Вие се мислите зошто се мрзливи а јас па зошто толку многу се движи баш сега кога треба да излегува. Помина терминот од вчера наваму и абер нема, ниту било какви симптоми. Се плашам некако, спомнаа породување со провокации ако не се роди една недела по термин.
Убаво му е кај мајка му во меше. Ајде ајде секој момент може да биде кај тебе, па макар и со провокација. Јас колку што знам не мора да имаш симптоми за пораѓај, ќе те изненади кај и да е
Да се самоцитирам, (се извинувам за офф топик) докторот објавил на фб дека не бил нигде надвор од државата последните два месеци и се сомнева дека вирусот го добил од пациентка. Првиот тест го направил кога ги добил првите симптоми и истиот бил негативен, самоиницијативно правел втор во Жан Митрев кој бил позитивен. Наводно престанал да оди на работа кога прв пат забележал покачена температура.
http://ohridsky.com/2020/03/28/Болницата-Плодност-во-Битола-од-де/ Има некоја од Битола? Некое инфо да каже.... Во Плодност имав у план да се пораѓам ........
Ajde kaj sto.se razolel sinot na Tase l,Hristijan tuku i mojot maticen vo Ohrid e vo karantin.Zena mu e pozitivna na COVID 19. Sega kaj se odi bog znae.Vo Plodnost nikako mislam deka i ke zatvaraat bidejki bebinjata i rodilkite gi prefrluvale na drugo mesto. Gospod da gi cuva site. Strasno
А да си закажеш ремедика или систина? Секако од кола во амбуланта и назад. Ке знаеш во колку часот си,немаш контакти со никој. А и доста е празно да кажам со ситуацијава. Само на закажан термин тие што се. Раат да си. Ау,што ги најде гинеколозиве...Битола,Охрид....
Да, ама тој сигурно имал контакт со други доктори! Од кај да знам дека докторот што ме прегледа не е заразен, а и самиот незнае?
Моево бебче ептен активно, а јас многу поспана и уморна. До сега цела бременост немав замор и такво нешто, сега ме стигна. Докторот од Чаир ми кажа да следам притисок да не биде висок, а мојов сигурно е ептееен низок. Баш ми е криво за Плодност и трудниците од тој дел на Мк, кај и за тоа сега да се секирате, издржете, нека помине со лесно веќе ова лудило.
Нека не чува господ, во слична состојба сме. Се надевам дека индиректниот контакт е послаба варијанта да се зарази некој.
Ме чуди што докторот од битола кажува дека работат заштитени и пациентите ги дезинфицираат на влез и истите се без придружба а се заразил од пациентка? Значи ли тоа дека никаква заштита не помага?
Тоа значи дека сите го прават херој , па уште се буни што го напаѓаат , скоро прочитав дека пораѓал до скоро и кој ги штити пациентките ???? Свесно ги изложил на опасност а сега глуми светец , страшно е ова , не пуштаат придружба а којзнае колку пациентки тие имаат заразено !!!
Дечки па немора веднаш со осуди, се случило луѓе, на секој може да се случи веќе не знаеме кој е болен а кој здрав. Затоа викам јас со сите да се однесуваме како да се заразени, поготово ние. Еве пост, си објаснил чоекот. Инаку син му на Таше е ова. Почитувани Битолчани, мои сограѓани. Ми фрлифте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство. Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн. Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства). Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен хитните) но не и раѓањата. Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки. Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни. Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 38. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Тестот беше направен и беше негативен. Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја 1 час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин. Петтиот ден добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот(типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дек сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби. Сега доаѓам и до заклучокот дека ако не инсистирав на второто тестирање за КОВИД19 (а имав оправдување дека имав негативен тест), ќе поминеше како грип. Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас - со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин. Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои. Да ми сте здрви и живи за „на век“.
Револтира фактот што работат со ранлива категорија , башка што вршел породувања цела недела , зарем е тоа во ред ? Што да кажам јас веке сум 36+3 , што ако сум носител , едвај стигнав до тука за некој да си поигрува со нашите животи ??? Со покачена темперстура тој правел операции ? Па уште го величат што јавно признал ??? Премногу сум изреволтирана и најстрашно е што никој не дава насоки дали треба ние што сме ја посетиле болницата да се тестираме или не ? Оставени на волјата на Бог , срамота и греота е ова , уште лажат кога се јавив да прашам фондот ги заострил мерките и ке прекинеле со прегледи некое време , мизерија !!!!
Дали може некоја да ми каже ова:Бремена сум,бев на doktor na 6 г.н и 3 дена,докторот виде само бременост без внатре да има плод,дали од ваква бременост може да се очекува нешто?Ми рече да дојдам после една недела.Ваш коментар може ќе ми помогне
Те разбирам, Не оправдувам, не го ни знам чоекот а не сум ни била во плодност никогаш но сигурно да знаел дека има корона немал да оди на работа. Бил совесен и одма се тестирал, откако покажал тестот дека е негативен се вратил на работа, тоа ми е зборот не одел сигурно намерно на работа за ус пат да зарази некоја трудница или родилка. Нема врска, можда и ти си у право дека воопшто со покачена тт не требал да оди на работа, целта на муабетот ми беше дека превземал мерки и тоа втор пат се тестирал и покрај негативниот прв тест, самоиницијативно. Не се грижи да се надеваме дека сите ќе бидете здрави и прави, сите во меѓувреме што ја посетиле болницата, сигурно ги има многу. Дај боже, но ова станува страшно од ден на ден треба поригорозни мерки да се превземат дефинитивно! Тестирај се драга за да бидеш мирна. На крај краја ако е точно како што кажува дека се заразил од пациентка, тогаш пациентката е виновна што со симптоми одела на прегледи и испозаразила пола болница. Да не знаеш на кој да судиш работава. Незнам што да кажам. Лошото е што за време на инкубација 14 дена и повеќе не се јавуваат симптоми.. така да и одма да прекинел со работа пак ќе имало последици и клиниката ќе беше затворена, како и да вртиш лошо е. А ги осудувам најстрого за тоа што не ви кажале за што конкретно се работи, и не ве советувале за понатамошни прегледи и сл. а не да измислуваат глупости ко божем нема да се дознае и рандом со измислени причи да откажуваат закажани прегледи!