Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Тигарче пробај и со семка од маслинка, и по 1 гравче наутро на гладно, а можеш и со ладно млеко ама тоа ќе ти помогне само моментално и потоа бетер киселини ти надоаѓаат барем кај мене е така, мене најмногу ми помага кисела вода или евентуално семка од маслинка друго ништо ни ориз ни грав ни млеко, а ако имаш ептен киселини рупурут таблети макар што јас имам многу киселини ама не сум ги користела несакам со таблети иако се специјални за трудници. Наделинка навикни се со секој ден ќе имаш нови промени и нови болки, не е ништо страшно нормална болка е и јас исто осеќав во 7месец болки во кичмата бидејќи тогаш нагло почна да ми расте стомак и од самата тежина ме болеше и кога станував од кревет бев како дете што проодува додека да се размрдам ама се ќе истрпиме за нашите најмили. Сега ми поминаа тие болки ама болките од клоцањето на синко кога се оптегнува после нанкање некогаш се неподносливи, или кога ме гребе со ноктињата не се издржува ми иде на цел глас да почнам да плачам, ама среќа што ми е послушен па кога ќе му кажам дека мама ја боли тој престанува :)
     
  2. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    и јас имам киселини од поодамна неможам да заспијам навчер,спијам на две перници..ни вода кисела нити ништо не ми помага :envy: :puke: да ги прашам мамичките што спремале алиштенца за бебињата,само со прашак ги перевте и пеглавте,или и омекнувач ставате?????пооооззззззззззззз :* :* :*
     
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.445
    Пол:
    Женски
    Сите го имаме овој проблем, некоја повеќе некоја помалку. Имам и јас киселини, но кај мене ете Рупурут е спасот, шмукнувам една таблетка и организмот веднаш ми се прочистува и свежо се чувствувам. И не се воопшто штетни, баш се препорачуваат за трудници. Јас ете никогаш не би пробала во живот жив ориз или грав или не знам што, па да е крај на свет, одвратно ми е тоа. пробај купи чај, од нане и ментол има во маркетите на Кам, многу помага исто за прочистување и свежина на организмот.
     
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Сигурно бебето ти е на некој нерв на рбетот ,само од себе ќе помине
    Јас плачев мислев инвалид ќе бидам :( му плачев на маж ми...му викав кој ќе ми ги цува децата? :D
    Па помина само од себе,докторката ме убедуваше дека се е ок ,да одмарам ,дека бебето е на некој нерв и така можело да биде до самиот пораѓај
    Јас од 6 мес до 8 миот бев така
     
    На nadelinka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    :) Епа што чекаш, факај се за работа за второ :tmi: :lol:
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    И мене ми се вратија киселините како што влегов во 8ми месец, веројатно од големината на детето па веќе притиска на желудникот.
    Во првите 3 месеци најголемите мачнини и киселини ми беа навечер и само чаша ладно млеко ме спасуваше. Сега ми советуваа непечен бадем, па ќе одам денес да си купам да пробам.
     
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Не знам дали само јас вака се чувствувам, ама не ми се верува дека во мене има човече. Уште помалку дека за кратко ќе излезе. Уште не сум свесна за ситуацијава и не можам да сфатам дека тоа што го читам на форумов од вас и мене ми се случува. Гледам голем стомак, цело време мрда внатре, ама некако се навикнав на тоа и мислам дека е отсекогаш вака. И уште не ме фаќа страв за породувањето, како да не ме чека мене тоа. :tmi:
     
  8. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    601
    Леле се надевам дена нема толку да трае.... Не можам да одмарам, сакам да шетам, да пешачам, сега треба да две свадби да одам и да играм :rofl: ... Ајде побрзо нека заврши :o
     
  9. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Здраво мешиња како сте?

    Јас сум добро, еве 15 недела ја тераме.. Веќе мешко почна подобро да се познава :$ А богами и јас си се поправам :( Ама ајде нека е за добро, па после здравје ќе слабееме :) Среќа сестра ми ја премести нејзината свадба за после јануари (а требаше во декември), па ќе имам време да ослабнам :rofl:

    Пред неколку дена, два- три пати осетив како скокоткање на стомачето, а како што читав така се чувствуваат првите движења на бебето :wasntme: Срце мамино :inlove:

    А ова со мокрењето ме убива :^) Вечерно време се будам со болки во бешиката, од толку што ми се оди во веце, а пред два саати сум била :devil: И после некое време ми трпни бешиката додека се смири... Така ли е и кај вас?


    Zuto истата сум и јас, уште не можам да поверувам дека расте човече во мене.. И си викам ајде кога ќе почне да клоца ќе поверувам :)

    позравче :*
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Мене ме клоцка од 19 недела па наваму. Сега нон стоп само клоца, се превртува, ми го деформира цел стомак. Не знам ни кога спие, ни кога е будно. И пак не можам да поверувам... Еве 37ма недела ја почнувам ама баш ич не ме фаќа паника. Којзнае дали само кај мене е вака :o
     
  11. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Devojki moze li da pijam bedoksin za povrakanjeto? Mn mi se gadi, non stop :( Vcera i denes ispiv, ama mi e strav zosto ne go prasav doktorot. Po kolku moze maksimum vo denot da se ispijat? izvinete za lat.
     
