@Kallias2 @srce-9 да, како залади и кај нас, страшно. Сончево и ладно. Претходно барем чекав навечер кога нема луѓе да прошетаме, а сега ни тоа. Само дома седење и слушање за короната. Ништо од симптоми и кај мене. Јас некако малку и се откажав, ми падна ентузијазмот...знам дека некогаш ќе излезе, ако неќе сега што да му правам :/ Пред 10 дена докторката рече меко е, скратено, ќе биде порано...а на крај може и со провокации ќе завршам. Уфффф
И јас сакав да биде априлско бебе, јас сум 4ти април. Таман како подарок за роденден но нема ваљдада чека до толку Нестрпливи сме се повеќе но дај боже да биде се во ред па кога ќе одлучи да излезе тогаш.
Јас правев амниоцентеза, боцкање преку стомак се зема 20мл плодова вода во 17 недела.Важно е да најдеш добар доктор кој те боцка.Се мирува 2 дена и не е страшно и не боли.Приската ми излезе низок ризик,на скрининг кај Димчев беше ок,но сама одлучив да правам амнио за да си бидам сигурна.Иначе 36 год имам.
И кај мене исцедокот е пожолт нормално е? Ве читам на повеќето што сте при крај ви е жолт...Уште неколку дена ми останаа до термин
Здраво идни мамички..еве јас да ви одговорам..Јас сум 34+6 за малиот имаме купено се уште пред еден месец минатава недела се исправ и испеглав..Не користев омекнувач туку само ариел течен за бебиња е има бебе на сликата...за од болница купивме од оние комплетчиња што се за новороденче спакувани во кутија се 10-12 работи има во нив...плус спремив и хулахопки за ако е ладно ама не верувам да му ги облечам термин ми е 29 април си велам нема да е ладно тогаш
Бодиња има многу убави и убав материјал јас ги порачав од страна на инстаграм Giftforyou така некако се имаат од Примарк преубав му е памукот
И кај мене резултатите од приската не беа добри и во консултација со докторот се одлучив за нифти тестот кој излезе дека е добар и нема генетски аномалии. Инаку имам 37 год.
Женски ај и овде да прашам дали на рх- инекцијата што се прима е морално да ти прават тест на болница, дали има некој правено дали можи да си ја купам и да ми ја стават само за да не одам по болници сега?
Знам дека го прават ама кога велат дека секако треба да се прими на 28 недела таа инекција зошто да правам тест воопшто, па и инекцијата не е штетна , плус и да оди на приватно нека е. Само да не одам воопшто во болница има можност?
Ох ама оваа инекција ќе го запри процесот на антитела да се создадат а најмногу се правеле во последните месеци и можело да преминат затоа пак не сфаќам они ја дават секако да не се создадат не била никако штетна а сепак бараат да мериш дали и колку антитела има
Да и било морално сега да ја стават сите така ми рече матичен кои се рх- татко + една на 28 една после ако е бебе позитивно, јас ќе ја ставам ама да не одам по трансфузии и гинекологија на болница.Ем ми вели мора да ја ставиме ем да сум мерела
A dokolku za prva bremenost tie praven testot i primena inekcijata sega za vtora bremenost mora li toj test da se pravi ili moze da se primi bez da se ispita ? Dali znaes
Тестот мора да се направи, за да се види дали има антитела. Антитела се ствараат доколку имало некое мешање на крвта и доколку е бебето позитив, ако створиш антитела можеш да го убиеш. За да го заштитат бебето, ама досега на непроверено незнам дали дали...незнам кои се последици ако имаш веќе антитела. Мене ми е 3бременост и секогаш прво проверуваат па пуштаат, не смеат поинаку...а вие како сакате
А како ќе ја ставиш ти инекцијата кога се реди колку што знам мускулно, или венски? И треба да те набљудуваат одкако ќе ти ја стават, срце, притисок, не може да ја редиш сама