Немојте луѓе со крема да се депилирате воопшто, а не во бременост. Многу лоша работа е за интима, така се имам изгорено, еден период не функционирав. А не сум нежна воопшто.
Јас пред да одам под туш у спална на раат ќе се видев на огледалото кај сум “зашумена” па на памет и на осет се бричев. Мало огледалце со тебе у туш и ќе се средиш.
Исто и кај мене.. мм ми прави фаци ќе си се помачам сама ќе си потргнам меше и кај што гледам гледам кај не гледам со рака пипкам да знам до кај сум е сега не сум како од салон излезена ама терам вака.. и за депилација и мене ми е шубе ми се има увертено у глава дека со првото ден пред пораѓај се издепилирав и утредента се породив а се депилирав тогаш цела бременост
Јас со бигче само на допир и на крај со огледало проверувам, 95% е мазна, ама мака мачам додека се средам , еднаш на сопругот озбилна му викам ти ќе ме средуваш, вика нема шанси, и ете така си се мачам сама Јас синоќа седам леле ко да ме прободе нешто позади од грб помеѓу градите горе у средина . И воздух немам не можев да си поземам, станав се радвижив седнав пак и дури тогаш убаво се издишив. Јас сум 31 недела.
Женски, вие кои се пораѓавте природно, дали можи да споделите како се снаоѓавте со дишењето? Имам читано и порано за ова а и понекогаш гледам некои видеа ама во пракса знам дека сигурно е подруго)) Што и како кај почетните а како кај големите болки? Па онака ако можи некој совет или корисно видео што баш вам ви било
Одам на тераса, земам воздух на нос а издишувам на уста. Исто така правам и кога имам болки. Така ме учеа на курс
ооо фала на прашање. Се осеќам шарено, хахах, демек смирена, се` уште неспремна бе, во психичка смисла повеќе. Се трудам да се сфатам како што, ама пак си викам малку да препуштам и на спонтаноста. Оној притисок шо си го набиваме, вака да научам така да биде, е непотребен. Зато рииилееекс. Само да сме здрави живи, со полесно да поминеме. За физички, правам цтг два-трипати неделно. Има контракции мали, не ги осеќам. Болки чат-пат имам, од вируси се плашам, и неколку дена бев залежана дома. И не можев во вц да се испразнам. Си реков дај стани, зш вака не си научена. Ама ми беше страв да не се напнувам физички, да не дојде моментот порано. Сега сум 37ма недела, според мерки една недела поназад. Ти како си? Која недела си?
Девојки јас сум веќе 36+4, некако периодов поретко го осеќам бебе да клоца и да се мести. Кај вас како е? Инаку, јас цело време се депилирам со топол или ладен восок , па така продолжив и во бременоста, раат сум по еден месец.
Mamicki pisav i vo druga tema no ovde e najaktivno...sakav da ve prasam za sovet ili iskustvo, koj doktor bi mi go preporacale za poragaj vo Remedika?
На болница ојш на цтг ? Јас до 32+6 стигнав , утре сум плодност па да видиме др што ке каже , иначе последно бев кај Кате и ми рече супер е се а јас на извештај читам дека плодов одговара на 31+3 а јас бев 32+ нели е тоа поназад ? Ептен се плашам некако мало бебулево како да е ? 1800 беше па да видиме утре колку пораснал , и да си прашам вие што стававте утрогестан до кога ви го даваа ?? Едвај чекам до 36+ да дојдам некако во сигурна зона ке сум хахаха иако ми снемува воздух уште сега а само 4кг здебелена сум ама се ке издржам , а ти не се плаши готова си и да дојде моментот нека дојде , нема паника хахаха најде кој да ти речит
Според мене, не е мало. Јас во 32ра недела, беше 1600, одговараше ко за 31ва. Е ми сигурно баш со последната менструација, не си зачнала. Затоа има простор од две недели плус минус. Јас знам дека после менструација се зачна, десетина дена сигурно. Така што, за мерките не му ја мисли многу. За цтг кај Љушевски одам, ако прашаш за пари, дека редовна му сум со години, бесплатно ми прави . Ќе истераш и ти уште, здравје само. Која е Кате? Кога те гледаше последно?
На гинекологија горе работи Катерина Попоска на смена беше дента, бев за упат па ме виде и на ехо , последно бев на 32+0 , ама си велам штом велат до ред е да не си стварам стресови без потреба , па ке видиме утре за посигурно хахаја , ајде бе ке не биде само уба мисла и немаме гајле , со лесно да ти биде па ке ме известиш до кај си шо си , те снема наеднаш па реков дан си се олеснила хахаха.
Пак јас.. Бебка овие денови послабо мрдаше. Почна навечер да мрда почесто,преку ден не. Ај добро, си има таа некоја рутина, ама па овие два дена ептен слабо мрда, а од вчера мислам дека ич ја немам осетено изедов 4 реда чоколада, тоа е премногу за мене пошто јас благо не јадам и еве чекам да мрдне сега, ама ја нема 23+2 сум