  12. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Можеш да пијеш слободно пиј и јас од почетокот пијам, најмногу 5 можеш за еден ден да пијеш така мене ми рече гинекологот.
    На почетокот пиев 3 пати по едно а сега само навечер пијам две одеднаш зашто имам проблеми со спиењето.

    Поздрав,
     
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Да се надоврзам и јас за мачнините и повраќањето. Сите имаат утрински мачнини а јас целодневни :lol: Сега додуша се навистина ретки со оглед на тоа што сум 22-ра недела ;) Мене ми помагаше на почетокот по едно или две квики перече (знаете од оние квики со мечето на кесичката) или една бисквита. Ова зборам на гладно наутро. После и ова престана да ми помага ама ја открив фората што била, штом ке каснам месо било какво и на било кој начин приготвено добивам нагон за повраќање. Гинекологот ми вика мораш да јадеш па макар и да го повратиш по неколку саати. И така правам. Ако денес јадам месо, по неколку саати го повраќам, ама битно принцеззата моја добро напредува, расне и се развива.
    Ве поздравуваме мешињааааа :*
     
  14. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Па да, и јас кога јадам месо ми е ептен лошо, кога не се трпи некако. Но мојот гинеколог исто ми кажа протеини морало да внесувам, месо црвено, сирење, јајца... :puke:
     
  15. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам и јас на муабетов. И нас ни се ближи терминот уште 5-6 недели па ќе го видам синко мој. Се' уште не ме фаќа некој страв, па ќе видиме како ќе се ближи времето може ќе почнам со мала паника. :) Сега за сега сум мирна. И ние така мрдаме стомаков те планина, те рид... :lol: Горе, долу бебуш си се мести си мрда си клоца. Сега има уште мааалку место, па за недела дена откако ќе влеземе во 9 месец ќе снема место. ;) Плакарче веќе нарачавме за бебето детската ќе ја средуваме, кај и да е ќе ќе се намести креветчето за мажулето мое. Алишта купив колку-толку па да не трупам многу ќе ни донесат на повојница и само ќе се трупаат, а синко ќе расте секој месец.
    Времето си поминува, денови, месеци.... и ќе дојде денот Д. Сите викаат дека машките побрзо излегуваат, па мајкиново маже може да излезе и порано да не изненади. Утре ќе бидам 34/35 недела уффф.... со Господ напред само. Веќе одлучив и кај ќе се пораѓам дефинитивно решив за Чаир. Сакам да си земам и неколку дена одмор од работа веќе почна и мачно да ми станува да се спремам да станувам рано, а здравје и породилно ќе отвориме уште малку.
    Сега во 36 недела сум на последен преглед кај гинекологот ќе ми земаат брис за стрептокока, па дај Боже да биде се во ред. А после тоа почнуваме и со цтг. :)
    Се брои ситно, ситнооо, ситнооооо..... ајде со лесно на сите.
    Идни мами, мешиња поискусни над 30 недела, вие како сте? Еве веќе читам како и јас така и zuto се спремаме полека, а вие?
    Поздрав. :* :hai: :inlove: :hug:
     
    На LaDyDoLl и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  16. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    блазесиви мене веќе почна да ме фаќа паника од породувањето, во еден момент само посакувам што побрзо да ми помине времето и да си се породам да си го држам побргу синко во прегратки, а веќе во друг момент си викам нека не брза сеуште ми е рано ме фаќа паника и се чувствувам психички неспремна. Вчера бев кај една пријателка што се породи пред 2месеца па ме смири малку и ми објасни детално се што не ми беше јасно. Со господ напред нека не чува и мене и синко се нека помине во најдобар ред па кога ќе го држам во раце на се што сум поминала ќе заборавам. Ви посакувам на сите лесен пораѓај и да уживаме во последниве денови од бременоста бидејќи потоа ќе ни фалат
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.445
    Пол:
    Женски
    Тука сме и ние, денес 27ма недела ја ситнеме :). Што знам, не сум под некаков стрес, од почетокот така се чувствував, па блискиве во мојата околина често ме зезаат дали јас знам дека сум бремена, стомакот мене почна на почетокот на 6ти месец дами се познава, до тогаш немав ништо, сега се познава да, бебушка мрда ли мрда а мама и тато само и се радуваат.Сум во еуфорија, но ете, јас немам купено воопшто ништо до сега за бебуш, мислам дека тоа ќе го средам и во една недела, затоа не брзам.
    Не знам зошто, но јас, сите проблеми во бременоста ги поминав со лесно барем до сега, опуштена сум, мислам само позитивно, единствен проблем ми е кичмата(со која имам долгогодишни проблеми) ме боли долниот дел на рбетот, последниот пршлен,нозе се здрвуваат, боли, но не подлегнувам на болките, упорна сум и движам, само да се ублажат бар малку.
    Се на се, благодарна сум што сум благословена од Бог, што до сега се се одвива во најдобар ред, и на сите девојки им посакувам да имаат бременост како мојава.
     
    На Domakica и soncogletka им се допаѓа ова.
  18. bruno.com

    bruno.com Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2014
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Мамички 18та недела сум и уште го немам осетено мрдањето на бебчето :( од која недела почнува да мрдна
     
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Индивидуално е, секој различно ќе ти каже. Јас убаво го сетив во 19 недела.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    Кога бев бремена на 18 неедела се чуствуваше мало мрдање али не бев сигурна дали е тоа тоа,накај 20недела веке се знаеше дека тоа е тоа :inlove: