не ја продавале, демек требало да се разговара со др кај кој ќе се пораѓаш Немам прашано во сите аптеки во мојов град ама во Зегин ја немале...Има ли членки кои се пораѓале на државно а да си купиле сами епидурал??
Јас прв пат слушам. Мислам не е проблемот достапноста на епидуралот, тулу достапноста на анестезиолог. Тој мора цело време да те надгледува и да дозира, повеќе-помалку. Е сега, на државно поретко ставаат епидурал. Најчесто тоа е лајт спинал. Боцка еднаш и тоа е тоа
ич да не те мачи килажата ја доста се поправив али после фала богу малку диета и ке се вратам у нормала се надевам инаку припазувај си колку јадеш мене матичната ми рече супер си јади си колку што си јадеш нормално не претерувај само.. а за вереникот ке си дојде се на место нека исчури главата па ке олади и ке биде се во ред ја со мојов скоро секој ден се расправам за нешто.. а може риластилот во тек на бременост да се користи или не се препорачува? инаку користам едно масло од ДМ Cornflower внатре во шишенцето има некои тревки доста е мрсно ко зејтин е
Што убаво... Јас во петок имам закажано едвај чекам. Го носиш и Константин на прегледи? Јас сега прв пат ке го земам син ми на преглед, баш сакам да видам како ке реагира. Иако ко што е сентиментален знам дека ќе се расплаче. Пиши како си поминала на преглед ❤
Не го носам мила. На градинка оди од 10 месеци. Нема да седи мирен. Ќе пишам обавезно како сум поминала, едвај чекам утре да се видиме. И ти да пишеш во петок како си поминала.
Zdravo zenski.Nova sum na forumov no cesto ve pratam vo razgovorite.Jas sum prv pat bremena vekje 12n,no vo posledno vreme cesto imam glavobolki.Kako vie se spravuvate so glavobolka vo bremenost?
Женски, здраво Да ве прашам нешто. Во петокот на преглед, докторот ми спомна дека постелката е веќе зрела. Тогаш бев по мензис во 36+3. Откако си заминав, видов во мајчината книшка дека пишува дека е постелката во трет стадиум, па немав можност да го прашам одма. Дали ако е со таква зрелост ќе биде од корист се` уште и дали има опасност нешто во хранењето на бебето? Тој лично не наведе ништо вакво, ама па не сум сигурна. Дали бебето ќе издржи уште некоја недела? Знам дека во деветти месец старее, ама дали пример има ситуации да биде од втор степен, а во периодот непосредно пред породување да премине во трет? Како беше кај вас?
Во 9 мила . Одма ќе пишам сигурно. Ти како си? Бебушка како е? Некои членки кажуваа дека пијат кафе со лимон, јас лично ако е неиздржлива пијам парацетамол зашто тоа само ми помага. Со лесно мајка.
мене од 8ми месец ми беше трет степен постелката,се породив точно на термин 3.300 беше бебе сосем нормално се,не се плаши ако нешто ќе ти каже сигурно гинекологот
Стискам Јас добра, денес опуштено, никаква болка цел ден. Бев на забар ми падна еден заб па бев да ми го залепат и така. Прошетав преку ден малку по продавници, седнав со една пријателка случајно се видовме, на кафе покрај море така, мина денот. Да видиме утре здравје и јас како ќе поминам. Се обидувам да не мислам за денот Д кога ќе дојде, си велам само со Господ напред и тоа е, нема тука што друго да мислиме..... Гледам една серија и после на Ајде на сите да имаме мирна ноќ
Масажа и мачкање со некоја маст или реумагал (руска вода, ја има во аптеки). Трудни жени до кога одите на работа? Се мислам дали да прекинам веднаш штом ќе влезам во 9ти месец или да поодам уште ако можам. Ајде давајте предлози која како планира. И слабо сум запознаена со законите, да си признаам.
Мене ми рекоа најрано 28 дена пред термин може да ми отворат породилно. За покасно оставаат на мене, можело и до денот кога ќе се пораѓам да одам. Мене термин ми е 20ти Јуни. Планот ми е од 18ти мај да сум на одмор(имам 15дена стар) и после тоа породилното ќе го отворам.