Честитки carolina88 и со лесно да си ја истераш бременоста Инаку штом последна менструација си имала на 14 март, сега си 5 недела и 5 дена Скоро веќе и срценцето може да му се чуе на бебето... Еве еден линк за пресметка на неделите што ќе ти помогне. http://www.babymed.com/pregnancy-ca...p_cl=28&pc_ud_week=5&pc_ud_day=0&pc_ivf_day=1 Исто така можеш да си направиш и ticker за да можеш тука да си пратиш која недела си а и останатите на форумот да знаат кога ќе поставиш некое прашање, а верувај ќе имаш мнооогу прашања Можеш да почнеш да си пиеш фолна киселина доколку сеуште не си почнала Поздрав
peace 88 i carolina 88 најпрво добредојдовте во труднички муабети,ви честитам за бременоста и двете цртки имајте си убава и лесна бременост и уживајте си бидејќи многу брзо поминуваат неделите
Девојки добровечер . Бремена сум веќе 30 недела но имам еден проблем , многу променливо расположение , но проблемот е во тоа што повеќето време сум тажна и целото време си плачам . Незнам што да правам чувствувам како да немам подршка од никого а знам дека не е така
не се секирај не си единствена на сите трудници расположението ни е променливо, и јас сум иста де сум тажна де среќна, плачам за ситници се карам за ситници, се нешто ми смета не ми е по ќеиф ќе ни помине уште малку
Еве сум и јас, 6 недели и 3 дена Дај кажете чаре за утрински мачнини зенски, рано поцнуваат а дури, 12-13ч завршуваат, а јас од 8.30 треба да сум ок за на работа Позз
Срцка оди на странава - http://www.femina.mk/out/?id=846d00c05b ... gnancy.php и следи ги инструкциите, после на фемина кај потпис стави го
Вчера од премногу возбуда заборавив да ви пишам, бев на ехо ме гледаше гинекологот и бремена сум навистина Секој треба да го доживее ова чуство, прекрасно е.
Честитки до сите нови трудници, бројов значително се зголемил, браво, и желби за сите оние што очекуваат две црти, тоа да се случи што побрзо. Ние денес на контрола, 26 +4, супер се чувствуваме, бебушка мрда ли мрда, не знам јас кога ова наше бебе спие , туку да ги прашам труднициве со поодмината бременост,можеби звучи глупаво, не секој ден но еве денес гаќите ми се воденки, не многу, без мирис без боја, секојдневни влошки ставам, а гаќи менувам по 5 пара на ден, ви се случило ли ова на некоја од вас и дали има место за паника? поздрав и имајте убав ден....
ни најмалку не звучи глупаво и јас исто, сите гаќи лом ги направив и секојдневно морам да перам по 5-6пара нонстоп како помочана сум посебно последниве недели кога бебушка е поголема главчето му е доле и ми притиска на бешиката и нонстоп ми се моча, ајде уште малку ќе поминат овие маки потоа ќе си имаме слатки маки со нашите бебчиња
Беллас, види во темата предвидување на полот, мислам дека таму имам прочитано за полот во зависност од отчукувањата на срцето, пр. ако има повеке отчукувања, околу160-170 е женско а ако се околу 130-140 е машко или обратно беше, тоа не се секавам.
Хелоу и честитки до сите нови идни мами. LaDyDoLl мила и јас така како тебе менував по 2-3 пати гаќи во текот на денот. Чим нема мирис и боја воопшто не е страшно нека не те фаќа паника нормално е тоа. Јас сум сега еве 33 недела + 1 ден (скоро почната 34 недела) и осеќам како бебуш не да мрда туку ме растура од клоцање и преместување и ме притиска се повеќе и повеќе на бешика и на секој пола саат сум во веце. И исто си менувам на секое гаќи си пуштам машина секој ден и супер ни е. Уште малку ќе издржиме се за нашите бебуши. Мешиња имајте убав ден. Поздрав !
Секое утро имај до креветот бисквити. И уште пред да станеш од креветот изеди една и мислам дека ке немаш гајле. Ова ми го кажа моја пријателка, која исто така во текот на брееноста имала мачнини и дека секое сабајле повраќала, но прочитала некаде за бисквитите и така и успеало. Се надевам и кај тебе ќе успее, не губиш ништо ако пробаш Поздравче
Здраво мешиња како сте? Е јас веќе официално влегов во 31 недела, ми остана уште две месеци од средбата со моето сонце. Едвај чекам, ама како што ми поминува времето се потешко ми е бременоста, пак почнав редовно да повраќам, киселини ужасно а најтешко од све се хемороидите.Абе ништо не ми помага секој ден крварење имам, и пролив исто.Употребувам факту чепчиња и маст ама не помагат многу, не знам како ќе издржам уште две месеци вака. Само 2-3 сата дневно можам да спијам само несоница имам и многу болки во кичмата и мускулите. Е нови мешиња да ви посакам добродојдовте и се надевам дека вие ќе имате полесна бременост, уживајте во овој период од бременоста зашто тек после ќе видите што е мачење и болка Поздрав имајте убав викенд
Еве ме и мене, препекав додека да ја отворат темава, а сега жива ме нема да пишам . Вчера бевме на вториот скрининг, фала му на Господ бебуш е се во ред. Бевме во државна, имав закажано кај д-р Адела Стефанија, ама не беше таму и го гледаше д-р Кочовски (или така нешто беше). Докторот супер си ја заврши работата, баш долго време го гледаше и детално ги запишување сите параметри,, најмногу се задржа на срценцето и на главчето, единствено што не ми се допадна што ништо не ми кажуваше се додека јас не прашав. А јас како што не знам да си премолчам, си го прашував се што ме интересираше Дури откако заврши со прегледот ми објасни некои работи сам. Инаку клоцкото мој си клоцка, си мрда, си уживка . Јас сум супер, си функционирам најнормално само имам многу киселини, ништо веќе не ми помага, понекогаш ми се чини сека имам оган во мене
Девојки здраво и од мене многу сум болничка едвај дишам,грлото температура и болки во главата бев на лекар и ми дадоа антибиотик вика дека не поминува со чај и со лимони и со овошје,но некако сум загрижена 5 месец сум и 2недели не сум пиела до сега антибиотик сега да пијам што викате вие,какво искуство имате со антбиотик? овој бил пеницилински и за трудници бил дозволен да се пие,толку не сум била настината и затната последните 5 години кај ме најде сега