Не е правило дека мора да се има мачнини. Кај мене почнаа околу 7ма недела и траеја до 13 недела. До крај немав повеќе проблем со мачнините
Цервикс 36-37мм во 18+ дали е ок? Додека отидам кај докторот да имам некое инфо? Матичната ми го мереше. Фала
Мислам дека во тој период околу 18 недела и после тоа и мене така ми беше па си се тешев дека е од тегнење на лигаментите и ширење на матката (бидејќи резултатите од мокрачата ми беа ок).
Мене мачнините ми почнаа после 7 недела некаде, и до кај 13 ги имав. После тоа ми се нормализираа а и огромните болки во желудникот ми ги снема. Со лесно
@firequeenn Не е правило дека мораш да имаш мачнини. Мени ми е прва бременост 28ма недела сум,досега никаква мачнина немам осетено,немам повраќано,и од ништо не ми се гади страшен апетит имам до сега ниту киселини сум осетила
Добро утро мешиња. Ни тешки мачнини ни повраќања имав, цела бременост ми е супер. Само што се борам со апетитот, ич немам, со тешки маки сосила јадам. Не сум навикната на вакво нешто уста да не ми се отвора, од прв ден на бременост ми секна апетитот. Без никаков кејф јадам Ако јадам после 19, тешко ми е и неарно, јадам помали оброци почесто во денот и едвај издржувам додека јадам, тапан препукана се осеќам со многу мала количина храна. Сега па и ми здосадија протеини, а поради скриениот шеќер ни овошје не јадам и досадна ми е исхраната. Киселини воопшто немам, барем досега. Уште малку и ќе влезам во осми месец, едвај чекам. Не ми се верува Ете така. Ајде убав ден и не се оптеретувајте, одмарајте и уживајте
Добро утро девојки, колку е убаво сончево времево а баш си викам кај да излезам кога почна и по малки страв да ме фаќа од моменталнава ситуација. Најмногу бидејќи од кога настинав последно (сигурно месец помина), уште салам не сум излечена. Деснава ноздра понекогаш благо ми се затнува (особено на спиење), имам понекогаш исцедок од синуси,на десниот крајник уште при настинката ми се направи едно како мало бело топче и сеуште не сака да исчезни, грлово ми е цело време суво и воздухов постојано ми пречи па се плашам да не почни сериозно да ме боли,устава само ја мачкам со павловичева бидејќи знае да ми се исуши како да сум дехидрирана (а пијам течност, немам скриен-баш прашував за ова и во темата трето тромесечие). Е сега, работава ми е со постојано зборување и имам клима па понекогаш се сомневам дека и од тоа така ми се суши ама периодов не работам... На доктор не одам заради вирусов, а и си викам што ќе одам, сепак не е до толку страшно, не кашлам и немам температура.Пијам витамини, мед,семе од коприва,грицкам какао,сега еве сируп за крвта ...абе што не...Сега пак си велам да се фрлам на топли чаеви и некако да појачувам имунитет...Поздравче
Дечки, се породив! Природно со епидурал, со сецкање шиење со сите салтанати . Синче имат 3200гр. и е долго 50 цм. Фала му на Господ и вам! Кај сите со полесно да е!
Лелеееее што убави вестии, да сте живи и здрави, честитки за синчето, живо и здраво и од бога благословено. Како бидна така изненадно или имаше болки? Те чекаме да ни пишеш подетални информации на нас кои сме на ред после тебе И до двајцата
Честитки, да ви е здраво и живо синчето , многу да ве радува. А која недела беше и Во Плодност се пораѓаше ако не се лажам? Ајде кога ќе можиш пиши како помина.
Овој е подобар од директ и јас планирам да го купам ама не ми се оди до аптека Има помалку засладувачи од другите.