@LadyC маци ајде професионална помоЧ тука,не дека сум обрасната пред две недели се депилирав за два дена сум на контрола така така пораснати ми се влакна па со оглед на ситуација нема депилација да ми пишеш може со шекерна како е постапка сама дали можам,ептен ми е незгодно да одам вакаа не се бричам паа што сака нека биде. Земав лист и пенкало,пуцај.
Јас ке бидам влезена во 21 недела, 20+2 . Мислиш дека е рано? Зошто на страницата на Аџибадем-Систина им пишува дека од 18 до 22 недела се прави втор скрининг.
Праша Миличка за Плодност, за таму пишав и јас, бидејќи таму одам од старт на бременост. За неа пишав, вчера што видов и што би очекувала за 2 недели таму, бидејќи сум закажана за прв скрининг и приска
A taka...I jas sum na kontrola za skoro vo Plodnost,zdravje da vidam koga ke mozam da zakazam. So lesno devojce
И јас така прочитав и кога закажував имаше термин кога јас ќе бидам 20 +4 . И кажав која недела ќе сум дали е ок тоа за скрининг, ми кажа подобро е да почекам уште некој ден така и закажав. Можеш да се јавиш да закажеш, па прашај дали е ок во тој период да одиш...
Извинте да прашам како закажувате во Систина телефонски или на маил гледам дека секој доктор има свој маил? и кажете ми дали баш треба порнао да се јавам да закажам или има доволно термини ? И ајде препорака за втор скирнинг за во Систина ?
Јас телефонски. Те прашуваат кај кој доктор. Закажав кај Димчев, затоа што и пред 9 години во првата бременост правев скрининг кај него.
Мене пошто матичниот не е достапен за прегледи ми закажаа итно во Ремедика, имам скриен шеќер а и притисокот почна да ми се покачува.
Многу ти благодарам , наредна недела сум на преглед па да знам што ме чека , а башка наредна недела влегувам во 9 ти не знам како ке биде , нека си поседи бебушко подолго барем малце да се смири ситуацијава , мада станува се пострашно , но само убава мисла и се ке биде како треба ***
Сакаш шеќерна сама да правиш? А ако не ја погодиш? Вака. Ќе ти испадне сигурно многу , ама јас не знам со малце. Ќеса шеќер , лимонова вода и вода ти треба. Ќеса шеќер истури во едно тенџере, стави му пола чаша вода и пола лимонова. Да вари на потивко додека не ти стане бојата медова, да згусне малце. Во стаклена чаша ќе ставиш ладна вода и ќе капнеш од шеќерната, ако се направи топче кога ќе паѓа доле во чашата значи готова е. Ја оставаш да се олади СКРОЗ и после со два прста мачкаш во спротивен правец на влакната, влечеш како што растат. Можеш и со млака ако сакаш,ама немој со топла ќе се изгориш.
Ја кај Димчев си закажав пред некој ден за на 1ви. Така сакав со време инакупосче не можам да бирам термин. Уште немам откажано и уште не знам што да правам и дали воопшто да ризикувам по болници да се пикам...
Каде испитувате скриен шеќер..дали оди преку закажување со матичен или може и на приватно и колку кошта?
Мене ми донесоа од премама,многу се пријатни за носење и таман се сега за овој период.Презадоволна сум
Ти благодарам Оли Сакав порано зошто, како што оди работата со корона вирусот, можно е за три-четри недели уште повеке да се влоши состојбата. А термини во Систина има до трети април. Ке се јавам утре, ке ја побарам сестра Снешка, да прашам за секој случај. @NanaMia се надевам дека ке си бидеме на време. Некаде пишува од 18 до 22 недела, некаде од 20 до 24 недела.