@Milicka* , во јули беше то, едвај се сеќавам, сенилност Мислам дека појќе од 300 денари не беше, а можда и помалку, околу 200. Знам за обична крвна слика ми зема 150 денари, и тогаш ко прашав за хив и хепатит рекоа дека може и кај нив да се направи анализа. А за торч дека тогаш исто прашував, е торч не анализираа, па морав приватно во Дарон + кламидија, се оптегнав 100 евра.Е овие ги памтам и тоа како. Ама ко шо реков кај матични непрофесионални не се обратив уште еднаш! Ќе ги молам јас нив... Е да прашам, стварно мора да се има матичен гинеколог по закон? Знам дека треба за трудничко боледување и осигурување, ама кога немам фајде од него, да си се тргнам, да не зема пари од фонд од мене, ко не ме ни знае која сум. Како им сум напиздена, уф!
Мене постелката ми е на преден ѕид, а јас навистина многу рано почнав да го осеќам. Некаде 13та недела бев кога почнав ко со пердув да ми поминува внатре некој да осеќам, ударите беа некаде 16,17 та недела @0ли Не знам, можеби поефтини се така кога земаш повеќе, ние со тоа листе што ни го даваше докторот само една можевме да земеме, менувавме аптеки, секаде беше 95ден. Ајде уште 2 недели имам за боцкање и конечно ќе завршиме Можев да завршам и сега, ама го замолив да продолжиме да боцкаме инјекција до 7ми месец,зашто страв ми е од сеа да прекинам
Матичната ми рече некој да пуштам да оди за мене да не одам јас лично за упат, и така направив...е сега треба само во лабараторија дирекно да одам за анализи. Бај д веј : Бев во аптека да прашам за маски, ми вика немаме
Леле како бе 100 евра за торч + кламидија ? Навистина ја претераа приватниве Јас не платив воопшто мене ме прати Струга да испитам бидејќи во Охрид на државно тогаш не испитуваа, незнам поради која причина.
Ти благодарам на убавите зборови, и кај тебе се' да си биде во ред Инаку во Прилеп е гинекологов. Пред да влезам ја прашав и сестрата, па и таа ми рече тоа се дава само каде што имала сомнеж докторката. Баш прашував и едни мои другарки, немале и тие испитувано...Па сега не знам...
Дали примаш терапија и дали ти дадоа совет за мирување? Јас бев со скратен цервикс примав терапија и мирував. До кај 32 недела ми стигна до 34мм и тогаш ми дозволи и движење ,а со утрогестан и магнезиум продолжив до 36та. Ау како така,па ти вип си. Пред 5 месеци се породив,ми беше матична (БЕШЕ, одма по пораѓај си отидов) и секој преглед ми беше наплатен. Секој преглед беше на брзање,ми се скрати цервиксот почна да ми урла а јас седната на стол, притоа сама побарав да ми измери од што се информирав од форумов. Почна да се дере као ало што правиш ти што си чекала до сега за мерење матката нема да издржи!! Замисли докторот во кој веруваш ова да ти го каже во 5ти месец! И од што е многу "стручна" ме прати во систина, таму продолжив да одам за цервикс,а кај неа за брисеви,упати. До крај на бременоста мислеше дека имам конци од серклаж,а немав направено. И подавам крвна слика со многу ниско железо и пореметени параметри во урина,ја ѕирка,добро е,ја пика во картон,викам да не е многу ниско железото? Ау да, тотхема под итно! Епа извини ама за таков однос и за целата траума што ми ја нанесе нема да ти се бројам како пациент и да земаш пари за мене.. и да не редам ред други дешавки со неа
Еве и јас само ќе се надоврзам за другаркава Героска, мене ме упропасти и само господ ме чувал. Пред две години имав вонматерична бременост која толку многу тешко ја поминав и по еден месец одам на контрола кај неа ( Инаку секој ехо преглед ми беше наплатуван различно зависи како ќе им беше ќеиф ) и наместо да те смири после цела дешафка она ми вика а знаеш дека две бебиња биле како да ми беше неопходен дополнителен стрес. А капак за нејзината нестручност лани во мај сум имала спонтан , а докторкава упорно ми тврдеше три дена дека крварам од цисти во матката затоа ни минута не размислував да си најдам нов матичен. А и да не заборавам секое барање за упат на Клиника било навреда за неа. Извинете женски ама ептен се изнервирав кога ја спомнавте.
