Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Здраво мешиња и убав ден ;)
    Имам едно прашање во врска со матичниот гинеколог. Јас паралелно одев кај неа и кај една докторка во Систина. Искрено не бев задоволна од мојата матична и затоа си побарав и втор доктор. Е сега, одам завчера кај матичната на редовен преглед и ми вика кажи за што дојде и јас кажувам па на преглед редовен. Го зема мојот картон и ми вика па кај си ти до сега, 23 недела си а последен пат си била во 6 недела и јас ваква :o :o :o И сега и кажувам дека доаѓам редовно и дека има некоја грешка направено или не ми завела во картон тоа што треба да ми заведе, а воедно и кажав и дека податоците кои сама ги внела во мајчината книшка ми се погрешни. И зема женава да ми се дере, како јас сум била неодговорна и ред други ствари. Јас не можам да докажам ддека одам на редовни прегледи кај неа плус во Систина, но не ми е заведено ништо во картон. Да скратам, си го земав картонот и сега сум во потрага по нов матичен гинекоглог, бидејќи нема да има кој породилно да ми отвори. Ве молам за совет.....
     
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.452
    Пол:
    Женски
    Јас пак, појма немам дека полека и мене ми се наближуваат деновите кога треба да се почне со спремање, затоа што јас еве до сега немам ама воопшто ништо купено. И не е за кеф, туку едноставно не сакам да брзам, купувањето може да се среди и во една недела, па затоа јас сум Free.
    Chupe, барај гинеколог што побрзо, мајчината книшка мора да ти биде пополнета со потписи од матичниот гинеколог, иначе нема породилно да ти дозволат, па и за пораѓај може проблем дополнителен да ти прават, затоа што кај мене ја бараат цела историја на бременоста кога ќе отидеш на пораѓај.
    Туку сакав да прашам, вие со поголемките мешиња, возите велосипед? Може е смешно, но имам огромна желба,активна бев и пред да останам бремена, сега ми текна дали може реков да прашам со искуство некоја.
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Мила, јас денес бев на цтг, прво ме видоа кратко на ехо, па после бев на цтг. Не ме гледаа вагинално, само лежев некои 10-15 минути со каишите. Ми наплатија 150 денари.

    LaDyDoLl Мене исто ми недостасува возењето, ама не би ризикувала. Знам дека не препорачуваат, па ќе почекаме уште малку. :) Цела бременост сме само на пешачење и полесни вежби.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    Сигурна си за ова со мајчината книшка? Во мојата немам ни една страница пополнето а сега од тебе прв пат читам дека е задолжителна :?:
    И каде тоа кај тебе ја бараат?
     
  5. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Devojka100 матичниот не ти даде утрогестан поради крварњето или нешто друго? :^) Ајде уште еднаш оди на гинеколог и распрашај се убаво што е и како е. Јас во 11 недела имав мало крварење и со утрогестан вагиналетките ми се стабилизира се. Не знам вака што да ти пишам за полесно да ти биде, ти треба стручно мислење од гинеколог. Јас би ти препорачала да лежиш да мируваш и да не креваш ништо тешко. Ти посакувам се најубаво и пиши ни што си направила.

    Chupe одма да си најдеш друг матичен да ти ја води бременоста за породилно и поради се останато друго да ти биде се уредно. Ти си требала да и кажеш на матичната дека одиш во Систина што не си рекла дека имаш некој човек таму и си одела таму таа нема што да се лути и да се придерава, свашта Бог да чува. Кај сакаш ќе одиш ти, а таа како матична е должна да ти даде породилно пример. Е, сега чим си го зела картончето и повеќе не ти е таа матична ништо, ти преостанува да си најдеш мооошне добар гинеколог матичен и да ти ја води до крај бременоста да си одиш редовно на прегледи таму. Се надевам ќе го средиш тоа за брзо. Поздрав и имај убав ден и ти. :hai:

    LaDyDoLl да возиш точак тоа е убаво, но мислам дека не е препорачливо баш сега во последниот триместар. Не знам еве да не испадне дека сум против или слично, мое мислење е дека не смее. Ако не прашај си го матичниот гинеколог за секој случај, ма да лично јас еве веќе 35 недела не би возела ни кола па не точак.

