Јас користам аква марис baby, или аква марис clean. Во упатсвото пишува дека се дозволени во бременост.
Завршив со прегледот, ме прегледа и вагинално и со рака болно беше малце со раката, рече затворено е грлото, супер е. И должината е добра 3.5 уредно. Плодова вода супер. Бебка супер поголемка од неделата за 35 одговара. Ме стави и на цтг мн минимални болки , рече има малку, може диазепам да се напиеш од 2 вечер пред спиење, и магнезиум, и за две недели на контрола пак, бебето е со главчето доле ко што треба, значи се е супер, само џабе се тревожев.
Супер. Тоа е битното, штом е затворено грлото, не му се секирај ич. Уживај си сега. Магнезиум земај дупла доза кога имаш менструални болки, диазепам не ти треба
Еве и јас да си дадам инфо , на преглед супер поминав , бебе си одговара за неделите ама се измервирав малце , со ова коронава ако сакам да се породам за две недели нема да можам кај мојот доктор бидејки нова пракса на работа имале , законски доаѓаат на работа две недели и две недели се дома , и сега за две недели ке одам кај др доктор на контрола , упм , малце ме исплаши ми рече дека протокот малу е намален ама ништо страшно бидејки бебе си напредувало , искуства ? И може предлог др да знам каде да закажам нареден пат , уф тешко време дојде ама ај белки се ке заврши како треба
Во Плодност ова? Знам дека спомнуваше дека сакаш таму да се пораѓаш ако не грешам, затоа прашувам, треба и јас преглед да закажам.
Да во Плодност од нервоза не сум пишала , прашај си со време кога е твојот др , кај кој си и како си задоволна ?
Јас одев кај Крстинка таа ме води цела бременост но ми рекоа дека две недели нема да е на работа поради новиот закон. Се враќа на работа на 3ти Април а мене термин ми е 30 март...Се изнервирав дека кај неа сакав, но тоа е што е ако успеам да надминам термин 2 3 дена ќе е супер....ако не кој и да е друг доктор нека е само здрави и живи да сме не се сомневам во нивната стручност воопшто Не се секирај кој и да е доктор сигурна сум дека ќе е стручен... Ти кај кој доктор одеше на прегледи ?
Jas odam kaj dok.Vlatko Georgieski i sum zadovolna.I mene istoto mi go kaza vo odnos na protokolot na rabota.
Штом вака ти кажале, јас понеделник сум закажана за скрининг таму кај Др.Таше, можно е да не е тој на работа од понеделник?ти спомна точно од кој ден е тој 2 недели дома, или ти не одиш кај него?
Јас сум кај др. Марија Христовска, задоволна сум, иако за породување се уште не сум решила дали ќе биде во Плодност. Искрено, лично сметам дека сите се врвни специјалисти па ако се решам за таму ќе одам на среќа, кој се падне дежурен... За ниеден не сум прочитала лошо мислење. Фала ти што сподели уште утре да се јавам да закажам
Јас одев кај Обедникоски и баш денес ми кажа и малце криво ми падна , до душа мене термин ми е 22.04 а тој се враќа на 21.04 ама мн ми е тешко некако уште цел месец да чекам а сакам со царски , башка Велигден е тој период па ке видиме како ке биде немаш уште мн ти може ке издржиш уште некој ден да ја дочекаш докторката ххахаа А кога е тој на работа знаеш ? Мислам за Таше не важат правилава хахаха ама сепак да си прашаш најдобро , мислам дека денес Таше беше на работа а и скоро прочитав и видов слика породуваа жена со близнаци
Да дадам инфо и јас Бебка добро напредува 865гр има, 26+3 сум. Плодова вода има доволно, рачињата и ноџињата само и мрдаа. Ептен активно бебе е Шеќер не испитувам, рече и матичниот дека нема потреба. Наредна недела имам за испитување крв,ддимер и други некои работи..и така. Поздрав женски
И моето бебувче е добро 26+5, 950 грама. Само што многу се насекирав за цервиксот, се скратил и подотворен е од внатрешна страна. Ми даде утрогестан 2х200 и мг 2х300, ми рече да земам и 2 ампули флостерон па за 10 дена сум на контрола, ќе видиме најверојатно ќе ги примам тогаш. До тогаш ќе лежам, па се надевам ќе истераме и подолго
Jas prskav operil junior imav doma sprej se razbira maticnata mi odobri ama ne smee dolgo do 5 dena najdolgo
Без гајле, мислам дека кој и др да е на смена ништо не менува бидејќи сите се супер според тоа што имам читано од искуства