Јас денес 30+4. Ти која си точно? Мене др ми рече во 32 или 33 да појдам, јас сакав следнава недела во 31 да појдам ама неколку денови не работела (баш кога јас сум слободна), така да можи ќе ме фати сепак 32 недела (ако и тогаш не си замини на 8 март)...
Јас последен пат бев на доплер и тогаш ми дадоа сликичка оти си побарав и сама, инаку кај докторот што одев секој месец не му даваше сликичка. Вчера во болница исто така ме гледаа на ехо ама исто како и докторот без сликичка.
Да , во плодност ми рекоа , ми иде да си одам Систина кај ивф докторот ама ептен ми е мачно патувањето и затоа цела бременост лутам , иначе протоци ми мери секој преглед , посетлка исто така , плодова вода цервикс и сите останати мерки , се плашам да не испуштам нешто битно на крајов , затоа прашувам , ке морам сепак Скопје да отидам пошо овде ми велат нема потреба од трет скрининг , не знам веке не сум паметна и се нервирам многу.
30+2. И јас сакав малку порано, не сум била од 25та мислам ама тогаш најдов термин. Па таман ќе биде и мислам после во 35та само брисевите остануваат да се направат и правец Чаир на прв преглед и цтг. Барем така сфатив.
Ј Мислам еднаш дека пишав, во Плодност последен пат бев на 2 скрининг кај Обедниковски. Го прашав кога е следниот скрининг/поважен преглед (оти читав овде дека има и трет), тој рече ами сега нема друг скрининг освен да си направам скрининг за срцето што е тој (посебниот за срце кај бебе ама јас не го правев зошто после тоа бев кај мојата матична, гледаше се детално и срце и мускул и ништо не ми рече) и ми кажа кига да проверам скриен шеќер. Понатаму можи ми спомна дека ќе требаат брисеви (тоа изгледа сега за во 35 неделла) а друго не кажа. Сепак, кога мојава матична ми прави ехо ,кажува се' како е по мерки само цервикс не ми спомнува (плодност ми мереше) . Наредно кога ќе одам секако ќе и спомнам да ми мери....Инаку јас последно ехо и преглед правев околу 15 јануари, не сум појдена бидејќи ми рече матичнава во 32/33 недела да појдам (тоа се паѓа 2/3 недела март).... Се надевам знае што прави оти ми се виде како долг период...
Нема потреба што да се нервираш, јас на државно ги правев двата скрининзи, од трет ми рекоа нема потреба, само за еден месец да се јавам на ехо, всушност секое ехо му доаѓа како скрининг, доктор мери параметри, гледа постелка, срце, главче, органи, го гледа плодот.... Уживај во бременоста
Хахах стварно 2 дена разлика Инаку си велам и јас таман е прегледот, јас од 15 јануари не сум била, ама така ми рече др (да појдам 32/33 недела) и после брисеви во 35 а после тоа не знам што хахахха Да, да и јас мислам сега наредниоѕ преглед/ехо ќе биде како трет скрининг оти пак се' мерат
За мене сите слики од син ми се од курето само една слика добив од профил и тоа некаде 25та недела,после тоа коа барав 4д ми рекоа карлично е стварно нема да се гледа и така пак си добив уште слики од курето и д-р рече на ова дете лицето ќе му го видиш кога ќе се роди.. и се помирив,ќе си почекам уште малку па ќе му ги штипам тие образи што ги крие толку
Јас имам направено два скрининзи во Плодност и ехокардиографија! За трет скрининг никој ништо не ми кажа. Одам на ехо кај матичниот. И јас матичен гинеколог сменив на почеток на бременост! Кога бев понеделникот кај матичниот така неубаво се испонаша, што ми идеше и него да го сменам.
Јас се консултирав со 2 различни доктори и рекоа дека трет скрининг не постои...Тоа е само нормален ехо преглед во 31/32 недела, во којшто пак се ќе опфатат докторите и ќе проверат се што треба од плодова вода, до зрелост на матка и ред други работи( Скоро исто како и втор скрининг ). Освен ако некои доктори го користат тој термин "Трет скрининг" за да наплаќаат дупло.
Кај мене вториот скрининг траеше баш долго,40тина мин,за трет не спомна,а иначе на секој преглед гледа детално на ехо се,почнувајќи од главчето,па со се вода и протоци. Слики добивам по 5-6,иако не барам толку,на повеќето не ни разбирам ништо. Вагинално ми мери цервикс,кратко само неколку секунди. Она што е различно овде и ме изненади е дека нема ЦТГ,односно посета на клиниката каде ке раѓам пред термин без потреба. Мислев дека е од 37-8 недела,ама кога го прашав за прво одење во болница,ми рече кога ке добиеш болки,пукање водењак,видиш крв или слично. Во случај на надминат термин,да се јавам одма утредента.
@Kallias2 а што ти рекоа понатаму за покаченото тсх? Колку ти беше? Јас порано, пред бременоста, исто не сум имала проблеми со тироидната, а во 15 недела ми открија дека е покачено. Другите хормони ми се во ред, пијам цела бременост еутирокс, а после бременоста (после 6 недели од пораѓај) ќе видиме - може ќе ми прекинат.
Нема правило женска, како си мислиш прави си. Има многу работи за земање, па не ти е лошо да си земаш малку по малку. Јас да, во 6 купував некои ситни работи што ги наоѓав на попуст (бодиња на пр.). Потоа во 7 малку повеќе: перница за доење, водоотпорна навлака, лигарчиња, капчиња, шпикозни... А во 8 купивме крупни работи: транспортер, количка, и за капење опрема Сега сум веќе во 9 месец и ми останува за мене да земам градници за доење, спавачи со раскопчување, може лактатор, влошки, крем за брадавици...
Ми најдоа стрептокока во грло, знаев дека има нешто чим си поткашлував и решив за секој случај да ми земат брис од нос и грло. Носот е Ок, грлото стрептокока. 10дена Оспен плус пробиотик за вагина. Зашто со секој антибиотик обавезно добивам кандида. Бљак леле 10дена огромни апчиња уфф....
Denes si naracav bodinja mnogu mi se dopadnaa.Starive vikaat da sum pocekala ama jas ke si kupam,kejf mi e...Tie neka si zboruvaat,toa im e rabota hehhe