Прва бременост ми е, ама сум слушнала дека раната боли одпосле, неможеле ни да се насмеат. Инаку од каде да знам, викаат и дека што и да се дешава се се заборава за секунда.
Јас искрено не се плашам ич од царскиот само спиналната ми е мака хаха не сум искусила ама језивко ми е.. а и природно да се породиш раната пак боли така да дали царски или природно пак имаш болки
Јас ја земам од бугарија метилираната,3 лентички се во пакетче и се околу 13 лева.Ептен сум задоволна
И ти и @NNK19 еве јас ќе ви кажам. Болеше првиот и вториот ден, од втор станав , од трет ко нова. И да те шијат природно ќе не можеш да задник да седнеш. Исто ти е. Не е страшно ни спинал, ни кичма ме боли, не осеќам ама баш ништо и после три години, и преубаво поминав. Не се плашете, јас искрено поисплашена сум од природен . Подмочување, хемороиди, пукање, болки ептен док се отвориш... Се си има предности и маани... Едно е најбитно - се се заборава кога ќе го земеш срценцето во раце.
Е вака е веќе подруго, кога некој ќе ти раскаже убаво искуство. Веќе и јас нема да се плашам дали ќе се сврти или нема да се сврти, како си сака така, тоа мора некако да си излезе
Јас во зортот кога ми рекоа да го дохранувам побарав Авент стакло ама немаше па земав на Чико стакло убаво е па после земав уште едно за цодичка чајче... ама мали го тушна и се скрши Па земав на томи пластично. А џуце имаме имавме на нук па на Томи кај мене секаква цуцла факаше
Здраво девојки,ние сме добри лежиме во болница сеуште,дека царски. Ми дојде млекото вчера ама ова беше баш млеко млеко,како иде дунав И градиве ми се тврди многу, а малиот си цица незнам зошто вака многу ме болат,сестриве ме стискаат и ставав топли облоги и гледам почесто на цице па се надевам ќе се оправат,сеа дека наагло надојде па така ми се стврднаа.. Многу ми е страв од тој маститис,прашав за пумпа ама викаат ако пумпаш уште повеќе ќе ти надојде и ај баталив.. Царскиов болел богами..ама од денес се живее некако
Кој ден ти е денес? Мене на трети така ми дојде ко тебе нагло, кога станав и се видов колкави ми се градите бев као WOOOW! Ќе треба некое време да се воспостави лактација, нормално е така од почеток да ги осеќаш.
Само што зборевме за царски, декс мслку ми е страв Сеуште незнам ни како ќе се пораѓам, ама дека бебе е карлично мора да сум психички спремна на се. Честитки и уживајте со малиот Каде се породи?
Јас природно се породив па толку многу испукав па накрај саат ипол ме шиеја . Па после недела дена неможев да седнам како што треба , па неможев да се наместам да дојдам од болки. Така да и природниот и царскиот си имаат свои предности и слабости и сите ние различно поминуваме. Како и да е потребно е да се ослободиш од паника па како ќе биде во моментот така ,
@LadyC па денес 4ти иначе од вчера сум како топки од бетон да ми обесиле,баш како тебе бев вауууу,спавачата мокра неможев да се начудам,се надрвам вака ке продолжи да има само да се оправи болкава.. @strelkata многу отидов лабава на пораѓај,маж ми беше попотресен од мене,го доживеав моментот баш свесно и смирено и солзи од радост ми течеа сами,си зборев со докторот и во позадина имаше музика,па се сликавме. Се заборава се верувај,секоја болка,а тој момент кога ќе го извадат и ќе ти го дадат да го гушнеш тоа е за цел живот.. Боката ќе помине тешко е ама поминува и се заботава ич не мисли на неа.. иначе во ремедика се породив
Се сложувам и за природниот и за царскиот, секое од овие 2 пораѓаја си има свои предности и маани. Јас имам 2 природни пораѓаја и не е ни малку НЕболно искрено, не можев да одам цела недела после тоа, особено тие 2-3 дена во болница бев за никаде и половина ме болеше и рана долу од шиењето, ни да седам ни да одам можев. Со зорт станував од кревет за до вц да идам, а камоли да земам бебе и да го облакам.... И сега здравје на природен ќе одам, ако не дај Боже нешто буде па ќе треба царски, ама како треба нека биде, само да се заврши се како што треба, тоа не е воопшто битно, здрави и живи да сме и јас и бебе па останатото ќе си дојде само по себе.
