Ехе, можеш да издржиш до 42 недела со такви Јас се породив 39 + 4,со провокација, не го чекав природно да почне процесот, ама ако го чекав ќе беше кај и да е,многу беа чести кај мене, скоро по цел ден, кога си играв со малата на земја, и коа требаше да станам, едвај едвај станував.Кога ми ја ставија провокацијата ( 17:30) такви ми беа "болките " до скоро 21:00 , докторката вика, болкиве одат до плафон, сеќаваш ли? Не и викам, слаби менструални болки, со првото со овие болки викам чаршавот го јадев и после 21:00 почнаа да се засилуваат, и да.стануваат болни. Во 22:55 се породив, овој пат само околу 2 саати си трпев болки. Така шо, не мора да те болат, само ќе ти се сврднува стомакот. Опушти се, не мисли на тоа. Кога ќе дојде добре дојде Само ти посакувам ао лесно и со добра мисла
Жени какво е чувството на прво мрдање на бебињата? 18 та сум, денес бев на мерење цервикс и предвремен втор скрининиг ( поради лошо искуство со пренаталниот тест ) среќа се што искочи океј, ако не ме мрзи ќе раскажам детали во групата пренатални/неинвазивни тестови. Незнам дали може да е нешто последица од вагиналната сонда ( грлото си беше во ред ) или се бебињата? Но доктотот ми рече ќе ги осетам покасно бидејќи двете постелки се на преден ѕид, па затоа сум умислена.... Чувствувам како "вриење" во долниот дел на стомакот ( ептен доле ). На 10тина 15 минути и трае по пола минута. Буквално како вода што врие на шпорет
Девојки цела вечер имам ненормални гасови, ај кај ги испуштам ама и во меше ко меури да ми пукаат. Сакав да ве прашам дали покрај се ова сте имале болка ко јајници да ве болат, осеќам како некој да ме пресекол доле. Од се ме фаќа паника и не знам што е нормално,што не. Може па и сум се преладила инаку бебче си мрда интензивно и го осеќам убаво.
Од гасовите е не се секирај. И мене ми се случи во второ тромесечие како некој со нож да ме боди, неможев да се мрднам од болки. Пробај чај напиј се ќе ти се смири.
Мене така во бременост во трето тромесечие ми пукаше,откако се породив после 2 месеци поинтензивно и кругови црвени околу уста,како ајвар да сум јадела Бев на дерматолог,не кажа што е,праша дали и мајка ми имала во бременост и ми даде крема на Биодерма Сензибио дс (или сд). За 2-3недели помина,останаа флеките,сега друга крема за флеки ми даде. Не помогна ни невен ,ни лабело,ни павловичева. Јас ја користам и покрај тоа што дојам. И јас мислев дека од витамините ми беше,па ги прекинав и беше исто,да не речам бетер. Па кога ми се подсмири малце лошењето пак ги продолжив. Ќе помине,трпение и многу течности Мене патронажната баш тоа ми нагласи,немој ако не планираш одма второ бебе ,ако не ти дојде одма менструација да мислиш дека не можеш да забремениш.
Подобро да не отидев на последниов преглед кај матичната, сега сум во постојани мисли. Бебето со мерки во ред, плодова вода лесно покачена(дијабет тип 2 имам), па нешто како бебето чудно било наместено а цело време си е активно, па цервиксот коа го измери должината супер, скоро 4 см и на крај ми вика малку проширено било грлото. И се така набрзинка како со сила гледање и зборење, претходниот пат беше брза ама по темелна. Сега морам да закажам во Ремедика пак, не ми беше во план на приватно, мислев матичната ќе ми го направи кардиоваскуларниот скрининг ама после ова ќе морам. Инаку сум 31 недела и како напредува бременоста се потешко ми е со килата. Мислев дека кога ќе се оптегне стомакот и мускулите ќе дојдат на свое место, органите ќе се вратат ама уште го осеќам желудникот подуван и како сите црева и гасови да се на исто место горе кај желудникот. Размислувам дали да одам на царски поради килата и дијабетот, ќе треба пак преку врски.
