Мешиња отворив нова тема! Соба за бебе - уредување и декорација. Кога ќе имате време ѕирнете и споделете некој совет. Секое искуство, совет се добро дојдени!
Мојава не ги наплаќа сега на бремени. За димерите барај преглед кај др Јани Ангеловски на трансфузија и одма клексани. Да не знае некој каде тестираат за корона треба да се оди некаде или дома доаѓаат?
Јави се на ало докторе , дома праќаат. Не ми текнуваат други броеви имаа оставено,ама и ало докторе исто е еден од тие. (02 / 15 123)
Dali nekoja od vas ima iskustvo so tabletite heferol ,kako se zemaat najdobro i koga ? Citam upatstvo najdobro na prazen zeludnik ama stvarale tegobi , ako gi ispijam koga sum najadena da ne nemaat dejstvo pa da e za dzabe pienjeto
Јас да се породам и ја менувам веднаш, уште еднаш ми се потврди тоа кај префалени јагоди не оди со големи крошни. Мислам дека доаѓаат дома на интернет има телефони каде можеш да се јавиш и на тоа Ало докторе
Феминки, мене ми е рано за во оваа тема да пишувам, само што ја почнав шеста недела, но ваше мислење ми треба како поискусни. Јас денес бев на преглед, има ембрион, во ред е до сега. Примив инекции Клексан и Прогестерон Депо. Ставам и Утрогестан. Е сега во однос на витамините. Земам Прегназон и Тифол. Докторот уште минатата недела ми напиша метил фолат, ама јас веќе пиев Тифол. Ми рече кога ќе ги допијам Тифолот да земам метил фолат. Дали тоа значи дека Тифол немаат никаков ефект и џабе ги пијам? А сега во овој стадиум фолна ми е многу важна. Јас имам уште неколку Тифол па ќе купам метил фолат ама валда не ги пиев до сега џабе.
Може да си земеш ти метилирана и да почнеш да пиеш, а ако сакаш да ги допиеш и Тифолот, на неколку дена земај по едно и така ќе го потрошиш.
Прв пат ја слушам поговоркава и ми се свиѓа. Јас како тебе сум, не идам кај луѓе што се форсаат никогаш. Многу арно не е на арно и ми се докажало тоа. @Vojdana прво , не знам дали ти е правилно име или само ник, ама преубаво е Војдана. Не е рано. Јас така им се убацувам двапати. У 6та недела (ако не и порано) и им сметам тука до крај. Welcome и со лесно мила.
И матичните ли наплатуваат преглед? Јас бременоста на приватно ја водам, кај матичен мажот ми оди само за упати и потписи за клексан. Ми се жали мажот ми дека докторот постојано му префрла зошто не одам на прегледи. Изгледа дека се наплатува ехото .
Секаде го наплаќаат особено ако те фатат во рана бременост ауу маста ја вадат, кај мојата е 300 денари ехо и бидејќи бев доста покасно останата бремена три пати во неделата бев 900 денари си платив и на крај ме прати на гак гак за бета да испитам и кога и се вратив со резултатите ме водеше како ектопична бременост (одлична дијагноза) кога отидов во систина испадна дека се си е во ред а битно они ќе те исцедат додека можат мизерија се...А зимаат по 60 денари од пациент,а замислете по колку пациенти имаат...едноставно мизерно е
Мене мојата матична од ко останав бремена ниту еднаш ми нема земено пари, ниту за ехо, ниту за упати, консултации, од старт ми кажа дека трудници ништо не плаќаат
Браво за твојата си се држи до правата на трудниците ретки се тие сите гледаат повеќе пари да ти земат
Те исплашила со дијагнозата. Добро е што се било во ред. И пак на приватен треба да се оди, за да ни биде мирна главата. И мене ми е страв матичен да не ми каже нешто, да ме исплаши, апаратурата им е стара, а и немаат некое знаење. А и зошто пак да одам на дупли прегледи ? Мажот ми вика да му дал пари, како да направил ехо преглед, само да не му мрчи и префрла. А што викаш они и така земаат од секој пациент пари од фондот. За трудници, мислам дека зимат дупло.
Како така наплатуваат? Јас до сега ништо не сум платила кај матичен,ниту ехо,брисеви дури и првиот скрининг ми го правеше матичниот ни денар не ми зеде.
Е мојава кога одам за пап само 60 денари наплаќа, а до брисеви не сум стигната за едно две недели ќе видам баш дали ќе ми земе пари...а за скрининг не би отишла кај нејзе кај имаше утнато дијагноза па за скрининг господ знае колку ќе ме извади од памет...и реално они секако земаат пари од нас секој месец дури и да не си труден треба да е бесплатно исто како кај матичен лекар
Јас ги пијам сега , а ги пиев и во првата бременост најдобро е да ги земаш на ручек уз јадење ,а пред тоа пола саат задолжително витамин Ц да испиеш . Кога сум веќе тука да ве поздравам ,јас конечно почнав повеќе да ја осеќам мојава госпоѓица најчесто ја осеќам доле ниско од лева страна претпоставувам дека тоа и се ноџињата кога ќе појдам на преглед кај матичната ќе прашам баш како е поставена .Инаку многу сум преморена периодов ,а и времево страшно ми влијае мм од четвртокот е со гнојна ангина и со воспаление на двете уши ,и хаос по дома знаете како е кога е маж болен