Не, не, ништо од тоа, немам проблем со тромбоза и такви работи,втромбоцитите PLT ми се добри 250.000 се, него другото одоздола што пишува PDW и MPV се малку зголемени, среден обем на тромбоцити мислам е MPV.... Ќе ги виде утре и доктор, туку само сакав да прашам искуства тука дали и на друга и било така....
Од Дарон ги праќаа во Скопје во Авицена, зато толку. Сепак скапо ама ај здравје пред сѐ. Инаку јас немав упат од матичен гинеколог, ко шо реков му пишав икс и решив колку шо е да платам. Струга требаше да одам, ама со врски преку некој главен таму па термин да закажам па од него да барам, многу молење ми беше, искрено не сакам мн да молам, имам опција- заштедата да си ја потрошам. И башка слушнав во Струга се слчувало и реагенси да немаат, и си реков еее важит за џабе да ми е чекањето, как не. А време си врвеше, ме фати прпа на почеток на бременост, шо ако нешто имам?? А во Дарон само за херпесите 2000 денари е... Бидна то, парите се заработија, важно резултатите беа добри, а јас си поминав без коленичење.
Јас,од 29та недела ми се скрати,од мерки само престанав да работам,терапија Магнезиум и едни таблети за шмукање на природна база.Не мирував строго во кревет,само се пазев,за недела две се издолжи.. Не е страшно,само чувај се колку можеш
Добро утро мешковци. Како сте? Како ги осеќате деновиве бебушките? Моево е мирно ептен, додуша и помирно е ова од Константин у меше, ама па ич го нема нешто, така ситно кога се мести ќе го осетам и толку.
Ве читам за Героска и се чудам, како да се збори за различна докторка. Година и пол ми е матична и јас лично сум презадоволна. Секој преглед од како сум бремена помалку од пола час не е, гледа баш детално. Одев на 2 недели на ехо, секогаш ми беше 300 денари наплатен како и на сите други што плаќаат додека чекам за преглед.Скринингот ми го правеше таа ни денар не ми наплати. Мана е само тоа што и на закажано многу се чека за преглед.
И мене ми е матична веќе 5-6 години ама идев кај неа првите 2-3 години колку за брисеви. Секој преглед ми го наплаќаше, консултација, брисеви околу 1000ден и ги чекав резултатите по 3 месеци (последните никогаш не ги ни добив). И јас сум од незадоволните, не би да раскажувам на трудници црни приказни ама за мене е катастрофа од доктор. И обично на преглед си пушеше цигара на прозор и од таму си се довикувавме
Здраво мамички , веке два три дена го чувствувам ова па затоа да си прашам дали е нормално меше ме боли мускулно да не речам како да сум вежбала дали е ова можда од тежина на бебе или да се обраќам на лекар , на лекар треба наредна недела за брисеви да одам ама јас да си прашам овде од поискусниве , иначе се потешко и потешко ми е дишењево ама се ке се изджи само синко да ми дојде здрав и жив , на секое негово движење јас летам во облаци , малце ме тегне кај десен јајник хаха изгледа сеуште е со главaта странично , инает не се врти Мене во 26 недела ми беше 2.94 цм , со мирување и утрогестсн од 200 остана 3 до 33 недела , со утрогестан ке си продолжам , а за мирување искрено не работам по дома но се случува да излезам да испазарам за бебе , но сепак се штедам што е сигурно сигурно е слушај доктор и се ке биде во ред ***
Јас искрено подолго време се жалам на некоја тежина и баш како мускулна болка од десна страна, најдолу и кон ципата. Ова е особено ако се заморам (а не пешачам многу) и мината недела мислам дека ми идеше дури да накривувам. Вчера на ехо ( а и минатиот пат) видовме дека бебче повеќе лежи на десна страна и др рече затоа нормални се тегобите (инаку со главчето беше надолу завртено).И да се редактирам- и јас се заморувам, еве сега чај пијам и ми се разлупа малку срцево. А пак да одам по пат и на моб да зборувам-мн осеќам замор ама издржлив е некако, што знам
Dobro utro ,kako ste ? Ako moze edno prasanje dali se vazat dimeri ispitani vo avicena t.e rezultatite dali gi priznavaat deka e privatno dali znaete ? Ne bilo skapo da se ispita na guzva ni nisto
Девојки сега кога бев во вц имав помешано проѕирно лигаво како со крв на тоалетната хартија. Дали да одам на лекар или да почекам уште малку се мислам.. повремено имам и слаби менструални болки ако се појачат одам директно болница