Тогаш бев 36та+ недела, ми правеа ехо преглед и преглед со рака. Сега ќе бидам 38ма недела пак ехо преглед и преглед со рака...Мора да се прегледите на побрзо бидејќи во 9ти месец мора да следат ситуација. Инаку те читав дека моментално финансиски имаш проблем. Знам дека Плодност преку стопанка банка имаат плаќање на рати, ги имам читано некој членки дека аплицирале за тој кредит можеби би било добро да се распрашаш за ова... Прашај и во групата "Породување во Плодност или државна Битола" таму мислам членки пишуваа во врска со плаќање на рати.
Жени ај хелп 3 дена сум со болки доле во стомакот ама само од левата страна доле ниско,каде можам да одам на преглед на ехо одма да ме видат? Од вчера офкам ама викенд никој не работи мојава матична па ич,на приватно одма нема да ме примат колку што знам,а па и со ситуавијава корона се е хаос.. Првин мислев дека се Брекстон хикс,зошто со предходната бременост овој период 23 недела баш тогаш осеќав мининални болки,ама ова не е ни приближно ем ме боли само на лево ме корне на моменти Што би можело да биде
Да, и јас мислам читав некаде за плаќањето на рати. Баш и размислував да пишам,благодарам...Па можи и ќе се јавам дирекно во Плодност да прашам кои и какви се условите/начините на плаќање колку да си имам некоја резерва на информации пред да одлучам каде дефинитивно за пораѓај
Да ќе те прими и јас не бев негов пациент. Приватно работи. Се закажува.Јас прв пат бев за скринингот потоа уште еднаш на редовен преглед,сега на 2април имам повторно преглед закажано Јас веќе таму одам на контрола бидејќи од матичниот не сум ич задоволна.
Ти ако не не расположиш нема кој. Мене и закажаа кај др Симонида на 3.04.Здравје до тогаш ќе видиме како ќе биде. Се надевам нема да ексалира
Јас 5 години одев Систина проблем имав со првото забременување,докторите оставаат вие да им кажете дали сакате некоја анализа таму зашто свесни се дека е скапо.А сите што одат за пораѓај си има пакет и си пишува што е вкчучено.Првиот ден т.е нулта ден пред пораѓај тогаш ви земаат историја за цела бременост тогаш е средбата со анестезиолог и тогаш се се договара.Се што е претходно треба сами да си побарате.Барем јас така мислам.
Некој да бил во ремедика деновиве да пише како се одвиваат прегледите дали е гужва? Во четврток сум. Се надевам дека недај боже и да сме под тотален карантин за прегледи ке смееме нели да излеземе? @Monella ке те тагнам за да пишиш,вие како во тотален карантин си обавуваш прегледи нели без проблем? Јас морам да одам,особено во првово тромесечие заради предходна историја. Останувам бремена оп епидемија,јес да често останувам и морбили и корони... Хаос. Уште сега и не останувам за брзо,ветувам @Bella* јави се систина,знам таму беше за скрининг нема да ти прават проблем за преглед,сигурно ке ти закажат со болки не седи дома. Побезбедно е таму него ли кај матичен,гак чаир сигурно не примаат. Не мируваме со малите во раце и за раат да бидеш јави се. Нема да те одбијат. И да пишеш
Те барав да видам дали е се во ред и веднаш те наоѓам. Срцева реакција се надевам слушнавте и свеки е информирана дека нема да помага ни со второто @PurpleMind како е?
Јас бев пред 6 дена. Сите вработени носат маски и ракавици и болницата имаше препорака пациентите кои доаѓаат да си дојдат заштитени. Гужва немаше воопшто, напротив празно беше ама може дека бев во 20h.
Јас треба да одам да го продолжам боледувањето, ај за тоа ќе го пратам мм деновиве. Ама наредна недела треба шеќер да испитам и преглед кај матичен имам. На двете места гужви. Се мислам да не одам. 3 часа да седам во болница ми е многу , со оглед на ситуацијава. Стварно не знам што да правам.
Не беее затоа сум усрана,четвток сум 8+2 ке бидам,се надевам на добро со оглед на тоа дека во оваа бременост сум ти , па ми се гади,повраќам,киселини страшни...хорор. Па симптомиве ми влеваат надеж дека четврток ке пишам позитивни вести. СвекрваТа уште не е известена,може за мекици да ја викнеме и онака нема да ја допре
Чим си јас само со добра мисла и кумашинката ќе те поздрави. Свеки бе пушти ја напред да влага по болници, кваки да фаќа, врати да отвара, да се ракува. Будала свеки ти е идеална тампон зона сега
И мене ме болеше исто доле лево. Во 16, 17 недела сега сум 19+ не можев да откријам што е урина и брисеви чисти.. на крај искочи дека бебето со главчето ми удира директно во бешиката.
Првиот каде го правеше? Нешто со др имаше ти проблем, оди кај друг сега. Добри за скрининг ти се Димчев во систина, Петровска Систина, Петрова Ремедика, Симонида Ремедика. А и матичниве прават некои од нив. Со оглед на стресот од минатиот пат препорачувам да одиш кај некој од овие погоре. Се прави од 20 до 22, 23 недела.
Немам. Имам тетка медицинска сестра е, да видам дали таа може да најде од некаде Мене ми рече докторот дека немам индиции да имам шеќер, ама ај за секој случај да испитаме. Ама тогаш не знаевме дека вака ќе е ситуацијава. Јас благо не јадам ич. Има тоа нешто врска со покачен шеќер?