цц колку да те извади од памет, ама не е само знаењето сепак и малку човечно треба и имаат во себе. И да е страшна дијагнозата па има начини како треба да се соопшти тоа, А не одам со високи д-димери и она ми вика ааууу ти планираш ли да излезеш жива од породување. ми се слоши кај неа во ординација она ми се дере леле излегувај неможам да се нервирам со твоите резултати нека ти објасни сестрата,
Ццц па и таа нездрава една како може бе така што не и текнало порано да те прати пред да бидат толку високи, значи многу се неодговорни во својата работа мизерни не ни заслужуваат да ги викаш доктори бидејќи докторите се грижат за своите пациенти...а и како можела да ти каже излегувај не можам да се нервирам со твоите резултати какво е тоа однесување. Вака прават дека имаат премногу пациенти да немаат толку ќе видиш како ќе се тресат
Ве читав за прегледите колку ви наплатуваат матичните. Мојот матичен за ехо ми наплаќа по 400 ден, значи на секое идење и плус Прогестерон Депо инекција 200 ден - значи 600 ден имам од старт. А за све останато, се знае плус...
Кај мојот матичен ехо е 600 денари и уште урла ако не отидеш кај него , а воопшто не е стручен , ама во Охрид сите матични го наплаќаат ехото само шо цената секаде е различна , знам пријателка од Битола нити еднаш не платила преглед но тоа е нашата чудесна Македонија.
Еднаш бев кај него, чисто од потреба да се има матичен, да изберам едвај од кутрата понуда на матични гинеколози шо ја имаме во Охрид. Ми зеде брис, ама нецелосно, за некојаси бактерија пропушти да ми земе. гревче. Ми пушти и крв, колку е груб. И 600 денари или згора, не се сеќавам.Уште еднаш не се појавив. Љушевски ми го зеде заборавениот брис, ниту капка крв. И си реков, у три во оваа гревска африканска земја. Сѐ ќе си плаќам приватно, штом сум се одлучила така! Кредит ќе земам за бременост, ама не одам на матичен непрофесионален, ко вчера да завршил струка. Брука!
Точно дека е груб мене ми пушти крв ко бев за првите брисеви и лежев 2 дена на болница затоа сега во 35 недела нема шанса на матичен ,уствари еден брис се зема сега ???и дали со полна 35та треба ??
Бремена си? И јас одам кај Героска ама откако сум бремена ништо не ми наплаќа. Ме зачуди дека ти наплаќала.
Два бриса се, од анус и од вагина, надворешниот дел, не е страшен овој брис. Подобро со полна 35та да ти земат. Или пак прашај доктор, да не ти кажам погрешно. Јас бев со полна 35та.
Феминкииии, бев денес на преглед и ми рекоа грлото е скратено и омекнато може и порано ќе биде и ми рекоа во четврток цтг. Се надевам ќе дочекам да видам што е тоа цтг. Од една страна потсвесно јас така и сакав, да си се породам на време или порано, да не чекам на провокации. Ама сега како се ближи имам мешани чувства-ту среќа, ту страв. Терминот беше на 29 март, ама ајде кога сака нека изглегува, во безбедна зона сме. Планирам да си продолжам со прошетки, јадење урми...не се фрлам во кревет да лежам
Имаш болки? Осеќаш контракции, како се осеќаш? Инаку грлото со прсти го проверија, така? Ќе кажиш утре од цтг.
Ноќеска ме разбудија менструални болки со стврднувања на стомакот беа подносливи, траеа околу 3 саати со прекинувања после некако сум заспала прочитав дека можно е да се лажни и сигурно беа. Ме тераше да мокрам повеќе и имав зголемено бело прање се надевам не е инфекција Сабајле кога станав не ме болеше толку само го осеќам стомакот потврд бебе си мрда постојано. Во среда сум на цтг и ехо па ќе видиме ако не не изненади пред тоа инаку 38+5 сум
Да бе веќе 33 недела сум и секој преглед си го плаќам. И за секои престојни анализи ја потсетувам. Ти како си задоволна Да тотално си во право, додека да соберат пациенти се супер после тоа одма се менуваат. Првин не е човечно тоа однесување се почуствував виновна ко јас намерно да сум ги покачила. Па после се жалат биле непочитувани, ги тепале епа некогаш си го бараат
Прогестерон депо во аптека се 95 ден. Ја користам и јас. Си ја купувам сама. Ми дава докторот листе со печат, пишува прогестерон депо и со тоа си ја купувам. Ја носам кај него и ме боцкаат. Не ми земаат пари за тоа.
Не, болки немам. Со рака ме провери и ми го кажа тоа. Не болеше ништо прегледот. И на ехо виде дека вода има доволно. Да, да, ќе известувам. Кај тебе како е? Тука некаде сме со термините, нели
Зависи, претпоследниот пат ми обрна внимание,кратко ама убаво ми објасни.Последниот пат многу брзаше,јас ја потпрашував,ми кажа работи кои ме исплашија и сега сакав да закажам во Ремедика ама покрај коронава не знам. Пррд три ипол години кога бев бремена ги наплаќаше прегледите а и тогаш имаше вакви мерки. Оваа бременост од почеток не ми наплаќа ама затоа и услугата е слаба.