Јас кај матичната платив 750ден, ми зема брис и ехо ми направи. заради вирусот немаа курир па сама си ги однесов во пролече. За 2дена си земав резултати.
Незнам ама со упат можеби ќе примат. Мене матичната ми кажа кај неа ќе ми прават и исклучиво само за раѓање да одам во чаир.
Да ама членката праша за приватно. Кај матичната нели не треба да се плаќа? Во бременост се правев на приватно, па не знам како иде кај матичен.
Девојки кога осетивте прв пат движење на бебето, јас сум 19+2 Вчера вечерта кога легнав осетив како пулсирање,треперење, под папукот како мрдање нежно, се повтори три - четири пати. Можно е да бебето или рано е
Сакав да прашам кога прв пат ве провериле со прсти? Јас сум 18 + со скратено грло но дали може да ме прегледаат со прсти со цел да видам дали грлото е меко и се разбира затворено или е рано? Искуства?
Мене ме проверуваат од самиот почеток на бременоста. Впрочем од тоа ми се состои еден преглед, проверка на грло, пх на вагина и ехо доколку сакам.
А зошто не со ехо вагинално? Со прсти е поагресивно и може да предизвика болки, барем кај мене така е. Ако веќе мора да види со спекулум на око како изгледа. Ама со вагинално убаво се мери.
Со ехо ми мери должина на цервикс,а како со ехо вагинално ќе види дали е меко и затворено? И од ехото два дена се осеќам грозно долу како нешто да имам
А мора да се со сегашен датум ? Чинам пред ембриотрансферот направив , ако не ке си направам во дарон за крвна група имам едно ливче ако ми признаат , од времето од трансфузиологија ми е Сигурно ги прават во Плодност ама ако може ке си направам во Дарон бидејки ми се матични и некако посигурна сум таму отколку во болница , поготово што читав дека заболениов од корона слободно си бил на трансфузиологија , не знам колку е точно. па и не е скапо за да ризикуваш да одиш на државно , фала.
Се гледа дали е како линија или како инка, ако е како линија е целосно затворено...ако почнува да изгледа на инка почнало да се отвора. А со спекулум се гледа дали е затворено
Добро утро мешиња Од денес 31+0, осми месец Остана уште малку да се истурка, едвај чекам да го запознам моето малечко, да му ги изнабацувам ноџињата што ме клоцаат, немирко мој Изолацијава ми годи, раат сум бидејќи сме сами со мм, контакт немаме со никого, тој одамна работи од дома, уште кога излегоа од владава со првите препораки. Опремени сме со храна, имаме и два месеци да поминеме. Останува само по нешто да се земе ако снема, а тоа ќе го правиме со достава до дома, нема одење по маркети. Движење имаме само на контрола, опремени со маски и ракавици, па фрламе сè за перење кога ќе се прибереме. Среќна сум што уште околу петти месец почнав да купувам облека, па крупните работи ги имав оставено за во осми месец, но кога коронава се појави во државава, веднаш ги докупивме останатите работи и сега сум сосема раат. Мислев дека натенане ќе ми оди тоа, но мораше набрзина да ги изназемеме работите поради ситуацијава, среќа што сè имав одбрано претходно, само требаше да се земат. За бебето уште душекот денес да си го земеме, па полека ќе може да си почнам со перење и со пеглање, април ми е резервиран за тоа Седете дома, заштитете се, уживајте во топло и галете меше. Ќе помине и ова, чувајте се
Здраво труднички Јас не сум за овде веќе, имам веќе 3,5 месечно синче, но би сакала да дадам еден совет од мое лично искуство. Ниту да ве плашам ниту да ви кажувам како, туку само како совет. Во 36 или 37недела (заборавив веќе) на брисевите ми излезе Стрептокока на вагинален брис. Ми дадоа Алмацин 2 кутии и 1 кутија вагиналети Полигинакс. Матичната, која многу не се замараше, ми рече не е страшно и да не ги пиеш, ќе кажеш на пораѓај да ти стават антибиотик во инфузијата. Ги испив и апчињатс и вагиналети ги ставив, но не ми кажа да правам контролен брис. Кога отидов на пораѓај на сите кажав за бактеријата. Што и дали ми ставиле, не знам. Бебето мое имаше голема инфекција за која сите и од родилиште и после педијатрите рекоа дека е од бактерија пренесена од мене(се породив природно). Дали е 100% така или нешто друго било причина за инфекцијата на бебето, не знам. Знам само дека видов голема мака. Така да, мој совет, доколку нели матичните не би кажат поинаку, направете си го брисот дури и во 35та недела. Не дај боже да има нешто, да има време да се среди со антибиотик. Уште еднаш извинете за мојава приказна, ама од тогаш илјада пати го кажувам ова на сите трудници, како најдобронамерен совет. Имајте си лесна бременост и уште полесен пораѓај. Пробајте да бидете посмирени при самиот процес, многу е полесно така. Стравот и паниката само полошо прават. И да, не се заборава се, но поминува се(и болки и шиење и болки од раната). Кога ќе го видите тоа мало човече како ве гледа и како ви се насмевнува, сфаќате дека тоа е најправилната одлука на свет и најдоброто нешто што може една жена да го направи. Јас имам 2 срциња дома кои ми ја топлат душата секој ден Поздрав од нас и со лесно на сите
Бебчето е, и јас го осетив 19 недела, ќе те клоцка сега секој ден Ќе помине и ја така викам, мора позитивно да мислиме, како рекле секое чудо за три дена И ние среќа имаме креветче, релаксатор, количка, алиштенца имам ама не многу, ако треба ќе нарачувам онлајн, или и ја април ќе испаднам наоружана со маски, гелови, ракавици една ден да се накупи се наеднаш и дома пак назад, е сега за пораѓај ќе видиме како ќе биде, ја одлучив гак, ама со ситуацијава на чаир ќе ги праќале, на крај ќе биде велес изгледа или ремедика ако имам среќа да ја фанам наградата чувајте се женички сите, мора да сме силни, и господ нека ни е на помош само!
Не е државно ова,биохем е приватна лабораторија кога одиш накај економсконо од Туристичка ,може да ти е матична Билјана но хепатитите сепак ги плаќаш приватно тука
Честитки ,да е жива и здрава Ела Кога сум веќе тука да ве поздравам ,се надевам сите сте добри и добро се држите со ситуацијава која не снајде ,ајде се ќе помине само мора храбро да го издржиме периодов што ни следува .Јас сум добра бебе расте се поактивно и поактивно станува ,почна многу да мрда и ноќе дури спијам .Иако сум дома со син ми сме турбо не застанува и тој играме топка тоа му е омилена игра се дури не скршиме нешто по дома Одите ли на редовни прегледи ,јас последно бев на скринингот во 22 недела од страв не појдов кај матичната на контрола се мислам што да правам Убав снежен ден