Mamicki kakvi i na koj nacin se pravat pregledite od 36nedela pa natamu? Dali se vaginalni ili odozgora na mese se gleda...prethodno na forumov imav citano za nekakvi pregledi so raka, kakvi se tie pregledi i koga se pravat? Znam deka 35-36nedela se zemaat brisevi i od 36nedela se pocnuva so ctg...No me interesira kakvi i dali se pravat vaginalni pregledi? Momentalno sum 34nedela pa me zanima sto me ocekuva ponatamu
Kaj mene vo 29 nedela pocnaa so ctg i od togas sekoi 2 nedeli mi pravat Jas sum 33+5 Pregled so raka uste ne sum imala Vo 36 nedela treba da se prijavam vo bolnica i valjda tamu ke prodolzat, uste ne znam
@monka_bonbonka на последен преглед во 17та одма прашав дали му се нозете доле десно, нели ви кажувам одамна го осеќам како мрда, ама веќе на некои потези и мешето ми подрипнува минимално. Испадна така баш. Главче према меше (папок) а нозете десно му беа доле у јајник ме клоцаше. Во 18та недела се изврти и сега добивам ќутек у лев јајник. Ептен е непријатно да ти кажам, боље помалце што осеќаш, оти не е баш убаво на некои потези што ги прави џамбазов мој. Инаку тоа е, кај јајниците маваат сега уште, така да и тоа малце што го осеќаш е тоа. Друго сакав да ви кажам не се воздржувајте од гасови, испуштајте ги ( грубо кажано прдете си ) оти мн боли меше ако задржувате. Ја бев поголема у трети месец нехо сега со стомак од нив. Како се испразнија , се смири се.
Добро утро! Синоќа бев на депилација, аууу која болка беше луѓе јас прв пат у живот такво нешто да доживеам Нозете не, ама интимата дека цела ме депилираше лелелеле ненормално ме болеше, па таа глупавата што ме депилираше ми вика орв пат волку многу трудна да депилира, демек во побапредна бременост па се плашеше да не ме боли па полека па се трткаше па восокот не и чинеше ауууу 2 саата ме мачеше, се препотив, бебе се вртеше толку многу што дури чудно ми стана, го гледаше и она стомакот ридови се правеше, вика лелее колку мрда се гледа, викам па осеќа како ме боли и ме мачиш тука па и оно реагира, аа аа вика стварно ли, епа стварно, 2 саата не престана да рита да клоца на зекое мое тегнење и офкање и стегање ..... не знам како издржав ама и викам прв и последен пат доаѓам кај вас, воопшто не ми се допадна ова, а таа извинете навистина и мене прв пат ми се случува ова да не можам да се сконцентрирам и да не ми се суши восокот не знсм ни јас зошто вака денес, бла бла бла, толку многу се изнервирав, целата бев со восок па дона саат време се туширав се стругав да испаднат тие глупости па се мачкав со кокосово масло цела....ауууу сега ме болат и нозе и интима и газ не можам да мрдам Ај да станам да спремам дете за школо па да го будам. Убав ден на останатите
Пу пу Терајте со лесно до крај од оваа тема испаѓаат најубавите форумски пријателства. Сега еден убавец или убавица ќе роди @PurpleMind доста ми праќаше слики што се не испила додека бев бремена. Дојде време за одмазда Што сме сите мајндови како договорени. Ај повраќај си да не ти сметам во прво тромесечие
@LadyC Знам дека ников ми е за никаде, не знам како сум можела ваков да го направам. Отсекогаш сум мразела кога бројки се ставаат наместо букви. Онака правев јузер и не ми беше важно кој ќе е, само сакав да се вклучам на форумов во Поддршка кога почнавме со обиди за бебе. Прво си реков Нули ќе ме викаат, но ете испадна Оли @Veki4kaa За тоа ли ќе се нервираш сега? Бидалче едно. А бе и во помала соба да сум, само да сме си тројцата заедно. Креветчето дали ќе е до креветот кај тебе, до прозор, до ѕид, што е важно? За брзо ќе си ја гушкате малата, не се замарај со небитни работи, распоредот во собата ич не е важен. Нормално е да пресекува стомак од гасови. Баш на преглед бев кога ме стегна стомак и докторката ме гледаше, сè беше во ред. Пораснало пилето, 1430 гр, околу 33 цм долг, плодова вода тамам, постелка супер, цервикс нешто околу 4,3 ми спомна, грло затворено. Денес 28+4 Јас сум +3 кг. Се зачудив кога рече дека во моментот долу со боксови ме мава, не беше баш слабо мавањето, а јас мислев шутира со нозе. Набил дечкото мускули од протеиниве што ги јадам
