Кој го плаќа отсуството? Државата или работодавачот? Бидејќи за еден родител на дете до 10 годишна возраст во целост плаќа државата. А за бремените?
На тв колку што разбрав државата ќе го плаќа...сепак она одлучува за принудно одење на боледување...ако би плаќале фирмите пола во зијан ќе отидат
А вие што работите приватно ако не ви потврди работодавачот да не одите, ќе имате ли храброст да не се појавите утре на работа? Јас немам мислам дека ќе ме од јават пред породилно
Тогаш ако сакаш можеш да си земеш неплатено боледување. Меѓутоа слободно можеш да отвориш платено боледување, ти следува. Но, во секој случај не смееш да добиеш отказ.
Не можеш да земеш боледување за да не те одјават? Прво од матичен после од гинеколог па ќе отвориш трудничко зависи колку имаш до пораѓај
Штом е прогласено да не се оди никој нема да ми издаде болување, сега му се јавив на општиот матичен а имам уште 3 месеци
Никој ништо не измисли,споделуваме сопствени искуства. И јас додека бев кај неа многу пати се запрашав дали гледа се како што треба,а на тоа ме натера нејзиниот однос и не третман. За разлика од неа господ здравје да и даде на Гордана Петровска од Систина која што не само детално што знаеше се за мојата состојба туку зборуваше и смирено,отворено што делуваше и на мојата психолошка состојба. Да имав пари ќе продолжев кај неа за секое испитување и контрола во бременоста. Иако бев 6-7 пати. Матичен гинеколог ли е тоа ако ти пред секое одење треба тука да се информираш што следно треба да се испита во бременоста (особено ако ти е прва и не знаеш ништо) и да бараш сама упати?
Жени како е во Мк ситуација? Овде во Грција само што соопштија на вести од утре затворени сите школи, приватни, државни, факултети за 14 дена. Секој ден се зголемува бројот од пријавени случаеви на коронавирус и министерот за здравство одлучи да не се оди на училиште 2 недели.... Лелелеле колку страшно звучи ова се плашам дури, а тек треба да се пораѓам
Здраво девојки, малце ќе ви скршнам од темата со вирусов. Јас денес бев на прв скрининг, 22 недела сум, матичната ми даде упат во Чаир да го направам. Лежев некои 20 минути на грб и ми се прислоши, веројатно од незгодната позиција. Додека гледаше докторот ништо не прозборе, на крај кога заврши само ми кажа дека мисли дека има неправилен наод за желудникот на бебето, односно дека желудникот бил високо поставен. Бидејќи не е сигурен ми рече да си одам на второ мислење. Најмалце што сакав е периодов со вирусов да се влечкам по доктори, ама ќе морам. Матичната ми го препорача Самарџиски од ГАК. Гледам да сум позитивна и се надевам дека се' ќе се среди, ама добро би ми дошло некоја од вас да ми сподели ако имала слично искуство.
Топлата купка го размрда моево бебенце но ептен некако. Од пред малку не престана да клоца, но такви болки ми прави мислам ќе излезе секој момент, на 5мин одам до тоалет, ми се чини ќе се измокрам кога ќе ме мавне силно ептен езиво како со рака да ми брца некој... 37+5 денес
Нас на работа не ослободија сите трудни и со дечиња до 10 год.кажаа дека државата си плаќа исто како да одиш на работа 14 дена дома,а ако не се среди ситуацијата можно е и подолго време..
А знаете ли каде може да се информираме повеќе за нашите права и за тоа кој плаќа доколку ние не одиме на работа, државата или работодавецот?
Јас сум 38+2. Болки шо знам, јас неам толку, на цтг повеќе се покажуваат. Утре ќе имам преглед со рака и ехо, па ќе видиме. Како помина ти?