Преска ми падна чепот, и ги мерев болките ми беа на 10 мин и појдов на лекар да видиме што се дешава. На цтг регистрираше болки на 10 мин една дојде до 100 др беа до кај 60 и имав преглед со рака, не е болен ама непријатен е 1ипол цм сум била отворена така да процесот е започнат, сега сум дома на свое барање зошто ми е блиску болницата, контракциите ми се на 8 мин сега..
Женски, итно ми треба помош. Не знам кај да прашам, дали некоја имала искуство со пораѓај на ГАК во присуство на трансфузиолог поради Рејно синдром (се работи за намалена циркулација)? Блиска моја е во 39та недела, терминот и е до 15.03, досега одеше на прегледи во Ремедика, таму и требаше да се пораѓа, ама денеска ја вратиле од таму со изговор дека не примаат настинати пациенти, само здрави. Таа е со температура, настината, размрсулавена. Доктор Јани и се развикал на сестрата зошто и направила воопшто ЦТГ, и ја пратил на држаВна клиника.
Надица М. Ѓеровска за нејзе зборите од "Мама" зашто јас сум кај нејзе и задоволна сум како работи...па сега незнам
Никакво боледување не издаваат овие две недели пошто е злоупотреба на донесената одлука јас на приватно одам цело време во Ремедика
Збориш за овие две што следат мила? Ја у Систина сум на крај на месецов на скрининг, кажи ми закажуваат прегледи у Ремедика?
Да да за овие две што следат.Вчера се јавив да закажам трет скрининг ми рекоа да са јавам од понеделник натака ќе имаат распоред за втора смена кај докторите за почетокот на април
Мешковци да ви се пофалам бебето ќе ми е машко.сакавме девојче ама тоа е да е живо и здраво ќе си имаме три сина...
Па тоа е си викам јас неможам да раѓам женски битно е имаме полни раце само што двата сина мн сака сестричка се разочараа...и да ви кажам се водев по фемина каледарот за зачнување на женско дете ама не бил точен и баш овој месец само два пати имавме односи и не очекував бременост ама баш тој бидна..све е господова работа. Здравје само
Ич не се замарај. Јас бев изгорена за девојче, изгорена уште првиот пат. Ама само да ми е здраво и живо бебенцево што го носам. Да се имаат во животот сакам и друго е небитно. Дете да не е само најбитно . Не е до нас тоа, до мајсторите е така викаат. Што повеќе им преовладува x или y тоа и ќе создаде.
Ние бре мн сличности и јас уште за првото сакав девојче дури на големото оти ми вели дека сестричка сака и крај јас му велам и јас мн сакав ти да се родиш девојче зошто не ми се роди девојче а не сакал он девојче да е..
срце бе. Арно ти кажал. И јас му велам исто. Ти сакав да си женско, ама ниедно женско немаше да испадне ваква верзија од тебе. Не го мењам сега.
Така е да ни се здрави и живи полни ни се рацете и никогаш не сум се пожалила да си речам зошто господе немам девојче си ѓи сакав такви какви ми ѓи дал бог иако сега малку за ова имам 1 процент надеж да згрешил докторот некак потсвесно иако знам кажаа ли машко нема промашај повеќе шанси има да згрешат ако кажат девојче после да излезе машко..
Некоја од вас да имала proteus mirabilis во урина... бр.на бактеријата е 50.000 ја имав во 9та недела пиев амоксиклав, па на контролно испитување немав сега пак испитав и ја имам , сега сум 17+4 утре ќе одам кај докторот со резултатот.