Helloo трудници Јас денес на Цтг пак бев, добро беше, немаше контракции. Магнезиум ми рекоа да го прекинам, да продолжам само со железо и фолна, тука не даваат тие витамини што ги пиете вие за трудници што се. За брис прашав ми рекоа не прават не ги праќаат трудниците за брисеви, па ме праша докторката зошто да не имам некои нелагидности, некој исцедок, чешање...и реков имам бел исцедок деновиве, чешање немам сега, имав пред 2-3 месеци и тогаш ставав вагиналети и ми помина. Епа вика може и сега да имаш некоја кандида, ќе ти пишам канестен ми вика, ставај сабајле и навечер, ех викам канестен имам и дома, ставам кога ќе осетам дека ме чеша....епа добро ми вика, тоа е. И така, брзо завршив денес. Ми препиша да направам и крвна слика и мокрача, утре тоа ќе идам да направам и тоа е. Ќе чекаме сега. Наредниот четврток сум повторно на Цтг се додека не се породам 37 недела сум сега. Ајде поздрав на сите, одам да го земам син ми од школо
За проверка на крв и урина треба првата урина сабајле и на гладно или можам да си испијам едно кафе пред тоа?
Денес приметив дека имам бел слој на јазикот, и лош здив кога ќе станам од спиење. Мислам дека ми е кандида. Најверојатно од апчињата што ги пијам, дека не пијам пробиотик со нив. Е сега кажувајте чаре за кандидата, дали е опасно за бебчето.. и препорачајте ми добар пробиотик.. А и долу имам бел исцедок, ама без мирис и без чешање е. Ваљда нормално е тоа?
Исцедокот го имам цело време, кога повеќе кога помалку, бел некогаш и жолтеникав, но не кревам паника околу тоа досега не ми изреагирал доктор. Пробиотик го земам Proven за трудници, имам паковање за 30 дена од Зегин земено. Кандидата мислам дека не му пречи на бебе, секако пред пораѓај треба да се третира за да не се пренесе на бебето. Еве јас имам префатено од мајка ми, и цел живот си ја носам нормално неактивна. При пад на имунитет и зголемена конзумација на шеќер знае да се активира, но ретко е тоа.
Не е страшна кандидата, мој совет е да си се консултираш со доктор за терапија, од нас сигурно подобро знае
Идни мамички со среќа и со лесно бременостите, мене ми фали темава едвај чекам да ви се приклучам. Поздрав до сите!!!
Девојки особено вие што ке станете прв пат мамички имам неколку работи како нова мама на 1 ипол месечно бебенце да ви кажам Немојте да размислувате за порагај, ке дојде и ке пројде и престојот во болница исто. Прошле сите па и секоја една од вас бе уверувам дека се ке биде добро Ниту да се замарате за тоа што имате а што не за бебе као требало 7 пара шпикозни па 10 бенкици..... Требаат да но опуштете се ке се изненадите од лугето од кога ке се породите колку се спремно да помогнат.... Ако неможете да си дозволиге гледам и тука на форумот има мнпгу мами кои разменуваат ако немате време ле отиде некок место вас ке купи исто и ако сте на Bed rest тоа се секако работи кои ке ви требаат на почеток а со тек на време ке сватите што конкретно вам и на вашето малечко ви фали по дома па ле купите..... Она што сакав да ви кажам е шочнете да читате како да се справоте со мало бебе како да му удоволите, какп да воспоставите и одржите лактација, како да му помогнете на новороденче што има грчеви како да го смирите како да го заспиете.... Како треба да кака кога треба да одите на доктор, како да му одржувате хигиена, како правилно се бања бебе, како да го легнете да спие, како да се одржува папочната врвца и доста други работи.... Верувајте многу се поважни од моментот порагај во кој имате подршка од стручен тим с и рецимо само 20 %зависи од самите вас... За разлика од тогаш па натаму каде ке имате едно мало срце кое 102.3% итекако зависи од вас вашата спремност и интуиција.... Има мн