На колку време се вистинските болки? До сега ги бројам на 12 минути ми се,но не се кујзнае колку болни за 20 секунди ми поминуваат..
Далеку си Ама тргнала работата Вистинските болки пред раѓање се на пола минута, а траат минута Грубо речено, немав саат
Јас со близнаците користев кринон до 6 месец а прогестерон депо од 6 до 8 месец се боцкав на о 7 до 10 дена а претходно на 4 дена.
Па баш на цтг не ги кажуваше тогаш беше мирно Немав болки, само досадни се, се стврднува стомакот цело време, почнаа уште пред да влезам 9 ти месец, ама коа влегов 9 ти ептен се засилија, не ме оставаа на раат,а оти мислиш дека не ги осеќаш? Па тоа шо се стврднува стомакот тоа е тоа..само не се болни. Како си иначе ?
Превентивно или имаше некоја потреба. И јас сум со близнаци ивф. Во 14та недела прогестеронот ми го прекина докторот ми рече толку, си ја заврши он работата...ама некако како да ми е страв што не го примам уште, па затоа те прашувам
Па, на цтг се гледаат контракции кога посилни кога послаби. Јас очекувам со контракции и болки да ме кинат. Ко менструација демек. Сестрата вика имаш имаш болкички, така демек народски ги викале, болки т.е контракции. Добро сум, вака, уште неспремна, сакам бар уште десетина дена да почека. Сестрата со муабетот ме замислува. Ѝ викам - ама и со такви контракции можно е да терам уште? Може вели. Затоа сакав да те прашам како беше кај тебе, знам колку чести ти беа. Некогаш лесно се осеќам без болки, а некогаш ми се стврднува и поминува за некоја минута. Која недела се породи ти? 39та беше?
И јас со инвитро но кај мене беше многу низок прогестерон пред бременост ,имав и крварење во 11 недела .
Мене ми рече до 18 та недела утрогестан ,па сум на контрола кај неа да видиме што ќе каже за понатаму. Мислам дека ќе ми мери цервикс и зависи од тоа дали ќе ми ги продолжи или не. Имам една познаничка со близнаци трудна не инф.повеќе ги примаше утрогестанот,види прашај го Димитров?
Kazete nekoe resenie za tecna stolica osven jadenje banana ? puknav mi krkori cel stomak a i me boli ,mi e strav so me boli
Се мерев и ослабена сум 2кг. Сеа заради шеќеров одбегнувам благо и леб, воопшто не гладувам и сабајле се измерив ослабена сум . Ваљда на бебко не му смета?
Мислам ти пишуваше дека магнезиум пиеш наеднаш две од по 250. Мислам да не ги пиеш наеднаш, да ги распределиш 2×1. Од магнезиумот може да ти е. Консултирај се со доктор, кажи му дека имаш мака. @Butterfly1107 И кај мене вагата покажува помалку. Не внесуваш јаглехидрати како претходно и помалку се врзува вода во организмот, па затоа и вагата покажува минус. Штом бебето си се развива како што треба, мислам дека нема гајле.
Јас имам шеќер и сум ослабеана скоро 2 кг цело време мислам за бебето да не му смета,во принцип не гладувам али пазам на исхрана
Од диетата за шеќерот јас не ослабев, ама како што ставив 10 кила до 20 и некоја недела, така и се породив, не качив ни кило плус. Немојте да гладувате само. Моето бебе од кога влегов во 9 месец беше помало цело време па си тупев мозок дали е од исхраната, ама на крај испадна плацентата многу била истрошена..
Бебето си зема тоа што му е потребно, без гајле. Лебот и благото што не ги јадете нема да му фалат на бебето. Само јадете си редовни оброци и нема гајле.