Ма Ова дека се 2 и дека се уште мали реално се вртат имаат место, си шетаат а и вчера грло кога ми мереа др ми вика па како нема да те боли и да мокриш на саат време машкиот близнак со главата директно во бешиката удира оххх само да ни се живи и здрави, друго ќе истрпиме. Ме интересираше за ова вчера што го осетив дали се они, уште неможам да бидам сигурна дали се они. Пошто не чувствував во горниот дел од стомакот ништо, чудно како внатрешно скроз скроз доле ... ќе си почекам уште некој ден/недела па ќе се уверам се надевам само дека не беше некој притисок од вагиналната сонда. Иначе стомачево наеднаш ми порасна последнава недела а и попраена сум несакам ни на вага да се качам. Пред 2 недели 6 -7 кила бев поправена од 5тта недела па навака морам да превземам нешто
@monka_bonbonka Пред да осетам удар во 19+3, како некое кркорење на црева осеќав по малку и како мравки на кожата. Врска немав дали е бебето или не, само ударот ми беше сигурен знак дека е баш тоа. И мене постелка ми е на преден ѕид. Кај и да е сигурна ќе си дека се тие, допрва ќе маваат силно
@0ли ич не ти е лош никот, ја само Бебуле не научив да ја тагнувам. Тие срценцата ептен не знам да ги најдам... @Kallias2 депилирам трудници до крај, до 42ра ако им треба, значи не е ама баш ич страшно, таа вежбала на тебе човече, те истормозила... Башка и сушел восокот? Со што те депилираше? Топол? Баш ми е жал мила, си се измрцварила ептен... @monka_bonbonka кај и да е ќе осетиш милааа , нема кај да бегаат. Еее после ќе викаш борба у меше. Сликни се меше да видиме.
@LadyC На Бубале да не мислиш? Таа има срциња. Јас утре сум на депилација, едвај чекам да се средам. И бремена се депилирам, сум немала болки, нормално ми било како и претходно. Којзнае што и' правела таа на @Kallias2
@LadyC ме изнасмеа дека ја промаши темата па и нотификација ми стигна. Си реков кога отидов накај 40 Како вампир сум станата од 5ипол нели во вц бев и сега ќе чмаам до 9 па во 9 ќе заспијам и до 11 ќе спијам . Е тоа го правам во последно време, пошто на боледување сум. Ти жено одиш на работа така? Ќе пуштам слика после @0ли знаммм дека после ќе биде интересно кога ќе почнат 2те да клоцаат леле леле.... ќе ги осетам вистински значи кај и да е. Иначе од прва знаев дека си со 0 не со О те провалив и не ми беше тешка за тагкако лета времево машала 29та тераш пу пу мене далеку ми се чини, ама се тешам сега ќе затопли повеќе во движење и побрзо ќе ни помине времето...
Само ја можам да спијам и да тапкам. Се испогрешив @monka_bonbonka и тема и Бубале @0ли ме примети... Ај да спремам дете за у градинка. Бтв имав некои лајкови таму, очигледно сум стиснала несвесно, коа гледам една цуца од таа тема коментира, ееее викам, да не е и @M&M трудна ? ( извини мила, побркав теми, малце те закачкам сабајлево.
Лелее, за килажава не зборувај . До 12 недела имав ставено само 1кг. Сега од 12 недела наваму, за еден месец +3 кг .
Ќути ќути, ненормална работа. Со топол восок интимата ама тоа беше пекол, не ми е прв пат да се депилирам и така никогаш не ме депилирале, ја путак колку год имаш ми вика 20 и викам имаш искуство, да, да ми вика втора година работам тука, ај нозете ок, брзо ги помина со ролета ама интиматаааа, вика се трудам на мали делови оти ќе те боли многу ако ставам повеќе восок плус внатре кај усните многу боли, е знсм и викам зар не знам, она со раце го вадеше восокот, нели треба со стапчето од една страна и да го потегне за да излезе восокот?? И го кажав тоа ми вика, не, ние вака со рака го вадиме, затоа ме болеше оти ме штипеше кога го вадеше.. Абе лудило, што да ти кажувам. Сега се симнав со една другарка на кафе, не можам да одам, ме боли цело тело како да сум вежбала цел ден на теретана