Ќе исцедиш три лимона и во нив ќе стаиш пола лажиче сода бикарбона, да изврие убаво, пената со лажица изеди си ја а со сокот од лимон направи гаргара ама голтни го, моментално ќе ти помине, а и со секоја вечер праење ако можеш и сабајле вечер најубаво. За носот ќе си земеш 200 мл вода топла, во неа едно лажиче сода, едно сол и 10 капки бетадине за гаргара, ставаш во нос како капки, а можеш и да пробаш да шмркнеш ако не ти е тешко.
10 kapki Betadine se malku na ovaa kolicina voda, nas na 100ml ni rece 20 kapki, taka da na 200ml bi trebalo 40 Inaku Betadine 1% rastvor za gargara. Jas probav na mene, ne e voosto luto..
Муабетот е дека дава во согласност со комплицираноста на настинката, мислам дека не е кај секаде исто нели, бетадинот е чисто за дезинфекција, солта и содата си го прават своето.
Добро вечер девојки гледам тука има доста нови трудници па сакам да им посакам лесна бременост. Јас одамна се немам приклучено на форумов,од кога се породив постојано сум со ќерка ми,сега со две деца навистина немам време за ништо но баш ми е убаво.Среќни сме сите а најмногу бато постојано се плетка околу сестричката и не ја дава на никого (кога некој ќе го задева дека ќе му ја земат ) Инаку мој совет до сите трудници бидете релаксирани,весели и насмеани,верувајте дека ве очекува многу убав период од животот,многу нежност...децата ќе ви даваат најголема волја за живот и ќе ви биде важно само тие да се среќни.Колку само среќа влева првата насмевка од бебето,клоцањето и претањето со ногичињата и рачињата,плачот е секогаш минлива работа но понекогаш ќе сакате и тоа да го слушате...не знам што друго да Ви кажам...Верувајте децата се најголемото богатсво кое можете да го имате и најголема среќа која ќе ја почувствувате Поздрав и имајте лека ноќ
добар ден мешиња да ве прашам дали може да се прават заби во текот на бременоста, јас последниов месец имам многу проблеми со забите на 1 ми испадна пломбата а 2 ми се скршија, свекрвата ми вели дека не требало да ги правам не било убаво а како да трпам кога од двете страни ми се скрши по 1 заб и неможам никако да јадам, ајде некоја поискусна нека ми каже
Можеш секако, само ќе му кажеш на стоматологот, а и сигурно се гледа дела си бременка, мислам дека нема да може анестезија да ти стави Ова е од многу девојки што ги знам. Одма да си се јавиш и да закажеш, немој да трпиш болки, а и колку луѓе ќе прашаш толку мислења ќе чуеш јави си се, прашај си и ќе се осигураш
^^mila25, може да се поправаат заби, само не смеат да се вадат или да те снимаат. Јас со безадреналински анестезии поправив 7-8 заби во изминатиов месец, матичната ми рече слободно да си поправам заби за да не дојде до поголеми проблеми. Безадреналинските анестезии се за бремени жени, и за луѓе кои имаат проблем со срцето или некои други заболувања. Не се мачи, закажи си на забар и прашај дали користат анестезии за трудници, ако не сакаш да трпиш болка.
Здраво мешиња, Имам многу прашалници во главата и не знам каде дрѕго освен овде да се информирам подобро ми е ако некој со своето искуство ме советува Имам проблеми со хемороидите и докторот ми даде флебодиа таблети да ги пијам два пати на ден најмалку една недела. Е сега сакам да прашам дали некоја од вас користил вакви апчиња во бременост? Исто така дали е проблем природно породување со хемороидите, дали има некоја компликација и да не можам да се породам природно од нив? и уште неколку дена и веќе ќе отварам породилно не можам веќе да одам на работа киселините ме убиват, имам низок притисок се плашам дека можам да паднам секој момент. Со проливот имам проблем веќе месец и пол и ништо не помага докторот вика од хемороидите и од бременоста е, здравје ќе трпим уште малку додека можам хехех Исто така сакам да прашам дали пијете газирани пијалоци јас пијам кока кола не дека ја сакам ама не можам да функсионирам ако не пијам ми паѓа притисокот и секој момент можам да се онесвестам ако не пијам, ама се плашам да не му штети на бебето Поздрав
Здраво на сите! Во вторникот бев за прв пат на гинеколог, и ми зедоа крв, мокрача и правев муабет со сетрата околу 1 час и половина за историјата на болести во фамилијата. Вчера бев на пак и ме гледаа на вагинално ехо. Е сега нешто ме збунува. Се виде бебето, беше многу мало, но според нивните пресметувања (на сестрата) јас сум 8 недели, а според моите сум 5 недели и 5 дена. Доколку бев 8 недели требаше да се слушне срцева реакција, но не се слушна. Специјалистот за ехо кој што ме гледаше ме праша повторно кога ми бил последниот циклус, кога сум го направила првиот тест кој што излегол позитивен... и ми кажа дека сум 5 недели и некој ден. Наредниот петок пак ке одам на вагинално ехо и да се надеваме дека се ке биде во ред. Премногу сум исплашена, бидејки ова ми е прва бременост и незнам како одат работите. Дали некој имал слично искуство како моето? Ви благодарам
Slimy ,пробај кока-колата да ја замениш со кисела вода + неколку кришки или тркалца лимон,мене вака ми поминува низкиот притисок.
