Има ли некоја што била на цтг во Чаир сега од кога е ова со коронава? Јас разбрав дека не примаат, само со болки и пукнат водењак
Јас вчера и денес цели денови се занимавам со правење колачи. Досадно ми е, а не сакам да излегувам. Куќата е чиста како никој да не живее во неа, секој ден поминувам по 2 пати подови. Сопругот ме зафркава дека ако продолжам вака ќе ја извадам бојата од ламинатот. На преглед не сум била точно 1 месец, мојов матичен беше во карантин и тек сега почнал да прима пациенти. Ќе се јавам утре да закажам. За здебелена, многу сум здебелена, вагата ја превртувам, а на огледало кога се гледам не изгледам толку страшно. Вчера порачував од Енци Менци кадичка за бањање, козметика, стерилизатор и количка избрав. Креветче веќе имаме дрвено и душек, транспортното креветче е купено од пред еден месец. Сега си размислувам, ми недостига облека уште и пелени, марамици, подлоги. Од интернет некако не ми се порачува облека на невидено, имам порачано неколку работи и не бев баш задоволна, памукот не беше мек. Да се смири малку ситуацијава па ќе излезам до некој бутик за деца или беби шоп. Ако ептен не се смири работава ќе ставам маска и ракавици и ќе прошетам набрзина и ќе купам тоа што треба.
Значи јас веке сум задоцнета 36+5 сум утре трк на доктор , досега не сум направила ич последно др ми рече нема потреба ??? Цела сум во мисли ...
Не се грижи воопшто. Доколку немаш болки или стврднувања на стомакот не е страшно ако немаш правено. Јас веќе 4 пати одам. Од 36та недела почнав, ништо посебно не регистрира бидејќи уште е рано тогаш
Jas pocnav od 35 nedela. Kaj mene pokaza dve kontrakcii ama jas nisto ne osetiv. Podobro e da se pojdi
Исто. Нон стоп се будам на грб. Имам перница за трудници но најмногу уживам кога ми е под рамена а јас на грб, никако не ме додржува на страна. Вртењето исто ми е многу тешко, дури и мускулни болки имам во стомакот константни.
@Jana06 извони малку Ништо посебно. Јас слушнав дури и звук покрај тоа шо одетив ко пуканка и истиот момент си реков ајде водењакот ама ништо. Интересно чувство е
Не се секирај. Јас не сум во Мк,овде(Швајцарија) не се прави воопшто цтг,сметаат дека е непотребно ако нема индикации. Денес(39+1) си бев кај матичниот,притисок и уринокултура ми беа проверени,виде како е бебе,вода,протоци,пулс,стомаче гледаше внимателно дали се храни и тоа.. Сега ке чекам болки @Enci200 честито мајка Живи здрави и среќни да сте
Ајде ке отидам утре зс мирна глава , немам стврднувања нити болки , само ми тежи бебе тешко можам да стојам Ке отидам да видам што ке кажат Хехех се се заборава , мислев цела вечност треба да помине додека влезам во 9 ти а веке една недела скоро ја раситнив мајки лавици сме , Бог леснина да ни даде на сите *
Добар и убав ден на сите. Се извинувам јас ако сум малку досадна но ако не сте ми вие тука ќе се мрднам... Само да се пожалам дека од утрово ич несум расположена, ме боли главата и ми се гади некако, не ми се прави муабет со никој... Не ми се ни вклучува на социјалниве мрежи од прашања дали сум се породила