Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    ма тука е јуник никако да ја снема хахха.. ја читам горда и си мислам .. леле што ме чека...
    Немам коментар значи стварно се катастрофа невидена, ајде по другите болници и одели што чекаш ама па на гинекологија бре човече каде што секој ден се донесуваат нови животи , таму е најлошо и од една страна и ги разбирам труднициве што одат на приватно , па стварно не се издржува..
    Инаку ние денес сме 38ма недела, и веке се откажав дека ке биде порано, изгледа ке си чекаме до крај, на бебуш ептен му се уарни ама ајде и крајот не е далеку уште само 2 недели :) :) :)

    Во врска со трудничката облека, јас до сега ништо трудничко не сум купила, една другарка ми даде неколку маици што ги носела за време на бременоста и баш ми се погодија, ги изнаносев бидејќи и она е малце по полничка како мене...
    За зимоска може да си носите хеланки некои по комотни и туники ,ако не крај на крај па тука се и тренерките хаха :)
    Поздравче и имајте убава вечер :)
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Добро вечер и од мене.
    Ние денес купувавме за бебушот, па скоро сме на крај, остана уште малку да се докомплетира, но има време. Здравје ќе завршиме со се за недела време, па си планирам за две недели да почнам да перам , па да има време и за пеглање и средување.
    Времево е многу катастрофа денес, едвај функционирам, цел ден ми се спие и смрштена сум, ама добро ќе помине :$
    Е така, ако ве интересираат цени за нешто прашувајте, што сум запамтила да ви кажам.

    За облека јас купував широки фустани, долги, кои ќе ми се најдат и за наредно лето, а сега кога ќе залади планирам со хеланки да комбинирам блузички, кошулки по долги и сл.
     
  3. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Здраво мешиња како сте денес ох јас сум одлично и пресреќна денес си се видовме со бебушко се си е во ред си го гледав како си мрда се си е нормално развиено дај боже така да остане до крај :rofl: се преплашив дури ојдов на преглед дали е се во ред ама за џабе сум се тресела :D се си е супер и со мене и со бебушко. Само се плашам другиот пат ко ке одам на преглед треба ти брисеви да ми ги земаат се чудам како ке биде ама ке помине :tmi: :lol: :* позз
     
  4. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    ДОБРО УТРО МЕШИЊА, јас око немам склопено цела ноќ/ Прославата добро помина ама од некој непознат умор цела ноќ со отворени очи...

    Само да ви посакам убав ден :inlove:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Добро утро и од мене, убав ден :angel:
    Јас сум ок, со некои чудни болки, како некој да ми го влече цел стомак надолу :^) но вистински боли :envy: Тоа беше синоќа,а еве денес е подобро.
    Бебушка ја осќам поинаку, не како и до сега, движењата и се намалени, односно не и се толку диви, сега како едвај да се движи, веројатно нема веќе место :worried: тропнува од некаде, се подместува, ика, ама ги нема брановите од порано , ми фалат :wasntme:
     
  6. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    I jas sum uste ovde, vecer sum pak na kontrola, zbesnuvam vekje... Mu velam, ajde bre bebe, mama planirashe vekje na majcinski temi da pomine, a uste e na trudnicki del :lol:
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    горда, какви се движењата на бебето сега??? Дај те молам сподели искуство. Јас искрено вчера се загрижив зошто ја немаше цел ден, дури од кога си дојде маж ми од работа, кога почнавме да си правиме муабет и дека он збори погласно, бебушката почна да мрда, како да му се израдува.
    Но, сепак не се истите движења од пред некој ден.
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Некаде прочитав дека при крај на бременоста бебињата помалку мрдаат.
    Пред се затоа што немаат многу место но и затоа што повеќе се одмараат во исчекување на големиот ден.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.660
    Допаѓања:
    106.756
    Пол:
    Женски

    меУ чекај чекај , ќе видиш како ќе мрда таму крај на 8ми почеток на 9 месец , незнам дали кај секого е различно ама мојата ќерка мислев прави гимнастика внатре, од еден крај се вртеше на друг , тоа го правеше кога лежев , па се собра целата те на лева те на десна страна и првиот пат толку се исплашив и се јавив на мајка ми во сред ноќ и рече дека нема местои затоа така си се превртува :D и кај мене беше така околу 30 недела веке не осекав скоро ништо или 1 во неделата ке мрднеше и толку. Ама затоа после беше.. :rofl:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Фала ви на сите за мислењата и советите. Корицаки во право си, мирна мирна демек, сега болат слабините од тепање. Одмарала душата вчера :lol:
    Навистина се поизразени движењата, делуваат ограничено, но повеќе се осеќаат, поточно по болно се осеќаат :$

    Сакам да ве прашам оние кои беа на часови за трудници, дали знаете од кога е пожелно да се вежба на пилатес топка???
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Добар ден мешиња, еве ме и мене тука :)
    Лекарите ми станаа дневна рутина, 3 дена по ред го гледаат, син ми сите не испаничи, и уште утре да видиме што ке кажат во ремедика и ако таму ме исплашат јас незнам што да правам. Вчера матичната па беше врвот на тортата, ми вели ако продолжат вака бубрезите да му растат на бебето, ке откажат белите дробови, и после да ти нацртам што ке биде? мм збесна, и вика како може тоа така, дај доста зборете глупости, денес пак другата докторка го гледа и вика абе неможе да откажат белите дробови, оти бубрезите се посебен случај изолиран од другите органи, и дека бебиња не умираат од поголеми бубрези, и се се изнаслушав, и ако тука не си кажам што ми е, мене инфаркт ке ме удари :x и незнам како сите имаат иста диплома, а се со различни толкувања .
     