Па да де тоа викам и јас мене две недели ме болеше раната и не можев убаво да седам се на страна искривена седев Туку мене утеши ме за спиналната од друго гајле немам
Не ме болеше спиналот , само топлина осетив од половина надоле и ништо не осеќав, плус нема да си со царски, рано ти е ќе се сврти бебушка. Јас пример овој пат напоменав дека сакам бебуш да е царски. Не ни сакам да пробам природно, оооо ноооу тејнкс... Страв ми е.
Zdravo ❤ Kako mi se blizi terminot stanuvam se po nestrpliva...imam prasanje dali znae nekoj kako sto moze da se dogovori carski za koj den saka semejstvoto dali moze i za priroden poragjaj da se napravi takvo nesto vo privatnite bolnici?
Мене сеуште ми е рано за порагај,но сепак размислувам и сакам царски но ме плаши анестезијата дали ке ми ја погодат успешно.Пред две год кога ме правеа хистероскопија едно 30тина пати ме изнабоцкаа решето ме направија и не успеа да ми ја аплицират спиналната па мораа на крај да ме успијат,а од целосна ми е најмногууу страв И сеуште не ми е јасно дали беше до анестезиологот или едноставно до мојот организам што не ја прифати анестезијата. Се плашам и за царски да не минам низ исто и на крај да ме успијат.А за природно не сакам не ми е страв од опоравување,туку ми е страв бидејку сум со дијабет и покачен крвен притисок,па се плашам да не биде голем напор природниот порагај за организмот. Како што ми одминуваат неделите така се повеќе си правам лоши сценарија во глава. Се извинувам на долгиот пост и простете што ве малтретирам
Ич никого не малтретираш мила... Искрено јас пред да се породам првиот пат бев до смрт преплашена... Три пати ме боцнаа, па третиот пат фати дури спиналот... Нормални се секакви стравови мила... Кај сите нас. Јас само се правам силна, иста ќе сум при крај, иако имам веќе родено... Никому не е лесно... Сите си знаеме како ни е... Направи си муабет со неколку доктори ако можеш , консултирај се која опција ти е најдобра... Најубаво доктор ќе знае...
Да да така е од наредната контрола ќе разговарам прво со матичниот,па потоа и ќе отидам со неколку Др кои порагаат ќе се консултирам и која како најдобра опција ќе ми ја предложат така ќе направам.На се сум спремна само да помине се во најдобар ред,да си го гушнам тоа мало човече па после се ќе се заборави.
Јас со првото природно, ме сечеа, ме шиеја, не можев на газот да си седнам две недели, со второто исто така природно, ама колку лесно поминав фала му на бога (и на акушерката ) не ме сечеа, малце испукав, еден конец ми ставија, од наредната ден како нова. Немав никаква болка, можев и да трчам ако сакав, така шо, ако поминеш лесно на природен, немаш гајле после, ни болка ни бутур Мила, те молам послушај ме, побарај си пумпа и одмолзи се веднаш, ако не ти ја даваат оди во вц и под топол туш одмолзувај се, никако не ѓи оставај градите така полни. Се што те интересира пиши ми ќе ти кажам ,ама едно имај на ум, имаш голема количина на млекце, бебето нема шанси цело да ја исцица. Еве ти совет, ако само шо цицало, а тебе другата града ти е преполна, ќе мораш да одмолзиш малце, затоа што нареден подој на тоа дете може да му биде од 2 саати па нагоре. На толку полна града не е заебанција, да..колку повеќе молзиш толку повеќе млеко ќе ствара градата, меѓутоа мораш да се олесниш мила. Тврди болни гради, со грутки ..знак е дека бебе треба да те исцица по брзо, а ако не..мора да се одмолзиш. Така шо..прво под топол туш и на пумпа, а ако не ти даваат пумпа одмолзуј се под туш..верувај ми, за твое добро го пишувам ова мила Едит:лактацијата се средува за 2-3 недели, бебе и да ти виси на цице сега цело време и да цица ,тоа е многу за него млеко, оно цица колку му е доста, ако те исцица цела ќе повраќа во млазеви.
Трудници мили..ве молам ама ве молам повеќе да се информирате околу доењето. Не е само стави го на града и готово, седнете и прочитајте се што интернетот нуди околу тоа. Најдобронамерен совет..