И мене ми откажаа на 6ти бев закажана за 2 скрининг .... а како шо разбрав воопшто не работат со пациенти за ништо ..
Исто и мене ми откажаа денес, нема скрининг и приска. Никакви насоки не добив ни за терапијата ни за каде да одам.
Преку матичен гинеколог да закажеш на државно? Како е на болница кај вас? Или директно докторот да го контактираш за понатамошна терапија
Еве ѕвонам сега во мојот град има еден гинеколог со 4Д ехо, ако се нафати, овде ќе правам скрининг. Во болницата има потврдено случај веќе кај нас, и ќе морам на приватно да се снајдам. Искрено, страв ми е да одам сега во Скопје
Како така ви откажуваат прегледи,барем скрининзите се врзани со одреден период од бременоста.Плодност е специјализирана за тоа,не смее МЗ да си дозволи таков пропуст,не ми е јасно ич. За поздрав се мерките во Мк,но со ваквите строги забрани прават паника кај трудниците. Ете може бар со “тунел систем” за дезинфекција на сам влез,да ги пуштаат без придружба,и да се изврши преглед. Алишан оди кај нас,нека те прими некоја од лекарките,сите важат за добри.
@lavinija28 @Babyiscomming @Jana06 @kremceemce @Talesia Сите сме крај на април почеток на мај со термините - сакам да ве прашам колку ви се активни бебчињата? кај мене не е активна многу, скоро ич. и се плашам, многу е мирна. а читам овде и клипови гледам многу клоцкаат бебчињата, кај мене е многу мирна. бев на контрола во средата , се беше супер со плодова, грло, бебе топ. а и денеска и претходните денови имам болки менструални, и доле ниско во половина, вие имате болки некакви?
Последните два дена не е активен. Ептен ако го чепнам или мм ако почне да му збори ама и тоа е мрзливо истегнување. Веројатно расне, јас така се тешам Иначе болки немав никакви ама ноќеска сум заспала во дневна и станав нагло за да се преместам... Не знаете какви менструални болки ме фатија, такво нешто досега немав осетено. Ми текна тука што пишуваа поискусните да мењам позиции и ако се лажни ќе поминат и така и поминаа. Мада имав и гасови многу може и тоа да беше, не знам. Ама цел ден таму ми е паметот Секако сакам да си поседи до крај ама и да се случи порано не се плашам,едвај чекам да го видам А и во ваква состојба како човек да остане смирен.
За две недели требаше да одам и баш се мислев кај кој доктор , сега уште кога прочитав дека др е заболен уште тоа ми фалеше уште толку паника ме фати
Јас ќе одам кај матичната веќе сум 20та недела , а тие дури после еден месец со работа ќе почнеле ...
Во темата за корона, мислам дека жени од Бт имаа пишано. Син на Таше ако разбрав добро. Веројатно на пресот ќе има детали.
Значи навистина безобразно од нивна страна , зошто побрзо не ја затвориле болницата ??? Свесно ги изложуваат родилките во опасност , срамота , тек сега се преплашив поготово бидејки бев на преглед во средата , носев опрема но ништо не е гаранција уф уф зошто Господе и дали некоја од членкиве била во Битола овој период , дали ке се тестирате ??
еве докторката објаснила https://www.slobodenpecat.mk/doktor...-trudnicza-so-kovid-19-predvremeno-se-porodi/
И моево е некако мрзливко, ептен ако легнам па да почне да мрда а и немора да значи, некогаш и да лежам тоа си спие. Нема простор за паника сега најмногу растат па затоа се мрзливки. Уште малку ќе си ги гушкаме