  12. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Значи не ми се верува како можат да бидат толку дрски а пред се знаат дека разговараат со жени кои се преосетливи во моментот и плус за НИВНОТО дете.. Па не се нормални, можат малку по благо да кажат, да бидат покултурни.. Баш сабајле му кажував на мм бидејки не сум во Мкд и дека си доагам за некој ден и сакам во Систина да ја водам бременоста па дека ми ја препорачаа д-р Адамовска и дека се надевам дека ке биде културна и пред се ке знае како да комуницира зашто навистина има влијание како ке се каже нешто..
    Немој да се нервираш, иако знам дека е тешко но знаеш дека најважно е да не се нервираме пред се за нашите малечки.. Ке биде се во ред, само смирено, за да не го вознемириш и мажето во тебе.. Поздравче и пиши како си поминала утре во Ремедика.. :* :*
     
  13. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    навистина знаат овие докториве да не споулават зашто велат колку доктори толку различни мислења -свашта. немој да очајуваш пред време пробај да бидеш смирена знам дека е тешко но помисли на малото душиче дека низ него поминуваат сите твои емоции. извести не како ќе поминеш во ремедика и не заборавај не си сама не имаш нас овде. :*
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    senjorita.lombardi, не се нервирај...испаѓа лесно е да се каже. но имај надеж дека утре ќе чуеш многу убава вест. смири се до утре,зошто и мужето во тебе осеќа...затоа денес гледај некако да си го исполниш денот. па утре те чекаме со убави вести.

    п.с. од искуство со сестра ми,исто во врска со бубрези. ќе ти кажам дека од една дијагноза,за која ни велееа нема спас- а грешна дијагноза на докторката беше.така да чекај го и утрешното мислење.зошто сестра ми фала богу еве ја денеска жива и здрава е.
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    во благодарам за подршката, денес сум малку по смирена, и ке така ке пробам да бидам, оти потсвесно знам дека моето бебе е здраво, 3 дена го гледам на ехо, како си пливка си ужива, па дури гледам дека има позиција за спиење како мојата на стомак со рацете на главата :) .
    Јас регаирав малку бурно деновиве оти вестите така бурно ми ги соопштуваа и едноставно неможев да ги контролирам моите емоции, но сега веке е друга приказна, уште утре да ми даде господ сила и среќа и се да помини како што треба.
    И знаете што сванав денес, дека ми помина стравот од породување, прегеска си идам од лекар и во себе си викам подобро мене да ме боли, се што сакаат нека ми прават нека ме сечат кај сакаат веке сеедно ми е само да е живо и здраво синчето мое, за него можем до крајот на светот да одам.
    Не сакам ниедна трудница да го помини, ни да го слушни ова што мене ми го кажаа, нека што знам дека не е точно, туку премногу е шокантно. :*
     
    На love23, Mayyya и efimija.t им се допаѓа ова.
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Труднички и јас да ви се пожалама, денес си бев супер, но еве неколку часа осеќа болка во грлото и тоа надворешно некако не знам како да објаснам, кога голтам како да ми се поместува цело грло и ме боли :( , кога го допирам однадвор исто е боли, не знам зошто и од што ми е вака, денес ви вела не ми беше ама таман ништо, ама еве од пред некои 4,5 часа почна интензивно да ме боли и си велам ај ќе помине ама јок, не мине, туку како се повеќе да ме боли, не можам да голтам :tmi: :sweat: што да правам? Знаете ли некој лек да ми ја ублажи болката барем? Да не се антибиотици само.....мед помага ли? Може и ќе се разболувам којзнае, лелеее само тоа не, баш сега ли најде :( :( оффффф кажувајте лек оти ќе збеснам :worried:
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^кафена лажица шеќер, и 30капки на него од проангин капки - нешто налик на прополис
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас знам лек за грло, лажичка сода бикарбона и мед, така да се јадело, не ми е испробано, ама викаат многу помагало. Исто и прополис капки земи се, помагаат, загарантирано.
    А да, и горен шеќер со маргарин и млеко помага.

    E денес дефинитивно ја нема ни Уник. Имам приметено дека навечер ни пишува, чекав и еве ја нема :lol:
     
    Последна измена од модератор: 9 април 2017
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Tука сум ве читам постојано ама не можам да ви вратам , имам гости по дома гужви и така..
    Меу за ова мрдањево не се секирај, мене некогаш по цел ден неми мрда ама затоа некогаш си надокнадува колку силно мава.. :) :)

    Имајте убава вечер , баш е пријатно надвор за седење :) :)
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Unique ne si interesna vekje :( :)daj kazi ni nekoja novost tuu .
    Aj dobra nokj :P