Нема потреба да излегуваш за шопинг, седи си сега дома. Април и повеќе заразени ќе има, ќе треба и повеќе да се чуваме. За почеток имам доволно работи, а ако затреба нешто, онлајн ќе порачувам и дома ќе ми донесат. Речиси сите продавници имаат онлајн порачки, барем во денешно време е лесно да се снајдеме. @elcezelce Јас сите редовни контроли ги терам, но кај матичен не одам. Јави се и прашај каква им е ситуацијата, какви мерки за заштита имаат и сл. @Chikitaa Првпат удари осетив во 19+3, тогаш бев сигурна дека е бебето. Претходно малку осеќав нешто како мравки, како кркорење на црева.
Која недела се породи ти? Природно се породи? Те фатија болки или со провокации? Јас живеам во Грција и тука не прават брисеви ни на почеток ни на крај, за нив немало потреба ако немаш некои симптоми кои укажуваат дека нешто не е во ред ибттеба да се направат брисеви. Во 36 недела кога отидов на Цтг, прашав дали треба да правам брисеви и ни вика таа докторката дека не прават брисеви они, немало потреба Инаку и за другите 2 деца немав правено брисеви, тогаш не ни знаев дека се битни, среќа немавме никакви проблеми ни јас ни бебе, природни пораѓаји имав. Сега оваа бременост, бидејќи ве читав и вас сите и за стрептококата колку е страшна повеќе за бебето да не се пренесе при пораѓај, сакав да правам ама ете не ми дозволија Веќе е и касно, од ден на ден чекам да се породам, па сега што и да биде нема назад, нека не чува Господ и тоа е...
Се ке биде во најдобар ред , мисли само на бебуш и ке се смириш , уште малце ти остана до првата гушка , со лесно ***
@0ли морам оваа среда у систина да одам на контрола, го прашав Бојаџиев вика не е страшно дојди, не се плаши. Не сум била 1 месец на контрола. Па и мисла ми е за бебчево дали е се во ред. Вака супер се чуствувам, бебка си е активна меше расте, нормално ми е се до сега. Ама и страв ми е да одам , на два ума сум. А и овој брис во 35 недела наредна среда ќе треба да одам да го направам кај матичната, што ме советувате вие? Одите на контроли со ситуацијава ?
За шопинг те советував да не излегуваш Сега погоре и' пишав на Чикита баш за прегледите. Јас си ги терам прегледите, така одлучив. Во Систина на влез мерат температура, се дезинфицираш и влегуваш. Заштитна опрема ќе си ставиш ако одиш. За кај матичната јави се и прашај каква е организираноста кај нив.
А дали знаете цена за брисов во систина? Среда ќе одам на контрола ако не е многу барем наеднаш да го направам таму , да не се расшетувам многу.
Најпаметно ти е така, направи си таму. Ако не ти пише некој цена, јави се во контакт центарот и прашај. И пиши тука да знаеме
Луѓенца мојот гинеколог си има нејзина ординација , но вртев никој не крева. Дали работат гинеколошките ординации?
Женски јас користам од HIPP путер за тело се мачкам и кокосово масло, ете ќе купам и павловилева и АД, а сепак сакам да кажам покрај сето мачкање ми излегоа стрии на градите иако сум во 18та недела, имав мало гради и нагло ми нараснаа и почнаа мн да ме болат а седам вез прслук. исто така ако некоја знае да ми препорача нешто за вовлечени гради ќе бидам многу благодарна бидејќи нискам дека ќе имам проблем.
@Kallias2 се породив природно, 38+6. Бев 4 прсти отворена, ама имав врски и добив и спинална. Кај нас редовно се прават брисеви, во 12та и 36та недела. Ама ете ти и во двете бремености не си правела, па се било добро. Ќе биде добро и сега. Само со лесно да ти е. Ќе биде добро
Јас од недела влегувам во 35 и накај петок планирам да и се јавам на матичнава за да ја прашам што да правам. Таа пишала дека ќе работи само со хитни случаи и претходна најава, не знам што ќе речат за брисов ама ако можи планирам секако да појдам. Ќе ставам маска и се што треба...Засега кај нас се нема слушнато да има заболен некој од вирусов ама кој знае тоа...Па ќе видиме ама сум со намера да одам
Јас пред месец ипол правев цервикален брис во Систина, беше 1020 ден. Го правев баш заради стрептококата, бидејки ја имав долго време пред да останам бремена. Претпоставувам дека и брисот што е во 36 недела е тука некаде со цената.
Околу 1400 денари, се јавив, малце забегуваат со цениве, кај матичната прашав 700 ден да го прати во приватна лабораторија , одам ми зима брис го става во специјални епрувети , уште дента идат од лабораторијата и го зимаат брисот . Кај нејзе ќе одам, рече пред време да се најавам ако одам. Ваљда се внимавава се чисти и дезинфицира со оглед ситуацијава.
Zdravo majki, dali imate iskustvo so osip po stomahot I gradite vo tekot na bremenosta?? Veke cetvrta nedela I bruncinjata pocnaa da se Susat no po grbot,racete I nozite me cesa I kako bocki da imam no nemam osip tamu,samo crvenilo koe se gubi. Bev na dermatolog pred tri nedeli I mi dade nekoja krema so acitiborici I malku Kortiko, no ne sum bila na kontrola poradi situacijata a nitu pak krv sum proverila. Izvinete za dolniot post
Знам дека редовно се прават брисеви во Мк и мене тоа ми се допаѓа, да си знаеш на што си, а тука некако се многу лабави со здравството, како за нас така и за дњцата. Знаеш дека и за децата не прават брис од нос и грло? Т.е. не е само за децата де пшто брисеви не прават никакви за да се види дали има бактерија некоја, антибиотик од ракав даваат ако е црвено грлото или носе тече...... Тоа е што да правиш, како свират така ќе играме ние тѕка.
Феминки, посебно вие што сте поискусни, ќе ми треба мислење од вас... Имам на 30 април следна контрола кај докторот. Денес отидов кај сестрата да земам рецепт за Клексан и докторот ме викна внатре кај него и ми рече дека само хитни случаи прима и да не доаѓам на 30-ти... Ми рече дури на 29 април да закажам скрининг кај доктор Гордана Петровска во Систина и меѓувремено ми препиша терапија, стандардна до сега и наместо Клексан од следна недела да земам Аспирин... Значи јас од сега 8-ма недела па све до скринингот во 13 недела нема да имам никаква лекарска контрола... Дали е ова нормално и дали смее вака? Ве молам кажете ми дали да го послушам докторот или на своја рака да си направам едно ехо во Систина меѓувремено, пред скринингот?
Матичните лекари значи оошта недицина и гинекологија не смеат да не враќаат.Ако не се тука оправдано кај замена и ако и замената оправдано не работи да се обратиме во фондот.Знали има такво узвестување од фондот.Оваа недела има испекции од фондот ваш заради вакви причини што им велат дека не работат и ги враќаат.Ако треба да имаш преглед а не сака да те прегледа прија ви во фзо.
Јас одам на приватно бев во 8+2 на преглед следно 12+1 за скрининг. Нема измеѓу контрола освен нешто по потреба.