За прашањето со забите, денес бев кај мојот стоматолог на рутински преглед, имам расипан заб веќе една година, но не ме боли,единствено ми ствара непријатна миризба па затоа отидов. Доколку трудницата нема патолошка бременост може да поправа и вади заби во текот на бременоста, се разбира со безадреналинска анестезија.Стоматологот вика дека е подобро кога трудницата без болки ќе отиде да поправа заб, отколку истиот да создаде отоци, гнојни кеси и сл. да се искомплицира повеќе работата. А за ова со газираниве пијалоци, и јас консумирам, вода послабо пијам и знам дека не е добро, но организмот воопшто не ми бара вода во текот на целиот ден.
Кисела вода пијам секој ден ама после ручек заради киселините ама ова сега со лимонот ме збуни зашто колку што јас знам лимонот де пие за висок крвен притисок Добро ќе пробам све што ќе слушам затоа викам дека секпгаш подобро ми е да прашам овде некоја трдуница да ми помага со своето искуство. Поздрав и ти благодарам за советот Гласна
carolina88 душо немој да се загрижуваш може пресметките се грешни. Може си навистина 5 недела а после 8 недела се слуша срцевата акција на бебуш. Немој да се загрижуваш кога ти рекол матичниот гинеколог пак да појдеш да си појдеш пак и тогаш ќе го слушнеш најубавиот звук срцушот на бебето. Те молам само со позитивни мисли и се ќе биде во ред. Slimy јас од мисла една до две голтки ќе се напијам кока-кола или некој друг газиран пијалак, инаку вода пијам цело време имам едно шише мало со вода го тегнам сегде по мене кај и да одам. Што се однесува до отворање на породилно и јас веќе не можам на работа да одам во биро со мешко да се пикам и + фотелјата ми е многу тврда. На 15 мај сум на последна контрола и тогаш ќе разговарам со матичната да ми го отвори породилното од 19 мај со Господ напред, а може и порано ништо чудно. Почнува да ми станува мака некако да снемувам сила. Уште собирам малку сила за последните потготовки за бебуш. Плакарчето се надевам ќе ни стаса наредна недела па наредна и да исперам и испеглам некои работи за бебуш, а исто така и да се намести креветчето за бебуш. Кога ќе направам полна 36 недела ќе ја спремам и торбицата за на болница. Уфффф уште малку па со Господ напред. Имајте убав ден мешиња.
И јас во последно време немам ич сила и кондиција, веднаш ми снема воздух и не можам ми се врти све.Мошеби зашто притисокот ми е низок.И јас едвај чекам да го отворам породилното и да останам дома не можам веќе се чудам кога некоја колешка ми вика до 37 - 38 недела работела Блазе нив јас уште од сега ми снема сила.И јас треба да довршам со подготовките за креветот и колицата и торбата сеуште ја немам земено а количката и креветот подарок од свекрва ми и мојата мајка чекам да не повикат да ја купиме.Најтешкиот период дефинитивно е последниот трисеместар. Поздрав
Јас да ви кажам дека скоро сум спремна, купено скоро се, испрано, испеглано, наредено...Ми останаа уште некои ситници да докупам и дома да досредам. Се спремам цело време, ама ич на ум не ми паѓа дека за породување се спремам Дури и си мислам дека ептен сум подранила.
ни се ближи денот д, и мене понекогаш не ми е верно дека полека се припремам за породување, а понекогаш па ме фаќа ептен голема паника и си викам во себе поседи си синко рано ти е уште. Туку сакав да прашам во понеделник сум на цтг како се прави тоа освен каишите што ги ставаат нешто друго вагинално проверуваат ли и колку се наплаќа
Mnogu sum nesrekna vo sesta nedela mi bese otkrien hematom koga vlegov vo 3 mesec go odnema se povlece togas mislam bev srekna i kraj so problemite no sega sum 4 mesec i pocnav da krvaram temno crvena boja otidov na doktor i mi kaza nisko postavena placenta 3 dena krvarem pomalku podocna odnema 3 dena nisto eve sega pak pocna svetlo kafena krv pomalku ve molam za pomos vase mislenje mnogu sum tazna