Ке помине се само биди смирена , пиши како се одвиваат работите , штом си во болница во добри раце си , ова ке ти остане само бледо сеќавање , стискаме палци и обавезно да пишеш како си *** Да , се исконсултирав со Котларова синоќа ми рече дека не е страшно па ми олесни , иначе веке подолго време сум на тонус благо ретко и дури шубе ми е 32+2 сум а само едвај 4 кг сум здебелена , бебе е 1800 гр малечко ми е сонцето ама велат дека одговара на возраста , за скринингот ке си прашам пак И јас мачкам со павловичевата на галафсрм и ад капки засега нема промени на меше ке видиме 8 миов и 9 тиот месец како ке биде . И ај да ви се пофалам ми стигна количката малце ми е како тенк ама кејфот беше голем а во енци менци не изгледаше толкава хахаха да синсе пофалам малце реков не само да плачам убав ден мешиња ***
Ај може ќе те утешам. Ако имаат мајка ти и сестра ти не значи дека и ти ќе имаш. Јас имам еластин ко тетка ми во кожа, мајка ми цело меше од мене и е распукано,јас немам една стрија од првата бременост а ништо не мачкав буквално. Купив, ама ме мрзеше и не мачкав. Ќе видиме сега со второто.
Добро утро трудници. Читам зборувате за стрии и за креми, јас ништо не се мачкам ни сум се мачкала во сите 3 бремености. До крај ниту една стрија немав, само што се породив, кога ми спласна стомакот тогаш ми се појавија неколку долу скроз ниско и не се воошто познаваат, со тек на време избледнеа. Ни сега не се мачкам со ништо, стомакот ми е мазен. Е сега читам за АД капки, тие капки имаат витамин А и Д ? Јас читав и докторот и аптекарите кажуваат дека во бременост не се препорачуваат никакви креми кои содржат витамин А. Не знам зошто ама прашував неколку аптекари и сите истото ми го рекоа. Имам крема со витамин А, Ц и Д за лице и не ја користам баш поради тоа што го содржи витаминот А. А сега читам вие се мачкате.....колку има вистина во тоа сега е ајде кој да веруваш?
Јас искрено прв пат слушам за ова Од капките не ставам многу, повеќе ми е смесата на бадемовото масло и павловичевата па се надевам нема гајле Од вена, макар да имам читано овде дека и од прст им зеле на некои членки. Кога проверував пак тримесечен, сестрата рече можи и од прст, но сепак ми зеде од вена. А и претежно како што читав на нет, венски се проверува скриениов...
Хахах, фала на утехата дај Боже ) Под градиве заприметувам по некоја линичка лилјаковка а не ми се многу пораснати...Па ќе видиме ...Ама јас некако не се замарам со тоа, сестра ми вика абе како не се замараш, во лето како ќе се слекуваш ако одиш на плажа? Јас и велам само со лесно да ми помини пораѓајот, со бебе да сме здрави прави, па друго ама ич не ме занима
Би требало да се врати во нормала. Ќе одиш кај ендокринологот после породување, ќе направиш контрола.
Мене вака ми проверија: прво за шеќер на гладно од прст и одма покажа на апаратчето и си запишаа. После пиев шербет и по еден саат од вена, по два саати пак од вена. Јас мислев може вода да се пие, и малку пиев, ама мислам дека лошо ми стана од тоа. Сестрата рече може малку да се пие, ама може некорисно да биде за резултатите (да се покаже повисоко шеќерот).
И мене за вода ми кажаа по малку да пијам, два пати ми земаа од прст и сега за 20тина минути пак од прст ќе ми земат
Што значат скратениците на ултразвукот? Во едно списание ги најдов повеќето, па се сетив дека сме пишувале за нив. Еве за пољубопитните. и за сите други.
не бе толку има безобразни луѓе што стварно незнам кај ке им оди душата. Значи те гледа на пешачки, онолкава едвај се движиш и летање бре ко тие 5 минути што ќе стигне порано многу голема работа ќе му завршат. Идиоти е многу се нервирам од такви. Заблагодари се на Господ што те чувал и внимавај. А за бебчо не се секирај тоа осетило секако ама не е страшно, зборувај му гали си го стомакот ќе се смири. Ова од искуство ти го кажувам. Гушки
@Milicka* , за трет скрининг што се двоумиш дали кога...Во мајчинава книшка ги читам меркиве, само анализирам и јас ко забегана, иии има прв, втор скрининг. Страница за трет скрининг нема, туку на наредната стр. има морфолошки скен и последно има табела со ултразвучни прегледи за повеќе прегледи да се внесат. Значи не постои таков официјален задолжителен скрининг, туку обично ехо со сите мерења. А скрининзите за докторите изгледа им значат поголеми мерења на плодот, проверка дали се развива правилно, и се определени во точно одредени гестациски недели.
Фала Богу се раздени дојде и визита. Не било остатоци од плацента, туку се збире крв од тоа што не се чистам не крварам. Сега ми дадоа cytotec таблетата шо ја примив на пораѓајот за провокации и тоа сабајле 200мг и вечер 200. Одело со доење. Велам породилни болки ли ќе добијам јас од цела таблета, вели не, матката ми е зберена не е како на пораѓај. Ај пак се потпишав имќе видиме шо ќе биде. Аман веќе аман. Не знаат да ти кажат шо ти е. И велам ако не делува и тоа, е тогаш ќе ме седнат на стол и ќе ми го исчистат сето од внатре. Катастрофа. Ќе те здробат од разни лекови и хормони и на крај ќе те средат. Млади доктори и докторки. Прво ќе те измачат. Ај да видам сега дали ќе делува апчето. На пораѓајот брзо делуваше. Нормалнонод вторник попладне сум тука, треба утре или недела да си одам, зависи како рачуат пет дена за антибиотикот. Не знам.
Dali pokaceni leukociiti e neso strasno ? Mi zemaa vcera urina pa iskocija 9.4 deka mi se . Mozno e so sum nasitnata so kaslam ? Nemam temperatura nisto samo kaslam i nos so mi tece ama u normala ne sum mn nastinata. Ne e valjda neso strasno i granulocitite ref.vrednist se od 55 -80 a mene mi se 87 .1
Па не се покачени 9.4 , до 15 се преферира во бременост, барем тука јас каде што живеам, за бремени е таа граница. Уживај во граници на нормала ти се Аууу сега читам дека во урина ти нашле леукоцити јас пак мислев од крв... Се извинувам, за во урина не знам за покачени леукоцити, не ми се десило до сега, не знам....