Метилдопа од 250mg 1 наутро и 1 навечер.Па го следиме ако почне да се качува ке ми покачат терапијата.
Мислам дека не е ок тоа. Јас ако давам 2650 за еден преглед, значи ќе дадам 3000 да има и крв и урина. И јас сум во Систина 5 години и знам се за таму. И лежиме со големиот ако има потреба (пу пу пу да нема) и се породив, и водев прва бременост, сега втора,ама нема сакам нејќам за нешто што е неопходно. Ако си се нафатил на орото они треба како доктори сами да кажат. Ние како трудници не знаеме што се треба. Ни скриен шеќер правеле, ни д димери ( за ова не знам зашто не сум правела, дали не побарале, дали дека правев кај матичен, нека ме потсети некоја) . Мислам дека треба они самите да кажат што е неопходно. А не само ехо -2650 ден. Не ме сфаќај погрешно, ја па идам кај нив, ама дека се совршено - далеку е.
Ја би ти рекла не - за тетка ти. Медицинско лице е, работи со пациенти. Освен ако не се по телефон и да си 100% сигурна дека немала контакти со пациенти... Тоа ти е малце трики да го правиш поготово што западов е загрозен кај нас... Седи мадро... Шеќер ако имаш има индикации. Прашував баш. Можеби не секогаш е правило,ама сега не би ризикувала јас. Не е време. Леле луѓе што да правам, дали да си е*авам сојки до Скопје, Димчев ми е закажан со време, некако бар кај него да идам...
@LadyC и јас така размислував. Не ми се ризикува. Подобро да седам дома. Уште тоа ми треба, да се разболам. Едвај ми пркна бебечево во стомак
Уште едно прашање дали вториот скрининг е обично ехо или како се прави извибете малку на вакви прашања ама стварно не ми е баш најјасно.
Се гледа детално срце мила. Преткомори, комори, поим немам што се гледаат,мозоче и сл. @monka_bonbonka да идам во Струмица кај што @Dance27 ми препорача и ич Ск да не идам а? Оти мака е 4 саати пат навака натака за скрининг...
Вториот скриниг е наменет за феталните органи на бебето и е важен преглед. Скенирање на анатомија на плодот практично.
Нема врска дали јадеш благо и од други намирници се качува. Која недела си? Ако се сомневаш на нешто јади си само интегрален леб и исфрли сокови итн, пишува по темите што не треба да се јаде.
И јас уште немам направено скриен шеќер заради ситуацијава, а сум скоро 29та недела, а треба и регуларна крвна анализа да направам. Мислам дека подобро е да се чуваме додека траат мерките.. До 28ма се прави...
Благото нема ич врска, како што кажа и членката погоре, од многу други работи се качува шеќерот, стресот како прво
Не испитувам луѓе , што сака нека е. Пред 2 недели кога испитував железо испитав и обичен шеќер, се беше во ред. Ќе се слушнам само со докторот што ќе ме породи, пошто одам и кај него на прегледи. Ќе му кажам. Па ако нешто е итно ќе испитам. Читав сега 2 родилки се тестираат дали се позитивни на вирусов
Мила мене обичниот шеќер ми беше во ред, а кога испитуваб скриен ми излезе покачен најдобро ти е овие две недели да не испитува страшна е ситуацијата. Слушнав за родилките страшна работа е,дај боже да излезат негативни