Фала ти. Јас може ја утнав темата, сега видов дека имало друга тема за вакви работи ама толку многу ме боли глава што едвај гледам. Извинете.
Да ве поздравам само од болница, денес ме садржаа, морам 5 дена да останам под антибиотик поради маститис, или као шо вели докторката не исклучува истатоци од плацента. Ќе пулнам од страв и од грижи. Бебе е со мене ди цица, се е супер, големата е дома, беа да ме посетат ми недостига детето. Аман веќе.
Ајдееее. Со лесно мила. Од кај сега испадна ова? Какви симптоми имаш за да сумњаат дека не си дочистена? Баш ми е криво, да пишуваш, ќе те мислиме.
@eliii89 @LadyC фала ви, да ви кажам и јас немам појма зошто лежам. Помина сега визитата, ми прегледаа градите малку црвена е левата со груткички. Му реков дека у друга клиника видоа “остатоци” а овде рекоа се е во ред нема ништо. Сега антибиотикот шо го примам ќе покаже дали е вистинскиот и дали ќе помогне да ми се намали температурата и воспалението на градата. Рече дека За три дена ќе видиме како ќе се одвива дакли ќе падне темп и дали е од градата. Секако пред да ме отпуштат ќе ме гледат на ехо повторно. Ако има остатоци ќе бидат исчистени. Немало последици под антибиотик сум Сето почна со треска и болка бво градата. Па качив температура и решив да одам. Од ко сум се породила стално ми е у глава плацентата оти беше малку пукната на едно место. Почнав да имам болки при мокрење и да ме боли стомакот. Главоболка и многу се потам навечер.
Ајде мила со лесно. Ќе биде се во ред. Нормално е и од маститис се што наброја , но ако осетиш дека ти се влошува побарај второ мислење некако ако можеш. Да не известуваш плс. Чувај се.
Ајде брзо да поминува, со лесно само , ќе биди. Не сум искусна за таа работа, но од се' срце ти посакувам брзо закрепнување
Машко е. Двајца кога ќе потврдат веќе е друго. Башка и ја му го видов. Нека ми е здрав и жив само, тоа е на прво место. Ме клоцка баш доле десно и викам на докторката, вика ноџињата му се таму. Ух срце, Константин ќе си има најдобар другар. Женското ќе остане за подоцна, батковците да ги израснам здравје па ќе одам на трето .
офф леле мешиња хормоните ми се 300 емоции преовладаа гледам некои видеа со бебиња и си плачам онака ко луда што од среќа што од страв... едвај го чекам моментот и во исто време ме фаќа паника дали само кај мене е вака или
Здравооо и од мене. И јас само што завршив, да ви кажам како што се плашев од болницата, оти не бев до сега никогаш доаѓала, супер поминав, фини бабиците, докторите млади некои тие само што биднале доктори, сестрите фини, баш пријатно сум изненадена. Ја видовме и на ехо, си се наместила како што треба со главче надолу, мерките вадат дека е 2.700, ме ставија на Цтг, првиот пат неуспешно, мн.беше мирна па ме испратија да доручкувам убаво и благо и сок и да се вратам по 1 час и после тоа беше супер, мрдаше ко лудо на Цтг, задоволни и докторката и бабицата ми рекоа дека се. Ете така, сега се враќам, ќе прошетам малку додека дојде време да одам по синко од школо. Поздрав на сите
Нека се живи и здрави само и јас ќе си имам двајца синови, гордост на мама и тато, а бато Матео другарче. И јас ко тебе мила се шалам малку да пркне бебуш одам на ќерка
Не срцка и јас вчера гледав и си плачев , ме зеза маж ми дека не знаев зошто плачам хормони во плафон
ИСто ми се дешава и мене хормоните ми се хаос.Како влегувам во нова недела ме фаќа паника,па од друга страна едвај чекам да си го гушнам бебето пошто ми е прво сум и напната ептен.
Секако. И првиот ми е лепотан, ако се на маж ми собрал, ама око има мое и преубав е . Син на мајка најубав што би рекла ти . Ова второво се надевам ќе земе од мене нешто повеќе. Леле дупла свекРива ќе бидам, тешко снаите со мене.
Za mastit pocesto odmolzuvaj ja gradata so blagi dvizenja masazi vo krug ,so topla voda da ti se otpusat kanali ,ne si doma inaku list od zelka vadi tt niz cela grada stavi list zelka mn pomaga i gi omeknuva grutkite ,so lesno i so pomin neka ti e
Леле син ми е копија од мажот ми ама јас не сум верувала дека може до толку да се исти ,јас првата бременост сакав многу девојче ама од кога се роди не би го сменила за ниедно женско на светот маза мајкина ми е тој .Јас другата недела сум на скрингот во 22 недела па да ми потврдат дека е девојче па да можам да купам нешто розево Иначе мене деновиве па такви мисли ми се увртеле глупави како ќе издржам во болница кога ќе се пораѓам без син ми дури депресија ме фаќа на моменти ,хормоните ми работат многу изгледа
Ауу ќути и јас сега разбрав дека нема веќе посети од никој освен од маж, не смее ни дете, ќе си приумрам без него. Инаку исто ко тебе размислувам. Колку сакав девојче, ама таков принц на бел коњ си родив, што за ништо на свет не го менувам. Мајкин лепотан.