Викаат до 28ма ама јас правев 29-30 недела. Имам скриен ама среќа со бебето е се во ред. Почекај 2-3 недели, па ќе видиш. Ако може некој во меѓувреме да ти позајми апаратче можеш и дома да си провериш.
И јас не направив ни крвна слика ни скриен шеќер ради целокупнава ситуација. Како да провериме дома? Прво на гладно, па да направиме таква вода со шеќер па после еден час, па два или?
И да имаш скриен шеќер, на бебето не му е ништо не се секирај, во претходните 2 бремености ми беше баш покачен скриениот шеќер, докторот кога ги виде резултатите ми рече уште од овој момент диета нај строга. Се што има шеќер, тестенини, компири, овошје, буквално се што содржи било каков шеќер НЕ !!!! Искрено почнав да избегнувам колку можам, ама кризата за благото беше ненормална и не можев да не јадам благо, не секој ден ама си апнував нешто што ми душа сакаше. Здрави и прави ги родив и двете деца, ни Ш од шеќер немаа. Сега во оваа бременост кога испитував, ми беше на граница шеќерот, за мене беше висок, споредувајќи со други трудници тука, ама докторот кога ги виде резултатите ништо не прокоментира, му реков добри се? Ми рече да. И толку. Си продолжив нај нормално со се што јадев до сега да јадам. Ама благото ми е најтешка страна, не можам ден да издржам без благо, не знам зошто ама толку ме тера на благо во бременост, тоа е чудо некое. Внимавај колку можеш со исхраната и се ќе биде добро. Господ да не чува сите
Исто е кај сите, рацете ми се лом, хематоми, топки тврди по 2 недели ми стојат. Од пред 3 дена почнав во бут да се боцкам така ми рече трансфузиологот. И таму имам модрици ама барем нема тврди топки
Не смееш дома да правиш таков експеримент зошто може да има лоши последици. Затоа и се испитува во болница каде три саати не смееш да мрднеш од просторијата и си под постојан надзор. Скриен шеќер не се мери со апаратче. Скриен шеќер е постапка. Ради ситуацијава јас не знам што би направила на ваше место. Ве гушкам и со добра мисла се ова ќе помине набрзо само чувајте се. До вас никој не пуштајте брат, сестра, братучед никој.
Алтернатива е ако некоја се сомнева. Инаку, во болница не се движи за да не се симне шеќерот. Ако беше нешто страшно немаше да мериме дома ама добро, која како сака.
Девојки, во врска со нашава состојба како трудници доколку имаме прашања за работните односи и што нас ни следува (станува збор за моја приватна фирма каде само јас сум вработена но сега ме опфатија меркиве за вирусов и нема да имам никакви примања за тој период) дали знаете каде може да се обратиме? Пред некој ден овде имаше еден линк ама не памтам за кој сектор беше, или некаде ако има тел.бр ...Ќе прочепкам низ нетов само реков да не знаете случајно....
Јас да ти кажам ни со првото ни сега со оваа бременост не сум испитувала скриен шеќер ,ги консултирав и матичната и докторот од систина и двајцата ми рекоа дека нема потреба ,ако ти е се во ред бебе добро се развива не е нешто поголемко од нормално немаш причини за грижи .Уживај си дома и чувај се
Не може да е алтернатива нешто кое е мерење на обичен шеќер за скриен шеќер. Не велам дека е страшно да мерите дома обичен шеќер велам страшно е некој да помисли да пие глукоза и сама да мери на саат.
Не знам што е паметно веќе. Ќе се советувам и со гинекологот утре, да видам што ќе каже. Ќе почекам недела, две да видиме како ќе биде со ситуацијава.. На преглед матичниот рече дека дека нема индикации за скриен шеќер, меѓутоа за сигурно да си провериме.. Се надевам дека се ќе биде во ред
Посоветувај се телефонски. Ако сте немале идникации веројатно најпаметно е да се прескокнат тие три саати за мерење скриен шеќер. Кај мене се сеќавам на контролниот преглед на шеќер бев на висока граница (се напив цело шише кока кола пред преглед бидејќи на тоа живеев) и морав на скриен шеќер за преглед. Беше негативен али и кока кола ми забранија.
И јас треба да проверам шеќер и железо ама сега за сега најдобро е дома да седиме. За две/три недели ќе се среди ситуацијава, се надевам.... Инаку дома не смее сами да го правиме тестот зошто може да паднеш во инсулински шок.
Мене ме водеше Митко Ивановски секој месец имав многу анализи во бременост,значи една недела во месецот бев по лабаратории мислам дека немаше анализа што не ја направив и јас сум задоволна од него.Бременоста ми беше со ин витро.Сега сум природна бремена и кога му кажав одма на вибер ми пиша терапија што да пијам и што се да проверам иако сега си одам кај матичниот на прегледи а само скрининзи кај Димчев.
Епа кај тебе е различна ситуацијата. И за мене Ана од дома трчаше кога кревав притисок, не ми наплаќаше прегледи многу често и сл,кога ми требаше нешто креваше, советуваше, ама не прават прегледи детално. Крв секој месец или секој втор ти зимаа? Мокрача? Д Димери? Скриен? Притисок ти мереа? Тежина? А и што е нај, брисеви прават на крај коа не баш има време да се излечат за разлика од мојот матичен што ги прави во 3ти и 4 ти месец.
Секој со различно искуство,ете ти си задоволна од матичниот гинеколог,мојот што да му речеш ти вика што ќе ти е тоа.И кај него ми е губење време но морам заради тоа што се боцкам со клексан па ми треба околу документи за рефундурање.
Знам... Обично сите ги користиме за нешто. Јас првата бременост за боледување и породилно. Ама мојов е ептен искусен и после се што поминав со него тогаш не го менувам. И Ана ми е стручна, не велам не и па кај неа сум, ама повеќе му верувам на матичниот за прегледи на бебе и се. Ана ме породи и сега ќе ме пораѓа. Преубаво ме направи царски. Значи двајцата има зашто ги сакам.