Мајки, син ми ме клоцна апла у стомак сега, изеде ќутек зашто знае дека не смее, ама ми е многу страв за бебето. Идам на доктор сега.
Не се секирај, мускулите на матката не се слаби и амнионската течност заштитува. Другарка ми падна бремена по скали дирекно на стомак, не му беше ништо на бебето. Силно е телото, не е така лесно да се повреди бебето, пиши што ќе направиш
Колку силно ? Мене малата додека бев бремена неколку пати кога менував памперс ме имаше удрено, ама не толку многу силно за да паничам. Ајде се надевам се е во ред
Мешиња кој магнезиум го пиете. Јас пијам директ но со засладувачи е,а поради дијабетот страв ми е да не внесувам дополнително некои шекери. Имам уште неколку кесички па сакам да се продолжам со некој чист магнезиум. На контрола ја прашав матичната кажа дека не знаела каков има без засладувачи и да си прашам во аптека ете тоа ми го кажа а во аптека најчесто ако оставиш на вработените ке гледат да го продадат тоа што не им се троши.
Се е во ред девојчиња. Многу ме акна, ама фала богу бебуш е супер. Се утепав од плачење... Ви благодарам на поддршка.
Мешиња, како сте денес? Како се справувате со стресот околу Корона вирусот? Мене навистина не ми е сеедно! Кај сме стресени цела бременост зариди бебето, уште ова ни фалеше.
Јас сум многу напната заради ситуацијата многу ми е страв,на работа сум бебето ме боксира во стомакот моментално
мешиња сабајлево си ги масирав градите и малку стиснав чисто од радозналост и потече како капка водичка значи ли тоа дека има млеко или ? незнам прашањево дали е за тука ама ме интересира ние со бебуш направивме 35 недели се чешкаме додека да дојде време да се гушкаме и денеска треба да ми стигне креветче со количка нарачав од Чарли шоп за евтино 17 000 ден. вака кога шетавме со мм само количка беше 15 иљади викам зашто да даваме 30 иљади вака по се исплати
И јас сум напната, а бебето не престанува да клоца. Сигурно и тие душички не чувствуваат нас вознемирени па шутираат. Оф дали ќе им дојде крај на маките и нервозите!? Човек да не е раат!
леле денеска со колешка сме во дилема дали да одиме Менаџерот као се јавил рекол директорот не бил тука накнадно ке ни јавеле по mail...таа е 4 месец ја за една недела влегувам во 9 а нема кој да не замени незнаеме што да правиме ма да ја планирам уште денес да одам после нека се сликаат ако сакаат..не одам од утре...зашто законот е воведен
Сабајлево ми се јавија и ми го одложија прегледот за конзилијарно...рекоа да дојдам за две недели а боледувањето ми истекува за неколку дена..се замислив да не има после некој проблем..некој сличен како мене има ли?
Јас секако сум дома поголемиот дел од времето. Не одам на работа. Паника секако ме фаќа, мм е полицаец цел ден е со луѓе, ако ме фати вирусот од него ќе ме фати.. ма да и тој мие раце често, пред да дојде дома обавезно дезинфекција на рацете. Ама ете маски и такви работи немаат.. Се надевам дека до јуни ќе помине вирусот ,на раат да се породам, да не се пораѓам дома Инаку овие неколку денови осеќам менструални болки, периодов ми беше стресен, можно е да е од тоа или пак нормално е? 24+3 сум. @LadyC Мило ми е што си добро, не се потресувај многу,во иднина повеќе внимавај Константин е дете, не разбира, не го карај
Jas sum na 1 na konzilijaren ,i I jas se mislam kako ke bide se se otkazuva,da se javis da prasas vo Bukurest ke ti kazat
И И јас седам дома не сум на работа. Но, мм работи и други мои блиски. Од кај да знам со кого ќе дојдат во контакт! И мене термин ми е во јуни. Да се надеваме дека до тогаш ќе се среди!