Еј фала ти, јас сеа видов баш. Супер работа. Со среќа нека ни е на сите.. Инаку @Butterfly1107 жал ми е многу за твојава ситуација, но можеби така е најдобро, трудниците се со послаб имунитет и подобро е да се преземат превентивни мерки. Јас не сум во карантин, а би требало. Сите во фамилијата работат со луѓе, кој во казино, кој во аптека, кој со деца,колку и да се пазам не можам целосно да се заштитам. Се мислев да си одам во Штип моментално станот ми е празен, но за некое време ќе дојдат брат ми и сестра ми, а тие се средношколци, и нема да можам ни таму многу да се изолирам. Ќе си набавам маска и средство за дезинфекција, па колку се може толку. Остани ти смирена и најди си нешто што ќе те држи зафатена. Ние сме тука од форумот ќе ти пишуваме, ќе се дружиме. Читај си по интернет нешто за бебе, ако ти е полесно земи некоја книга, гледај филмче или почни некоја серија, ако сакаш пиши ми ќе ти препорачам некои интересни. Само смирено. Еве додека ти пишував ми се јави вереникот, изгледа и тука во Гевгелија во болницата имало 15 лица во изолација, не се знае дали е точна оваа информација, ама се шири брзо. Нема како да се тешиме освен дека ќе помине некако периодов и ќе има добар краен исход.
И овде да прашам пошто ми е итно...во румунска на комисија на телефоните никој не се јавува знае ли некој од колку до колку се смените
Секоја чест за мерките и за однесувањето на Министерот Ај јсп барем ќе ги исперат автобусиве додека траат предложените мерки
Никаде не можам да најдам информација како се пднесува вирусот врз трудница и плод во не толку касна бременост...! Има некаде нешто такво? Јас се помирив со тоа дека може и ќе префатам, користам јавен превоз, се кива и кашла на сите страни, а поконтаминирани места од возовите мислам и да не постојат овде мерки не се преземени сеуште никакви а има веќе околу 2500 заболени, бројката од час во час расте. Се потпираат на едноцифрената бројка трудници од Вухан, која пред пораѓај била заразена, па родила здрави бебиња секако со царски рез! Тоа не е воопшто податок за потпирање Ќе гледам некако да се снаоѓам И така, останете здрави!
И јас гуглам цел божји ден ништо неможам да најдам,само ме фати поголема паника,Господ да не чува сите нас трудници и останати
И јас гуглав и секаде пишува дека нема доволно податоци бидејќи вирусов е нов и се уште се испитува какви ефекти дава кај разни групи на луѓе.
Прв пат правиш кумбс? Која недела си? И дали само еднаш се прави дали имаш инфо. Иначе бев сабајле во Ремедика за боледувањето, и кога ме виде сестрата почна да ми вика што си дошла ти сопругот нека доаѓа ајде излегувај и така малце хаотично беше, а вчера бев кај Димчев во Систина исто беа сите со маски, девојката од пултот додека чекавме 3 пати ни рече направете дезинфекција, направете дезинфекција. Така да не е баш едноставно, доколку не е итен преглед бар овие 2 недели додека не се дознае колку заболени има треба да ги откажеме прегледите, да се прават само тие што се итни. Мене скринингот ми беше итен, во прашање беше дали ќе правам амнио или не. Како и да е се искочи добро фала богу. Женски чувајте се
Јас само овие насоки за грижа на заболени бремени ги најдов http://www.roda.hr/portal/trudnoca/...vW7fApx74cwMWqsnHQChEy89aWnrqr5h4A9PqaHWeVk3I @Fallen.Angel прв пат слушам за овој кумбс тест, дали се прави регуларно или треба да имаш некои индикации?
Значи според ова кај бебињата на досегашните трудници кои биле заразени, не се пронајдени траги од вирусот. Ох, господ да не чува сите, до една!
Те прашав затоа што знам дека си понапредна недела од мене. Јас сум Б негатив и др ми рече и така ќе одиш да проверуваш ддимери и хемостаза направи и кумбс. Во 18+ направив.
Епа прв пат сега правам, прашував и претходно, докторот ми викаше знаел тој ќе ми кажел кога треба. Веројатно секако ја добивам инекцијата, но сепак морав да одам на ова испитување. Како што знам сите проверуваат околу 20 недела, изгледа само јас толку доцна сум.
Еве го мојот резултат, веројатно е добро. @Dikinzi ми имаше кажано дека требало секаде да пишува негативно.