@eta Цело време на две недели пред преглед се јавувам во Систина да закажам. Ако се јавам претходно, немаат пуштено термини. Понатаму ќе се јавиш пак за друг термин. За вакви контроли не може да не дозволуваат излегување, без разлика каква и да е ситуацијата со вирусов.
Море сложено ке ја направам уште еднаш влакно да не порасне како сум способна јас. Ништо со чупкалица ке и привлезам,колку можам
Мешиња мили, еве да си изгледате за доењето, како правилно се мести, како звучи кога бара за јадење, како кога иде до гушење при млаз на млекото , да се спречи обилно повраќање @ddevojce
@dunika @Kallias2 девојки, како сте? Има ли кај вас некои знаци за пораѓај? Правите ли некои финти? Кај мене ништо А баш се трудам, вежби на пилатес топка, урми, чај од листови од малина, одење по 3 км (кога има услови)... Само чекам да падне тој чеп, да се спушти стомакот
Јас во 20 недела бев кај Младен Ристевски чаир бев на консултации ми рече ако си решена за тука во 28 недела да одам на преглед и изгледа до пораѓај он ќе ми ги прави прегледите.Ама се знае дека сум царски и од претходниот царски ќе поминат 20 месеци и затоа сакав порано да се консултирам.
Уфф ништо кај мене, сеуште, еднаш во денот ме фаќаат тие некои болки ама не се нешто страшни, траат некое време и си одат и толку. Јас ноќта најмногу очекувам да се случи нешто, ама за сега ништо. Вчера само што станав сабајле, се фатив за работа, кревав теписи, лофтирав, тресев, поминував со правосмукалка во цел стан, џогирав, рибав вц и викам ај до вечер белки ќе се спушти бебе па да бидне таботава ама ништооо, освен грб и половина што ме фати и почна да ме боли, друго ништо не се деси цел ден Бебе е баш раздвижено деновиве, баш кога ми се скаменува стомакот тогаш мислиш прави акробации внатре, многу чудно е.... Утре, задутре на Цтг ќе одам да видиме што ќе видиме. Која недела си ?
Се извинувам што вака упаѓам но и јас сум тука некаде 38+5 денска. Имам тешкотии при станување и движење, болки во колковите и кога се движи бебето. Синоќа едвај заспав, клоцаше како лудо ми се темнеше од болка. Последното цтг 38+1 не регистрираше контракции бебе беше дури и подзаспано малку. Баш во моментов мислам оро игра внатре, дури во некои моменти ми е страв да одам до тоалет мислам ќе излезе секој момент. Но да ви кажам од пред саат време се ладно ми станува како температура да качувам недајбоже, црвена во лицето и главата ме боли. Не се мешам со никој дома сум нонстоп, ме плаши вурусов и настинкиве, немој баш сега ахх Планирам да се туширам вечер, дали е добра идеја и што да пијам давајте предлог? Ми се тресе душава од страв за малово
@srce-9 @Kallias2 јас 38+2 сум. Тука некаде сме сите. Во четврток ќе видам што ќе речат на цтг, претходно ми правеа и не ми кажаа ништо посебно. А јас па не ни знам како оди со тие стегнувања на стомакот. Неколку пати само ми се има нешто такво случено, и имав чувство како бебето да се тегне во сите можни правци...така само. Тоа ли се тие брекстон хикс? Една сестра ми рече тие што вежбале гимнастика не ги осеќале мн. А јас порано, пред 15 год имам вежбано гимнастика и сега пред да останам бремена јога вежбав. А за температура, мери ако е покачена парацетамол можеш, тоа сигурно. Не мисли на најлошото. Господ ќе не чува. Тоа е, жени раѓале во секакви ситуации, се ќе биде добро.
Витамин ц 1000 ако имаш, сок свежо цеден портокали, лимони, цвекло, од што имаш пиј. Не знам друго што би можела да се напиеш сега баш при крај, па и парацетамол земи на крај...
Никакви драга,освен Брекстонот на кои навикнав,негде после 20та недела ми почнаа. Стомакот ми е горе,ако значи нешто тоа спуштање,иако беба е со главата наместена надоле веќе цел месец. Моментално сум во nesting фаза,имам и енергија повеќе,отоци никакви,дури се чудам дека 8ми месец ми се виде некако помачен. Мене не ми се брза,ако се прашувам нека седи уште две недели,во земја жариште со вирусот и во вонредна сосотојба сум,па не ми се оди по болници.Дома навикнав а надвор е језива атмосферата. За да стимулираш породување освен она што правиш,читав дека се препорачуваат и контракции,најсилни се оние од оргазам,или па со кружни движења на брадавиците по половина час дневно.Топла бања исто помагала... Ова се само претпоставки,мислам дека нема некој докажано проверен начин да се индуцира пораѓај во домашни услови. Бебушките си знаат кога да излезат,а може и се во карантин самите
Ах, ништо и кај тебе И јас мн енергија имам, се чудам. Јас па околу вирусов размислувам поинаку. Си мислам подобро сега отколку за 2-3 недели да се роди. Секако само ќе се зголемува бројот на заразени, ќе снемува кревети по болниците, којзнае како ќе биде со кадарот...
И со првото исто си бев, 20та недела, пошто ми се разлика само една недела Со прво сум била 5ти април 2016, со термин 18.08 за пораѓај, сега една недела порано, со термин 11.08
Како сте женички труднички шо си правите, до кај сте стигнати?? Кој е за пораѓање, не ми стогатнизвестувања оти не сум тука активна. Па не знам ни која се породила и која дошла во темата. Ми недостига дефинитивно темата. ве поздравувам и останете здрави.
Леле и јас исто викам, поарно сега да родам додека сеуште нема регистрирано ни еден случај во градов во кој живеам, затоа што се мења преку ноќ ситуацијата, не се знае кога и колку ќе се појават, дај Боже никогаш да нема не само тука, него секаде веќе, ова не е нормално што се случува. Ама по тоа што гледам....тешка работа бргу да заврши овој кошмар
Како се движите со килажата? Др ништо не ми вели ама 35+2 сум и веќе сум 14кг+ Не е тоа многу? А и од пред една недела многу јадам, се нешто грицкам дека цело време сум дома
Ima li nekoj info kako koronava bi deluvala na trudnica? Ne sum vo moznost da ne odam na rabota i malku sum isplasena, barav na net ama nisto konkretno ne najdov
Мора да може да не одиш на работа. Сега не е време за ризик. Нема студии околу тоа како делува вирусот на бремени жени зошто е нов. Тоа што се знае е дека вирусот не циркулира во крвта па така не може да се пренесе од мајка на бебе. Ама мајката може да заболи со компликации. Обично гледаат да ги породат за да може да се лекува мајката. Што поодмината бременост тоа подобро....