добри БЕСПЛАТНИ предавања на разноразни теми за родителство и доење.... Па дури и да сте поради било што спречени да ги посетите можете на нет да најдете мн корисни клипови за родителство .... Ке наведам пример емисијата Телма амбуланта од 0м+ мене мн ми е корисна и сите гостувања на познати педијатри со нувните дтручни совети ви се достапни секое време нс YouTube Ова е само пример има уште милион други странски и домашни.... Немојте одма да ме напагате ова ви го кажувам најдобронамерно како нова мама, која секој ден се надоградува Убав ден мешиња **
@Rainbowbaby јас на секој преглед оставам урина,но никогаш до сега не ми била првата.Не сум во Мк и овде е таква праксата,како е правилно не знам,иако сметам првата е најконцентрирана а со тоа и меродавна.Прашај си телефонски. Здраво не кажав Денес бев на преглед,ми земаа брис за стрептокока,бебе е супер,одговара идеално на мерките,накај 2700 гр. За породување ич не се плашам нит размислувам,тоа е нешто што најмалце ме мачи,во рацете на стручен тим сум,па мое е само да соработувам. Повеќе се информирам за периодот потоа,доста читав и гледав за доење,на почеток тоа ми е приоритет. Периодов ми е баш мачно,тежи стомак,кичма,колкови,посетите во вц ми се ко пат околу светот и така.Ке се издржи уште малку. Убав ден мешки
Ајде и јас да ви се придружам. @FreeMind Ќе почнам со едно прашање: повраќал некој од мултивитамински таблети? Знам дека е нормално гадење и повраќање во првото тромесечие, ама имам приметено дека обавезно повраќам после испиена таблета. Тестирам неколку дена без таблетите, ми се гади, ама подобро ми е.
Добро дојде љубави Со лесно до крај! Мене од воздухот што го дишев ми се лошеше, а не пак мултивитамини. Овде ќе те чува моја стара постава @Happyinlove она вчера се породи денес пак е трудна, а и таман сте со недели за до крај на лакти да ја избуткате. Хепицо оваа е улава многу ако вака фина постава има на темава Ако нешто не знаеш @0ли тагни ја со нула напред има се фино да ти објасни. Нема попозитивен лик од неа прашувај што сакаш буквално и за времето надвор.
А јас како прваче седам на страна и де сега , де после ке им се пуштам за да се дружиме. Како сум упрпана со тоа што не чув на полна 6та срцева појма си немаш. А ке им влезев тука како каубоец со десна нога,не за друго дека вчера си заминав од групавано повторно хепи се усра. Затоа ич несакам бременост. Ама ајде за 2 недели здравје може ке ги бомбардирам тука На сите ви посакубам лесна бременост,кој колку може нека ужива во неа. Па и фрии да ја повлечеме
Се ќе биде во ред јас колку што знам кај 8ма недела е срцева акција. Следен пат ќе слушнеш. А јас нетрудна ќе ви ракоплескам многу боље е така
Сакам да прашам дали некоја за пораѓај била во апартман во чаир? Јас сум на ум да си земам апартман па сакам да прашам дали сте задоволни ????
Мешковци тие што се веќе при крај.. дали знаете отприлика кога ви се сврти бебе со главче надоле? Вчера бев на преглед и уште бебе е карлично и гин некако загрижен ми вика ај ми даваш надеж дека си висока па ќе се сврти до крај.. 24полна ја терам и цело време бебе е карлично.. не ме фати некоја паника ама си викам вака ако остане ќе морам царски да одам (што нели не би сакала)
Јас бев во апп нема да згрешиш, 3 дена држат тоа се 9000 ден. А за сметја на тоа може некој ид 9 до 22 да е со тебе да ти помага, што ако си царски и те како ке ти треба.... Не дека нема да завршиш работа и без апп ама подруго е и мир плус имаш. И повеке пажња само штом отидеш таму кажи дека сакаш постпородилно во апп пошто може и да нема
Мене во 29та ми се сврте и до крај беше цело време супер поставено .... Ама пак мораше царски а бев најголем поборник против