    Инаку ние растеме од ден на ден стомакот се поголем и поглем ми е. Си одам и на вежби за трудници и полесно ми е веќе знам што и како. Си вежбаме таму се релаксираме супер е. Уште една недела на работа и отвораме породилно со Господ напред уште малку остана. Синко мој си мрда стомакот ми се крева горе-долу ме бутка во ребрата сега и помалку место има за клоцкање, уживка мајкиново маже. :$
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    jas gi pijam dabroston protiv krvarenje gi pijam uste od 6 nedela za hematomot potoa mi gi prodelzi i za nisko postavena placenta pijam i magnezium no povtorno mi se javuva slabo krvarenje
     
  7. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Значи тогаш пак консултирај се со матичниот гинеколог и објасни му дека повторно имаш крварење.
    Јас би те советувала да одмараш да лежиш да не креваш тешко, да не чистиш значи едноставно уживај и лежи. Јас една недела си лежев одмарав кога прокрварев, па може 5-6 дена имав така кафеавко тогаш не ми помина одма да речам. Па после тоа со утрогестанот се стабилизира и си беше се во ред фала му на Бога.
     
  8. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Од кај сега излезе ова со мајчината книшка, јас редовно си одам на прегледи, мајчина книшка немам... Демек ќе ми ја бараат кога ќе одам на породување?
     
  9. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас имам мајчина книшка и во неа сестрата кај матичната ми пишува само тежина и притисок ништо друго значи. Ќе одам наредна недела на последна контрола и тогаш ќе ја прашам и јас да не треба нешто друго да се допише.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.834
    Допаѓања:
    325.660
    Пол:
    Женски
    Mene na poragjaj mi ja baraa majcinata kniska.vo nea osven kilaza moja i pritosok pisuvaa i razvojot na bebeto kako napreduva,pisuvase dali sum prelezala bolesti,koja bremenost mi e spontani i slicno.korisna rab e .
     
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.452
    Пол:
    Женски
    Eeeeeeee значи здравсто како што имаме во Мк никаде на друго место, џабе закони, кога секоја градска болница си прави како и одговара. мајчината книшка мене ми ја отворија уште во 4ти месец, и во неа го запишуваат развојот на бебето, должини тежини и плус матичниот гинеколог за секој преглед должен е да ти удри печат, а тој печат е дкоаз дека трудницата одела на редовни прегледи. Доволни се минимум 4 печати, за матичниот гинеколог да ти одобри породилно боловање. Ова ви кажувам за во Прилеп, и на пораѓај мора да ја носиш мајчината книшка,за докторот кој те пораѓа да има основа.
    Ама како што читам од вас, секој си работи како му одговара, во нашава државичка изгледа битни се само паричките ништо друго.
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Јас во текот на бременоста сменив два гинеколози и ниту една од нив не ми спомнала за мајчина книшка.
     
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.452
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе речам,овде не се знае ни кој јаде ни кој пие. Мајчината книшка ми рекоа дека ми е задолжителна и дека мора да ја носам на секој преглед,и да напоменам, ја платив 300 или 200 ден, па од тогаш наваму сите податоци за мене и бебето ги внесуваат внатре, со исклучок на приватните прегледи (кај друг гинеколог) каде ми даваат компјутерски печатена листа со податоците.Го кажувам она што се прави тука, и не велам дека тоа е закон,само чудно е многу што секој различно си ја работи работата.
     
  14. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Затоа и прашав за мајчината книшка. Една работа е тоа а друга работа е што идиотот од матичен гинеколог ми има ставено погрешни информации во таа мајчина книшка. Само како пример ќе наведам дека си ставила сама госпоѓата дека не сум алергична на ништо, дека ми е прва бременост, осносно дека сум немала спонтан, си пишала и дека сум висока 170 цм, а јас кутрата едвај 160, килажата со која ја почнав бременоста ми ја утнала и што уште да ви кажувам. А настрана тоа што не ми ги заведувала прегледите и немам ниту еден печат ниту пак нешто за развојот на бебето. Е баш ова е мојата чудесна земја :^)
    П.С. Само усте нешто, а ако немаш печати во мајчината книшка или ако не ти дадат (има и такви) нема да те примат на пораѓај?!?!?!?!
    Ненормални ствари , луѓеееееее
     
