Природен не може да се договори затоа што не знаеш кога ќе те фатат болки, едино да идеш со провокација на договорено пример ама и тоа се следи па ти предлагаат докторите. Едно е за царски, друго за природно, нема врска каде ќе се пораѓаш, дали државно дали приватна болница, така барем јас мислам па сега нека ме иаправат тие што знаат.
Ma posledniot pa,dvapati se vrati da me sie,neznaese od kade tece krv,ne da boli ne e udobno ednostavno. Tvoeto telo veke ne e tvoe sekako deka mora da te sostavat. Se pominuva i se zaborava...bebuskite samo zdravi zivi nis drugooo
Јас царски со близнаци 5 дена во болница ,дома од прв ден со нив ,раната боли кога ќе се наведнеш или свиткаш ама не е некоја голема болка.
Исто, 4 ноќи 5тиот ден ме пуштија дома, а сум слушала се жалеле од царски. Не е дека се цвета, исто како и со природниот пород. Ама мислам дека без оглед што е оперативен зафат царскиот е олеснителен за нас жените. Мене ме кљукаа со кетонали и немав болки во болница ич, а додека си отидов дома веќе бев како нова. Само што уште две недели ми беше шубе да спијам на стомак тоа памтам. Ќе видиме вториов пат како ќе е. Чек чек, ти имаш близнаци и сега трето чекаш? Мајкаааа која храброст ејјјј!
Цел ден имам менструални болки (со прекини) и траат некаде 10 тина мин. Порано пиев апчиња кога до овој степен болеше. Не знам колку е нормално. Се се плашам да не ми потече крв. И плус стомак од време на време ме заболува. Како некој со иглички да ме боцка.
Зошто се плашиш од целосна анестезија? Мене докторот првиот преглед ми рече ќе пробаме природно па ако не одиме со царски. А јас со близнаци, плус дијабет и страв ме фати. И наредна недела во 38 недела на контрола, цтг поради неудобност на тврдиот кревет беше хаос, итно ме остави на патолошка во петок, па си отиде од дежурство, дојде во недела и ме породи во понеделник пред да си оди. Не ми ни спомнаа спинална, директива општа. Најдобро е со општа, маната е што нема да го видиш одма бебето, туку најчесто наредниот ден. Јас од операцијата не се плашам, "раната" ми беше само бела линија, а ја прво мислев којзнае колку сум искасапена и имам крвава рана. Болки имаше, но постојано си под лекови, наредниот ден станав, ме болеше ама си ги видов бебињата па на се заборавив. Јас единствено сум ужасната од нехуманиот персонал, чест на ретки исклучоци. Сега ако успеам да го остварам истиот контакт, пак би одела царски. Кога се будиш од општа анестезија, како да се будиш од долг и длабок сон мене ми течеа солзи. Бидејќи немав абер од отварање, ниту имав болки, подобро што не одев да се мачам природно. Па и ако распукав да ме шијат свесна. Не знам кој спомна дека не си смеел да се насмееш после царски, зошто да не? Јас баш пред докторот се закашлав и се обидов да се воздржам па он се зачуди, ми вика кашлај слободно. Плус и третата вечер двете ги носев во раце, барав сестра да ми даде боди ми го измоча малава а двете плачеа, јас прв пат мајка мислев којзнае што им е а тоа изгледа рутински само. Сега малиов акробации изведува, со две се осеќа, се движат ама немаа таква комоција како дечково сега сам, цел стомак негов. Близнаците последните недели гревчиња не можеа да се превртат.
Тебе ти е второ шо се плашиш Посебно на второтки ништо не им кажуваат, ама можеш да прашаш тие секако немаат родилки ќе ти кажат, е сеа колку појма немам. Ама шо и да те интересира пиши шо знам ќе ти кажам
А па за првото се дупнаа од кажување, сите викаат кој ги знае што. Се е тоа исфрустрирано, ама ми е гајле ја по мое кој ги шиша...[/QUOTE]
Дали овие стврднувања на стомакот се контракции? На моменти проследени со јака болка од неколку секунди. Инаку од утре сум 35та недела, а дури за 2 недели имам контрола и треба брисеви да ми зимаат. И сега се мислам порано да презакажам.
Какви гасови? Прашувам зошто и јас последнава недела имам многу гасови. И едвај ги држам, некогаш ги испуштам не можам да се контролирам.. Баш сакав да пишам за тоа да прашам дали е нормално инаку јас сум 27+3 ..
Pak jas Se izbanjav i posle 1 saat primetiv na bradavicite nesto kako prvut previse kako da se lupe ne znam kako da objasnam i mnogu me cesaat Pupkite mi se odamna cudni i raspukani no eve sega prv pat taka okolu niv Ne znam od sto e ni zosto na internet nisto ne mozam da najdam. Prslok veke nekolku meseci ne sum nosela
[/QUOTE] Има една таму, од мајка родена, само не знам како се вика, сигурно ќе ја начекаш, таа се грижи за бебињата, може ќе ти каже, до душа 3 жени се вкупно, една држи една смена, друга друга смена, ама само таа е најфина , и ако ја прашаш ќе ти објасни се.
И моите беа така како да течело нешто па се засушило, како распукани личеа. Земав со вазелин намачкав и со нежни кружни движења на брадавиците излезе тоа, како лушпи.
Тоа е колострум, жолтеникава течност, поздрава и од самото млеко. Првата недела по породување ќе ви тече такво и постепено ќе премине во млеко. И мене ми течеше пред една недела, дека беше топло мислев дека се потам ама нежно ја притиснав брадавицата и потече веднаш. Јас ништо не мачкам, не сакам да ставам хемикалии. Може само кантарионово масло.
Да да, тоа е тоа, пред некој ден што пишав дека ми потече нешто прозирно, колострумот е, ама веќе не ги пипкам. А да, како да се лупело нешто па затоа ги чепкав да видам зошто е така и малку само што ги стиснав одма потече тоа ко водичка
Исто, баш тоа што пишав некни, ги видов така чудни пупките како да се лупело нешто и ги прочепкав и само што ги стиснав потече како водичка прозирно и одма пишав тука да прашам дали е тоа колострум и се израдував. Инаку во другите 2 бремености немав ништо такво дури ги проверував намерно ама ништо не излаваше.
Сестра ми е 23 недела и ја фати грипот. 2-3 дена има температура, почнува од 37 тера до 38.4, прават се за да не дозволат да отиде погоре (туширање, облоги со ракија, со свинска маст, со свашта, пие парацетамоли, медови, сокови, супи), и дадоа амоксиклав... Претпоставувам дека денес или утре ќе почне да се стабилизира, но се плашам не дај Боже од последици за бебето од температурата, вирусот, парацетамоли на 6 саати, 2 пати и по пола аналгин зашто повраќаше од главоболки. Ве молам кажете ми дека некоја од вас или некоја што ја познавате поминала грип со температури во бременост и се се завршило добро, за мајка и посебно за бебе. Помала сестричка ми е, многу сум исплашена
Сега не сум дошла до Амоксиклав оти не ми давале, а 100 пати се разболев у тоа во прво тромесечие. Нема ништо да им биде, не се секирај, подобро антибиотик, ќе се среди температурата, ја 38.5 задњо имав со грозници и освен парацетамол не ми дадоа др ништо. Ама затоа првата бременост ја започнав со Амоксиклав без да знам дека сум трудна. Се ќе биде во ред.