И јас во 5 месеци бев многу настината и имав висока температура и ми даде докторот да пијам амоксиклав антибиотик и лекадол пиев за температурата.Пиј слободно ако и гинекологот ти рече дека можеш зашто можеш полошо да бидеш без терапија. Пиј многу супа и чај. Поздрав
фала ти срце да супа чај и лимони тоа нонстоп се надевам дека ќе пројде за брзо и докторката ми кажа дека полошо ќе си направам без терапија
УХУУУУууу ние дотуркавме и до полни 37 недели, ама помина брзооо се, во среда сум на цтг, и ме убија болкиве во кичмава дури и потечена ми е а друго се е ок, не се здебелив имам 70кг, ама болкиве ме убија посебно ноќе не се спие.Моите посебно маж ми се во паника а јас така така кога како.
Само да ти напоменам доколку пиеш антибитик, обавезно комбинирај го со Б6 витамин, затоа што антибиотиците биле мамка за кандида. Ова како совет... лимони со чај, супа, овошје, зеленчук обавезно, за да се заштитиш и себеси и витамински да бидеш задоволена. Поздрав и што поскоро оздравување...
Ми дадоа со антибиотикот и Б комплекс по 3 пати на ден незнам дали тој ќе ме заштити,се надевам знаат што ми дале малку сум подобра многу чаеви лимони,супи ама сепак не е тоа тоа ќе пројде и тоа чудо фала ти
Здраво мешиња, не немаше долго но оправдано Свадбата ни помина во најдобар ред и се испадна супер, не знам зошто но не чувствував никакви потешкотии а бев 20 недела како и да е, вчера бевме на скринингот за детални премерувања на бебушката моја и се беше во ред. Принцезата е долга 26 см а тешка 445 гр големи смееее хихихихихи а на сликичката е волшебна, цело време беше немирна боксови маваше и си играше со папочната врвца и таман да ја сликаат, оп ке се заврти . Јас се чувствувам одлично освен што малку се напињам, ме пратија дополнително да направам уринокултура бидејки на лабараторијата покажа дека имам некоја бактерија. Ме фаќа малку паника, ама се надевам се ке се реши.
јас уште од 7ми месец си ги имав спремено,па никогаш не се знае кога ќе сака да излезе бебето ти гледам си 35 недела па време е да си ги спремиш
vo posledno vreme stanuvam nepodnosliva trudnica ,a tek sme 23 nedela.Se me nervira mi smeta pocnuvajki od svekrva ,maz pa duri i deteto koe ne e krivo za nisto.Cesto menuvam raspolozenie.Nikogas neznam sto da oblecam,so sto da si go popolnam vremeto kako naednas nisto da ne me ispolnuva a ne mi bese vaka do pred nekoj den
Па почни да не те изненади како моево јас си почнав накај 35 недела и ај викам прво капчиња чорапчиња па после другото има време кога на малиот му се испаѓаше порано се породив во 36 недела и 3 дена па мајка ми ми спремаше се
Да се пријавам и јас, уште сме тука, на синко никако не му се излегува Пред една недела си имав болки, сега ни болки ништо Се што поодминуват времево се повеќе паника ме фаќа, а и преку глава ми дојде секој ден на ЦТГ па и притисокот и така Па се надевам дека побрзо ќе пишам во Се породив....
Ох мила, јас и ти ептен ја развлековме работава. Еве и јас абер си немам. Ни болки, ни контракции ни ништо. А велиш секој ден на ЦТГ одиш? Јас еднашка бев пред недела време и докторот ми кажа да појдам после цела недела повторно. Меѓувремено бебушка си ја осеќам во мене раздвижена до максимум... ваљда се си е во ред со неа, само тоа ми е најважно. И сега се прашувам како ќе се одвиваат работиве во мојот случај. Контракции немам, болки немам, крварење немам, водењакот не ми пукал, постелката зреала и плодова вода имало доволно (така ми кажа гинекологот пред 1 недела) Што следува во таков случај... претпоставувам дека штом терминот одминува потребно е да се преземе нешто, провокации??? царски рез??? што??? Оваа незивеснот веќе ме докрајчи.
Јас заради притисокот одам секој ден на ЦТГ, ми е покачен Најпрвин ќе чекаат болки да не фатат, даваат од 7-10 дена после терминот, па се надевам дека до тогаш ќе дојдат А можеби водењакот ќе ни пукне па ќе добиеме болки никогаш не се знае И кај мене е исто, плодова вода има, постелката созреана, крварења нема, и сум 1 прст отворена, Поздрав и со лесно
Барај на google maps како поликлиника Чаир. Кога се спушташ од Железара, продолжуваш право после Тедико или ако идеш од Битпазар, одма кај Тедико лево некои си 200 - 300 метри одма пак лево се гледа, се надевам ме разбра
Девојки помогајте кај мене пред 2 дена почнаа киселните,некако повеќе навечер ме фаќаат од колку преку ден што да пијам мака си имам кумата ми кажа кисела вода помагала и ориз жив по некое зрно ваше искуство??? имајте убав ден ве поздравувам
Мајки, влегов во 7ми месец и до сега немав никакви проблеми. Но од пред 3 - 4 дена поцхна преееемногу да ме боли долниот дел од кицмата, скоро над задникот, само од десната страна. Кога седам или лежам не осеќам ништо, но не можам да стапнам на десната нога. Кривам и едвај пешачам, што ми е гооолем проблем бидејки инаку бев многу раздвижена до пред болкиве. Совет? Не ми се оди по лекари пошто мислам дека смао ќе се измалтретирам....
Немате поим колку ми фали темава! Со месеци не го ни отварам форумов само затоа што тука ми беше матичната тема, маките пусти труднички. Што убаво ми беше со мешето, иако сега ми е совршено со бебето. Ми фали мешето!