Здраво. Пишав во темата кој гинеколог ве породуваше но не добив одговор па затоа сакав да пишам и тука дали некоја од вас има некакво искуство со докторката Софија Златеска ГАК?
Девојки при настинка како го земате парацетамолот? На 8 часа или поретко, некако ова многу ми се гледа х3 на ден, да не штети...
По потреба, ако немаш температура или болка, немој да пиеш. А најрано можеш 6ч од последно пиење на парацетамол.
Jas momentalno sum so grip,doma primam infuzii so vitamini,muskulno kleksan,pijam antibiotik Ospamox a za paracetamol mi kazaa moze i na 4 casa.Partal sum,celo telo me boli,imam laringit...Davajte sovet,care?
Мора да прашам како успеа да дојдеш до инфузии со витамини? 100 пати се разболев откако сум бремена, еднаш и грип поминав и никогаш матичната не ми даде инфузии, наводно ништо не била температура од 38.5 Трески имав, температура, малаксаност, се што иде со грип и само парацетамол пиев. Живи глупости... Инаку за ларингит млеко со прегорен шеќер, пантенол по проватниве аптеки има, јас лижев и лути бонбони зашто и кашлав многу суво и во спиење, плус ставав ракија до бибер на грло за да можам да спијам. Супа од петел можеш исто... Се ова ќе ти помогне да се смири грлото. Со лесно нека ти е.
Ајде тука да се пожалам, ваљда ќе ми олесни. На пат накај работа ќе ме згазеше кола. Јас поминував на зелено, типот правеше прекршок и се брзаше да не го видат. Одвај закочи. Леле цела се стресов. Рацете почнаа да ми се тресат, солзи да ми течат. Дишев длабоко, се смирив, земав два б6 и еве сега сум на работа. Ми помина тресењето ама сеа ми е страв за беба. Се надевам дека нема ништо да му биде од толку стресна ситуација
Што и да кажам нема да те смири, само ќе кажам Господ те чувал... 100 пара очи треба милааа ... Никој не внимава, немаме за жал никаква сообраќајна култура. Те гушкам силно...
Ооооо ако чекав на матичната требаше да сум уште таму во чекална. Сама се си купив,имам другарка медицинска сестра. Доага дома,еднаш на ден ми пушта физиолошки,еднаш гликоза со витамини (вит с,б6,б1) без кетонал не можам да мрдам како од цунами да сум исфрлена. И пак си качувам температура ама најмногу до 38. Многу се плашам од температурата кога многу читаш по интернет главата ке си ја направиш попара како јас мојата. Подобро ни не отварај да бараш што се има ризик. А кога отидов кај матичната да барам инфузии тоа беше патешествие,ако почнам да пишувам саат време ке читате.
Човек да не е раат ниту ден! Почнав пак да чувствувам долу болки. Како да ме жегнува во левиот и десниот јајник. Брисеви чисти, уринокултура стерилна, крвна слика во ред. На уз бебе супер. Читав за лажни контракции, во овој период биле нормални. Матката и телото се подготвувале. Ваши искуства мешиња! Јас незнам што да мислам веќе.
Ај да ви кажам ме гледаа вагинално на ехо и останато има и тоа доста плус не крварам и се збира во матката. Ќе ми дадат сега окситоцин хормонски лек да почнам да крварам и да исффлам од мене. Фактички сега ќе добијам болки исто како после пораѓај шо ги имаме. Прашав за киретажа, велат сега за сега со лекот да пробат прво. 3 дена сум во болница, сега гледат дека имам остатоци. Таа докторката шо ме шиеше на пораѓај она ме гледаше абдоминално и нема ништо рече, и баш тие двете сега шо ме гледаа се почудиа како може да не видела на ехото и им реков дека абдоменално ме гледаше. И само се погледнаа и нели изреагираа зошто не вагинално??!! Ќе си пукнам од мака и од страв, да не ме умрат. Бебето е со мене, големата секој ден после градинка со таткои и со мајками тројцата идат и седат со саатови. Детето ме прашува мамо кога ќе си дојдеш ми недостигаш денес нема градинка им се јавив сабајле на вибер се видовме мама ајде дојди си веќе душата ќе ми пукне од мака Ајде после пак ќе дојдат. страв ми е многу.
Душо не се плаши, ќе те средат и се ќе биде во ред. Медицината сега е напредна. А што симтоми имаше ? Болки во стомак ?
Да ти кажам јас сама си барав симптоми изгледа. Оти одкога видов дека плацентата е напукана немав мир. Почна треска навечер, ај се молзев од млекото си велев. Качив темп. Градата ми беше црвена ме болеше и имав грутчиња. Помалку болки во стомак. И на клиника објаснив шо како и вели ќе те гледам на ехо и докторката ми вели добар истинкт имаш си го слушаш телото. Знаев одма. Штом имам немир у мене не е како што треба. женички убави слушајте си телото и вашиот инстинкт. Ако не сте сигурни 100 мислења побарајте и да не ви е гајле
Штом сите наоди се во ред, значи нема место за грижа. Болката во јајници е нормална. И сестра ми со бебето ја болел едниот јајник многу, и тоа и повеќе од многу, така било застанато бебето. И мене ме фаќаа така, и сега во 9ти месец, болката се бранува, де на едно место, де на друго. Ти си 8ми месец? Нормално е и лажни контракции да имаш. И кај тебе е до позицијата, веројатно. А сега и си страв зголемен, и повеќе мислиш на тоа. Подстопли се малку, одморај, напиј се чај, смири се. Ќе ти помине.
Многу страшно ,како можеле бе така,од таков пропуст може многу сериозно да биде. Добро што си отишла на време ,дај Боже со лесно да поминеш и побрзо дома да си ги гушкаш пилињата
Девојки како ги осеќате бебушите во 25-26 недела Јас до пред три четири денови многу често го осекав а деновиве некако ептен малку во денот еднаш до два пати и тоа премногу малку.Понеделникот бев на ехо се супер си било за неделите и ме погледна Др и вагинално ми мереше цервикс,и од Вторникот се намалија клоцкањата па ми е шубе да не е од вагиналниот преглед или е нормално да мируваат и има денови кога нагло растат и одмараат.
Ти благодарам на одговорот! Јас сум шести месец! Ми кажаа дека и матката се шири, па затоа боли. Ах пусти страв! Само се да заврши добро и Господ да не чува!
Ќе ти порасне сега нагло мешето во наредни 2-3 дена, бебето ќе добие простор и нема да можеш да спиеш од акробации Барем така беше кај мене, твоето може е помирно.
Ве прочитав дека само преку стомак ве гледаат, не било убаво вагинално често да се прави. Вистина ова? Мене секоја контрола ми се состои прво од преглед со рака, претпоставувам проверува дали е затворена матката и колку високо е качена, и тоа доста долго си трае прегледов... Се збунив малку, да не има тоа некои последици
Истото ми го рече сестрата, кога се шири матката, нормално е да има болки. Немај гајле, промени во телото и болките се пропратни.
Женски,две прашања- колку витамин ц внесувате дневно, и од кој земате? Јас понекогаш кога се осеќам маллку настината земам едно во ден 500 мг скрос обични оние на лента што ги продаваат(покрај што пијам фемибион 2). И околу 30та недела, кога одите / сте биле на контрола?