Ја и ти исто машала сме, ќе се тркаламе до крај како топки колку си висока ти ? ја ниска сум 155 мечка
Околу 165 сум, а не дека сум нешто многу поправена само чудно ми е вагата што покажува толку многу. Да, имам ставено во нозе доста ама искрено вака добро се осеќам. Мада уште цел месец има, а затворена сум дома можно е да качам уште доста Ќе се вадам на вонредната ситуација, па после здравје теретана не ми бега.
Кај Котларова ќе одам јас во петок, требаше кај димчев ама незнам зашто чоекот уште нема термини од 6ти април натака. Неможам да чекам касно ќе ми биде. Така да имам слушнато доста позитивни искуства за Котларова.
Има ли некој список за потребни работи за новороденче во првите 6 месеци да речеме. Ама се до детал да е опишано по можност
и кај мене исто, не изгледам за толку ама вагата така кажува, а ја поправена сум сегде и нозе и раце, ама мешево ме вади, прави илузија - демек само мешето ми е
Од др. Афродита Стомнарова ... кај неа бев секоја втора недела на преглед (за второ мислење поради ризична бременост) и презадоволна сум од нејзиниот пристап и детални прегледи...
Ѕирни во подфорум Бебе, има тема за тоа што е потребно за новороденче, многу е пишувано. Врати наназад, има и списоци и коментари. Земи си ливче и пенкало и запишувај Имаат во темата пишувано и мајки на близначиња. За до 6 месеци не знам дали ќе добиеш одговор, но ќе најдеш за почетокот што е потребно.
Феминки, денес почнав со Аспирин од 100 мг. Замислете сабајле ми се јави докторот да види како сум и ми рече да појачам доза Утрогестан на 3x1. Вие што пиете Аспирин би сакала да ми кажете дали земате од оној на Bayer во зелено-бело кутивче? И исто така во упатството пишува да се зема пред јадење , а мене докторот ми рече после јадење...
Оли може ли линк од форумот, неможам да го најдам Да тој на Баерн го зимам веќе 6 месеци од 100 мг. По јадење.
Да, Аспирин протект од 100. Секое утро на гладно во 8 го пијам 8 месеци. Линк од форумот. Темата е: Што сè е потребно за новороденче?
Морам да се надоврзам, и јас правев кај Стомнаровска втор скрининг и сум многу задоволна од докторката. На се' обрна внимание