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.452
    Пол:
    Женски
    ^ Тоа е грешка и тоа огромна од матичниот лекар, или од неговата сестра помошничка, зашто и тие некогаш ги заведуваат податоците. Мене за се ме праша, дали ми е прва бременост, последна менструација, пушач, алергии, дали сме користеле контрацептивни средства,потоа запишува податоци за мене, крвен притисок, тежина, ги внесува резултатите од крвната слика и мокрачата, па податоците за бебето и на нив последно удира печат.
    Тие печатите може и ништо не значат,Не значи дека нема да те примат на пораѓај(еве може нема да ти ја бараат книшката) или да ти одобрат породилно отсуство, но еве пријателка моја која од првиот месец е на породилно отсуство секој месец мора да собира по ТРИ потписи од различни гинеколози за да и се продолжува боловањето. Кој знае што е точно и правилно, т.е кај нас ништо не е сигурно.
     
  16. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Денеска бев на преглед,најнормално на ехо и се е во ред,неделите се совпаѓаат,девојче е повторно ми потврдија,крвта засега ми е добра,но си имам јас други маки,неделава многу стрес,дошол од Германија тој човек што не заслужува да го наречам татко,сакал да бил тука кога ќе му се родело детето,ама касно му текна,па и мајка му ме изнервира вчера и мене и моите.Дојде во ниедно време како тоа сум му забранувала на син и да не може да биде со детето,а притисокот од околината е се поголем и поголем.
    Гинекологот ми рече никако да не се нервирам,многу влијаело на бебето,па се трудам да не се нервирам.
    19 недела сум без 2 дена,влегов во 5 месец,6кг сум поправена засега,мислам дека е добро,а од 21-23 недела треба 4D скрининг да правам,па може некој да ми објасни како се прави тоа,што се прави,нешто околу него од тие мамички што го имаат правено и се веќе во поодмината бременост.
    Фемина ми е како место каде што можам да си се искажам за сите проблеми,а вас трудници ве чувстувам како мои блиски. :)
     
  17. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    jas majcinata kniska ne ja plativ,sama doktorkata mi ja dade i zavede se,moja tezina pritisok,razvojot na bebeto
     
  18. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Здраво и од нас, многумина ме прашуваат како сме, како тераме, па да не не мислите еве да се јавиме дека уште тераме со стомакот напред :D Секои два дена одиме на прегледи, се е во ред, бебушка е удобно сместена и нема абер за излегување, си кулира :D Секој ден во исчекување ни поминува, и тоа малку не стресува, ама малку, се трудам да не мислам на тоа како ќе биде туку да ги насочам мислите кон позитивни нешта како прошетка, слушање добра музика, смеење на штосовите на мажот ми, читкање книга, за да си ја чувам силата за чинот кога навистина ќе ми треба. Докторите велат дека има некоја грешка во пресметките, веројатно сум покасно зачната па затоа уште тераме, демек до крај на 41 недела е нормално, се надевам само дека нема да биде со провокации и итен царски :tmi:
    Ве читам во последно време се нови трудници, со лесно нека ви е. А кај се деветомесечните стомаци, ги има ли? :call:
     
    На zuto, Agrona и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    4D ти е обичен скрининг или поточно обичен ехо преглед само што разликата е што сега ќе го видиш како изгледа пореално и плус во боја :)
    Преку овој скрининг откриваат фетални аномалии и затоа е последен важен скрининг, бидејќи законски мислам до 23та недела се дозволени абортуси.
    Мене овој ми беше најинтересен преглед зашто можеш да го видиш како прави гримасички :) а во 2D тоа не се гледа.
     
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Џени се врати јеииии. :hug: Зошто ни се налути Џени душо ми недостигаше. :*
    На цуцка твоја не и се излегува душа мила. Еве не и нас мешковци веќе со стаж (така да се наречаме) јас сум полна 35 влезена во 36 недела или се' уште неофицијално влеговме во 9 месец со синко.
    Како ќе тераме и ние само еден Бог знае. Јас во вторник сум на прво цтг па со Господ напред само ќе видиме што и како ќе биде. Ќе одам да се запознаам со докторот што ќе ме пораѓа и оттука тој ми ја презема бременоста. Кај матичната ќе одам во четврток на последен преглед и брис за стрептокока ќе ми зема и така. Па, со Господ напред.
    Џени душо ајде уште мноооогу малку па обавезно да ни пишеш дека си породена и очекуваме понатаму и една убава породилна приказна. Со лесно да ти биде се најлесно да поминеш, Господ да ти даде сила. Па се читкаме. Те гушкам. :hug: :* :inlove:
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.