И јас Таман си ја стабилизирав килажата на +10, сега со седењево дома, секој ден си качувам по малку...
Добар ден девојки , дали на некоја се случило да и тече крв од нос ? Сабајлево ми потече и се преплашив , мерев притисок и супер ми е , искуства ???
Мене ми тече секое сабајле, дури и кога не ми тече имам мирис на железо во носот. Притисокот ми е низок (90-55), така да врска неам од што е, ваљда не е опасно.
Да не го фаќа малку паника? Убаво е за сите чувства да се разговара. Сопругов мој вчера ми вика, " па вие сте повеќе околу бебево (за мене и мајка ми),јас што да правам, се осеќам бескорисен". Така ми дојде жалничко, му викам ајде ти ќе чистиш по дома. А бе си сака муабет за сѐ.
Женски како да разликувам лажни од вистински болки? Бебе е многу активно и ја осеќам како напнува.Од пред малку имам слаби менструални болки и во кичма,а од вчера и дијареа. Исцедок немам изразен. Мислам дека се лажни,ама кажете некој совет
Од секогаш сум мразела таков тип на луѓе, и морам да ти кажам..почнувам со ти е да се понашам апла не убаво, не можам поинаку, или не им враќам на муабет. За таквите само стап..
Јас првите 2 - 3 дена немав проблем. Леле следните 3, ќе умрев мислам... плус тоа сум позитивна хеликобактер. Мака и пол. Се надевам на контрола кога ќе одам дека ќе бидр негативна уреаплазмата пто ако треба да пијам уште една доза, готово ќе е со мене....
Разговаравме. Се налутил за ситница. Нешто на кое јас не ни помислив. Синоќа за прв пат готвевме јас и јатрвата. Свекрвата не била гладна, а мојот маж само што беше завршил со јадење. Направивме тестенини со сос, и си ги поделивме јас, јатрвата и свекорот. Му кажавме на маж ми ако сака да дојде да проба малку бидејќи планираме се да изедеме. Он се налутил бидејќи ние не сме го планирале, сме си направиле само за нас, а три дена слушал муабети како ние две ќе готвиме.. Завчера исто се имаше налутено за некоја си слика зошто него го немало на сликата.. Изгледа станува премногу осетлив. Го имам приметено деновиве постојано стомакот ми го гледа и ми вели дека веќе многу се познавало. Ми прави некакви тажни фаци.
Жени, првпат ми се случува ова од почеток на бременоста, вака да крахирам и да не можам да се потсмирам дури и кога чекав резултати од пренатален мислам помирна бев. Изгледа целиов притисок од ситуацијата ме надвладеа, ми збеснаа хормоните. Го прочитав текстот од Фемина овде @Veki4kaa што го постираше овде, солзите не можам да си ги сопрам. Дали зошто сум сама овде далеку од сите, па ме боли и за моите како ќе се снајдат и за нас овде. Дали зошто никој ме нема прашано како се чувствувам, како сме со бебе, како ги минувам деновиве. Дали зошто во зградата кај што работам утврдија случаи позитивни на вирусот, па сега се тресам, што-ако!? Со ништо не можам да си го скренам вниманието, ве молам споделете некоја идеја што да сторам. Извинете за негативата, но душата клопче ми стана
Нема цтг тука,директно на туркање Во Пон сум кај матичниот на регуларен преглед. Сега е мирно,малце кичма боли,ке пратам ситуација..
Ауу заборавив ти не си у Мк... Ц ц ц колкави разлики имаме машала со се. Ништо, ќе видиш чеп дали ќе падне, плодова,следи контракции, биди смирена како и до сега... Ама кај и да е готова си
Потполно те разбирам, стресна ситуација и нормално е така психата да реагира. Еве и јас периодов сум скоро за никаде. Треба да пазарам за мене и бебе , сите ми викаат седи дома,купувај онлајн. Од друга страна работата ми е закочена со глупавиов вирус, одвај за овој месец дали само за придонеси ќе имам заработено-ами каде е платата??? Од трета страна, некои фамилијарни проблеми се појавија ((не се директно со мене поврзани ама ми ствара болка). И од сето ова што се случува, не спијам убаво, само се издишувам, се превртувам, носов ми се затнува, грло само ме греби, само сум жедна, само се задумувам и размислувам. А пак каде се грижите кои секоја трудница ги има-чинот пораѓај??? Плус, сакав пораѓај на приватно а сега со оглед на цела ситуација си велам да соберам сили и да одам на државно- некако не ми е времево за да дадам толку пари...А и секирации дали ќе фатам породилно, што ќе правам после со фирмава (со самовработување ми е, 2 год не смеам да затворам).Сопругот исто стагнира со приватната работа....значи хаос, хаос, хаос....Единствено кога ќе ме клоцне буцево во мене станувам позитивна и некогаш ми се плаче, ми е жал што стана цела ситуација ваква каква што е... Но, се трудам да не западнам во депресија само заради бебчево, се тешам дека се' ќе се среди, ќе дојдат подобри времиња. Само се молам Бог да е со нас, се' во ред да си биди со пораѓајот па за друго ќе се снајдиме...Извинете и на мојов долг пост, ама морав да се искажам....Имајте убав ден
Здраво 34 недела сум , правев уринокултура на резултатот пиши наод (од културата е изолирано ) шо значи..?