Иначе да си кажам тука... Денес убаво си се изнаплакав, за сите пари. Останувам на работа од дома. Мм го пратија на службен пат пред две недели, тогаш Франција не беше ризична. Се враќа во петок и ќе мора да седи во карантин. Ама викаат да не седи со мене, па ќе оди кај неговите. Јас кај мајка ми сакав да си седам ама она е доктор и секој ден е со луѓе, а и татко ми на работа. Сестра ми и брат ми исто на работа... Одлучивме дека најубаво сама да си седам дома. Пазарувавме се што ми треба, нешто нарачав преку етинекс и две недели не искачам. Ама многу тешко ми падна вака сама што седам.... Плачи си, плачи си....
Каде те одбија која комисија од румунска ли? Кое им е објаснувањето зошто те одбиваат прочитав дека си од ноември..како е можно..јас треба утре да одам баш се загрижив сега
Плачи си ако. Ситуацијата е таква, малку меланхолично звучи. Нека те крепи мислата за здравјето, ќе помине ова. И јас сум дома, се случува по неколку дена да не излезам, освен до доктор на преглед. Мн ми е шубе. А шубо си шетав крај езеро, не дека не смеам пак, ама сега и термин се ближи па се затворив дома, ко во домашен притвор сум. Доброволен. Поарно дома ќе седам, отколку да се најдам во непријатна ситуација. А и сезонскиот грип со температура шо е, вирее. Ајде полека, најди си занимации, ова е одлично време за плетење Кај се најде вирусов сега, аман.Ајде со Господ напомош да помине.
Во Битола, објаснување не добив, ни документ/решение/одлука, само ми рекоа дојди утре ако сакаш може да си поднесеш приговор.. Ако сакам...?!? Уште сме во ситуација за желби да си исполнуваме... Не сакав да ве вознемирам, само споделив да си олеснам и да прочитам ваши мислења и сугестии после ова што ми се случи и искрено ме вознемири.
Добро што сподели да сме информирани барем да бараме некое чаре... што е работава не смееле да те одбијат туку така..јас сум утре во румунска ќе споделам како ќе поминам се надевам нема истово да го слушнам.
Девојки 17+5 сум , веќе речиси два часа имам болки во грбот дали е нормално , кога сум седната не толку ама легната повеќе ме боли
Дај Боже да поминеш подобро од мене, јас ќе споделам на второстепена дали ќе поминам,мислам дека во вторник ќе биде, дотогаш на работа ќе покривам со потврда од кај матичниот поради наредбата кај нас да не одат бремени жени. Зошто да биде едноставно кога може да е сложено?!
Денес ми е последен ден од боледување, штом ме одбиле нели со одлука го затвораат? Искрено не знам, како што го разбрав матичниот така пишав и тука, дека приговор се поднесува до второстепена комисија а таа се состанува во вторник.
Баш кога ти треба поддршка и близина, ова се случува... Деновиве си велам, не е обично време ова, кај баш се случува сега кога сум бремена И така бременоста е еден чувствителен период, пред се емотивно, уште додатни стравови и претпазливости со вирусов, па уште вакви ситуации како твојава каде мораш да бидеш изолирана од сите блиски... Ајде барем тука сме поврзани сите, барем можеме да си се утешиме
Девојки ајде не паничете, како за сите така и за нас. И јас сум за никаде, во друга држава живеам сама без никој, никаква помош, имам едно дете кое ете не оди на школо оти ги затворија сите школи и чекам секој момент да се породам и се нервирам што немам никој да ми помогне додека сум во болница, за детето, кој да го чува, треба дома да седи нели, маж ми на работа оди.....се слушам со татко ми, не знае ни он што да прави, го чекам да дојде да ми помогне барем неколку денови додека се породам, сега со овој вирусов се плаши ми вика не знам што е паметно да правам, ако затворат граници после? И уште толку ме загрижи сега, зарем може да затворат и граници за Грција??
Дали има некоја закажано скрининг во Систина крај на месецов? Се јавив пред некој ден да закажам ми рекоа сеуште немаат распоред за тогаш. Оставив број рекоа ќе ми се јават ама еве ги нема.Колку време претходно закажувате?
@Butterfly1107 Ќе помине времето брзо, така е подобро за сите, особено за тебе и за бебето. Нема да ти е лесно сама, но мора нешто да земеш да се занимаваш за да си го лажеш умот. @Rainbowbaby Две недели пред преглед секогаш сум наоѓала термини.
Сабајлево бев на трансфузиологија да ми земат крв за индиректен кумбс тест. Прв пат не ме болеше и не ми посине раката. Потоа отидов до маркет по некои неопходни работи, а заборавив да си го тргнам памукчето од раката. Луѓето бегаа од мене и ме гледаа попреку, мислат имам корона вирус. Една тетка упорно зјапаше во мене додека чекав на каса и си велев во себе дај да се накашлам сега да се исплаши, што зинала толку во мене...
Еве и јас само што завршив од Цтг, добро е ми рекоа, ме виде и одоздоле еден доктор, затворена сум, вика рано е, ќе тераш уште. Болки немам никакви, ај да видиме уште колку, имам уште 2 недели до термин и јас си викам рано е уште. Господ да не чува само