Оооо да знаеш само каков бокс со сета сила од 6 годишно дете внук ми си добив,бев 5ти месец бремена. Па тука мислам дека само се смирив да не паничам. А син ми еден мрзлив во стомак беше што да ти кажувам никаде го немаше. Прочитав во ред дека е се,чувај се. Него син ми е дома со мајка ми,јас на работа немам кажано дека сум бремена,затоа што сум 7ма недела и тек следната сум на контрола не ми се кажува некако,може да слушнев срце минатата недела ке кажев. Немам контакт со странки. Се мислам што да правам...
Фала ти..се јавив ми кажаа не смее да се пропушти терминот на комисија да сум одела со предлог од матичен.
Nema na sto bitno da zavrsis rabota da ne se ispusti datata i jas mislam taka ,aj pa pisi sto ke napravis i jas na 1 sum ke vrtam
Јас одам кај неа и бремена сум и поголеми стресови никој ми нема направено од таа жена. Ми зема брисеви во 12 недела и целата почнува да хистерише аа ова е за никаде катастрофа ке ти бидат брисевите од памет ме извади. Може да ти прсне водењакот свашта ми изнакажа за на крај на муабет да каже дека се сомнева во кандида. Така и излезе на брисевите имав кандида ама која трудница ја нема. Сум се тресела како лист на гранка. Незнам која и е поентата ама ја менувам дефинитивно да во право си, извини ако ти всадивме сомнежи. Вака за знаењето нејзино немам коментар пошто бев уште на две мислења покрај нејзиното и истото ми го потврдија и кога ме прашаа која ми е матична имаа позитивни коментари за неа. Тоа што мене ми пречи кај неа е што не умее како да ти соопшти нешто и колку да е лошо има начини а не може ова може она и на последниот преглед на склаите и паднав од стресот кој непотребно ми го направи. Не ми е целта да ја оцрнам ама секаде ке ја раскажувам. Со лесно нека ти е бременоста
Немојте да паничите женски. Доколку имате хронична болест,обавезно останете дома дур се смири ситуација,хигиена на ниво и избегнување контакти,друго не може да се направи,а од паника и стрес има полоши последици. Јас сум во држава со 650 инфицирани,дома сум,но по потреба одам до маркет/аптека/пошта. Појачајте витамини многу,телото се бори успешно со вируси кога е јак имунитетот. Несовесни работодавци пријавувајте без трошка грижа на совест,не смеат да ви се закануваат. @LadyC Прва братска тепачка,без последици
И јас не знам која и е поентата ама ние не сме единствените што добиле многу стресови и пролиле многу солзи од таа жена... таа сигурно си има некој дефект во тоа главата.. треба да си скроз мрднат за било каква "лоша" информација да и ја "плеснеш" во лице на трудницата која можеби со маки стигнала до плодот..и кој знае колку години чекала да остане бремена... дефинитивно на таа дотична треба да и се одземе дозволата за работа...
А да се слушнеш со гинекологот па можеби порано да појдеш на преглед? Таман и од него ќе добиеш совет како да постапиш.
Јас сум од тие што мнооогу ретко им се случуваат глупости и им се чудам на другите како им се случува ама ете денеска ми дојде редот и мене. Се лизнав на мокри плочки, се беше дел од секунда и додека се освестив веќе бев доле. Така јако лупнав што мм го разбудив од спиење. Се изнасмеав хистерично (така реагирам во стресни ситуации) и после од страв почнав да плачам и мочнав малце во гаќи. Имам некоја тапа болка во стомак ниско и како некој жолт секрет ама вака сум ок. Ми текна одма на Старлич мислам беше дека падна на стомак во 9ти и беше во ред, па се смирив. Инаку, малку оф топик да ги прашам жените од Охрид каде да пробам ѓомлезе? Моментално сум тука, пишав и во тема 'Ѓомлезе' ама не ми одговорија.
Јас имам преубаво јадено во Св. Наум. Не сум од Ох и само таму знам. П.с. кај спомна колку ми се пријаде...
Ѓомлезе сум купувала на пазар, има една жена прекрасно прави, но не знам ни како се вика ни од каде е. Ќе одам, не можам да не одам на редовните контроли.
Не знам каде одиш на прегледи ама јас сега на третиот скрининг кога бев во Ремедика сите вработени носеа маски, претпоставувам исто е секаде. Искрено, толку слободно шетам што заборавам дека има вирус. Нормално, треба да се пазиме ама реално само за тоа се збори.
Дечки, понекогаш имам многу слаби менструални болки, така како вртеж ги осеќам. Си мислам дали е во некоја одредена положба кога седам, или пак бебе кога претка нешто така предизвикува. Инаку денес 32+3....Некои мислења?
Прашај си ти овде, не оту ќе видев во темата Ѓомлезе . Вака има да се најде во пекарниците во центарот. И има една на Туристичка (најдолгиот булевар во Охрид) наспроти Халк банка, Мартина се вика пекарницата. Во иста линија е и учил. за странски јазици Кловер. Исто така и кај пазарот од сабајле стојат жени продаваат. Спроти Охридска банка се тие. А на друго место не знам, знам кај жени шо прават дома, цела тепсија ако сакаш. Убав помин!
Обавезно. Ја денес бев жив чоек немаше . Башка фетален скрининг ќе ми е у 22ра. Нека ти е здраво и живо од Бога благословено!