Нема врска, бабини деветини. И машко и женско родив и двете точно во 40 недела на термин ги родив. Ете и трето ќе раѓам женско и ова како што гледам на термин ќе го родам, за 5 дена ми е краен термин.
И мене настрана така ми се трти, стои некое време и многу ми е смешноИнаку кога бев нс преглед пред 2 недели, беше со главчето долу. А горе под гради и дури во ребрава како знае да ме замава, па како даа ме гмечи на моменти и му се смеам на мм мислам ќе ми откорни некое ребро, но пак ми е убаво Најинтересно ми е кога се трти де лево па одма десно, како да збеснува. Кога ќе му речам на мм допри да видиш, тогаш престанува и му викам ааа ти знаеш изгледа да го смиришА дали му пуштате музика со слушалки? Знам некои мајки дека така правеле...
Мешиња како сте? Јас од денес започнав со генералка низ дома мажот ми си дојде ќе биде сега дома, младенци одамна откажавме се надевам нема никој да ми дојди ма гости
Si odmaram niz doma jas ,Inace srekni mladenci neka vi se pa treba malku pamet da imaat vo vakva sostojba ne treba da ti dojdat
Исто и мене ме бутка во препонот, се трти а кога го чешкам стомакот мислам ке излезе. И јас сега влегов во 9 ти и многу ми е страв од ова короната аман неможеме да уживаме ко што треба. Незнам дали е подобро да почека или побрзо да се роди се надевам ке се смири ситуацијата. Кога ти е термин?
Мене ми е 22.04 но ако одам царски сигурно порано ке биде, наредна недела одам на преглед па белки и прво цтг ке имам кога ти е термин тебе ? Ние ке мислиме позитивно и тоа е , битно да сме здрави и ние и бебушите , ова нема да се смири за брзо така да кога биде нека биде ***
Феминки денес купив Биокап фарба од најсветлата бидејќи сум плава јас... Само оваа се препорачува во бременост... Морам да се фарбам, ужас сум во косата, утре вечер ќе имаме гости... Дали некоја од вас ја има користено оваа фарба и дали знаете дали добро фаќа со оглед на тоа што е на природна база...? Или џабе 600 ден фрлени...
Ее многу сме близу мене ми е на 18.04. И јас незнам што да правам со тоа цтг матичната не ми дава упат па незнам дали да одам некаде на приватно. Ти што ке правиш? Да се трудиме да останеме позитивни и тие осеќаат дека сме под стрес
Вие шо ја водевте систина бременоста а се пораѓавте на друго место- државна или чаир, до кога одевте таму на контроли?
Здраво девојки кога како отприлика почнавте да ги чуствувате првите поздрави во мешето.Дали беа чести преку денот и секој ден или? Многу сум љубопитна прва бременост и затоа би сакала да ве слушнам вас за искуства. Ви благодарам однапред. Поздрав. Убав ден
Леле генералка, алал да ти е... Јас сабајле одвај усисав и со последни сили изџогирав, после тоа стомакот некако чудно ме болеше :/ Обично маж ми таа работа а повремено доаѓа и жена за чистење... Али сеа сама сум си па морав малце да си подзачистам Мојот е во карантин кај неговите уште 7дена одвај чекам да поминат веќе, се немаме видено цел месец. Две недели на службено па две недели каранти Многу ми паѓа тешко што сум сама, почнав и да имам проблеми со спиење. Навечер едвај заспивам а сабајлечки станувам во 5 и не мозам да презаспијам. Како зомби одам низ дома...
И јас планирам жена да викнам барем за прозори и врати да избрише.Знам како е кога не го гледаш некое време мојот маж пошто е шофер и ми е страв да спијам сама одам кај мајка ми. Сега се молам да не го пратат на пат оти секако ке го стават во карантин. Полвините страшно почнаа да ме болат али ќе помине бебето си игра во стомак цело време.
Ехх и бев кај мама Ама мама е епидемиолог и има директен контакт со коронава така да се спакував и еве веќе 11 ден терам сама во стан... Претходно кога имало епидемии јас брат ми и сестра ми први се разболувавме. Сега се молам на Бога да не биде така... Многу се плашам за моите....
Gravitis ml V дали некоја знае што значи на втор скрининг? И плус цервикс 28 мм ми измери,некоја искуство со олку скратен цервикс?
Истото ми се деси пред 3 дена. 18+3 сум, ти си веројатно повеќе. Цервикс 26-28 мм на две мислења, две различни мерки. Ми направија уште дента превентивен серклаж - со претходни спонтани сум во прво тромесечие па може затоа одма вака, иако се мислеа. Супер пројдов - физички, сега сум на бед рест. Психички сум лошо, си плачам али тоа е што е. Тебе што ти рекоа?