Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Фала ви Rusi i Girl-Miri. Веќе два дена имам стварно големи болки во половината, во долниот дел точно над задникот. Помалку ме боли само кога лежам и не мрдам. Инаку на сабајле помалку боли, а после тоа не можам да дишам од болка. Болката ми се пренесува на препоната долу и ми се укочуваат нозете (особено левата) и ме вијат како за добивање. Ама не ми се на интервали, туку константно боли само ако мрднам.
    Можеби се спушта па се шират колковите...Можеби е и некој нерв. Ќе видам денеска да не се оптеретувам многу па ќе видиме како ќе се одвива. Во секој случај ми е тешко, како болна се чувствувам. :(
     
  2. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Штом те боли многу нормално дека треба да одмараш, најдобро консултирај се со лекар може ке ти каже точноод што те боли, и јас исто претпоставувам дека е некоја комбинација од ширење на колковите и некој нерв, ама како и да е консултирај се.
    Мој совет доколку можеш да се движиш е да пешачиш што е можно повеќе. Јас со првото исто имав проблеми со левата нога, ми се кочеше, ама упорно се движев и резултатот беше навистина лесен пораѓај и на тебе ти посакувам ист таков. Тогаш др. Димчев ми рече " вака можеш 100 деца да родиш, глумиците на филм повеке ги боли од тебе" :D :D :D
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Здраво мешиња, ние да се пријавиме дека сме супер, штом има сонце и ние цветаме :rofl:
    Инаку вчера си најдов матичен гинеколог, во Железара, ми ја фалеа женава па си реков се надевам нема да погрешам. Се чудеше како тоа ми се внесени погрешни податоци во мајчината книшка и зошто не ми го заведувала секој преглед??!?!?!? Среќа што одам и на паралелни прегледи на приватен гинеколог, па од нејзините извештаи ми внесе се како што треба во мајчина книшка. Ми падна терет од душава.
    Сакав да прашам, нешто ми спомна вчера матичната за проверка на скриен шекер на клиника, има некој искуство? Ми рече треба околу 28-ма недела да се прави испитувањето, но претходно да се закаже.
    Поздрав мешиња и имајте убав ден :*
     
  4. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња. Денес бев на прво цтг во Чаир со пријатели нормално си закажав. Во ред е се фала му на Бога. После тоа се запознав со докторот што ќе ме пораѓа д-р Георгиев многу добар и стручен доктор дефинитивно. Ме прегледа на ехо и ми рече малиов дека според менструација е 34 недела + 5 дена, е арно ама според тоа како напредува машала 2900 кила, и според димензиите на главчето и телото излезе дека е 36 + 1 ден, вика машала голема глава. :lol:
    Веќе и тикеров не знам како да го направам. :lol: Ми рече веќе си влезена во породилниот период, но според менструација си вика 34 + 5 дена и се смееше вика може претходно си зачнала па си добила менструација па после тоа си видела дека не ти доаѓа и си направила тест и позитивен. Па си реков може да е до тоа. Па терминот вика ти е на 21 јуни (според последна менструација) па после вика според растот на бебето на 9 јуни. Ај си викам јас да си ја спремам торбицата не ќе е лошо да си бидам спремна за секој случај. :) Битно бебуш е во ред добар е си расте уште, но ме загрижува тоа што сум слабокрвна и ми рече да испитам и крв повторно да видам до каде сум па да ми даде нешто за зајакнување на крвта или фероглобин (а јас веќе ги пијам нив) па ќе видиме еве да испитаме сега во четврток крв. Исто така и кај матичната сум на последен преглед па со Господ напред да си земам и упат за во болница и да си отворам породилно.
    Имајте убав ден мешиња. :hug:
     
    На Kitten, LaDyDoLl, Adina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Јас проверував скриен шеќер ама во Авицена. Останав околу 2 ипол часа таму. Прво боцкаат, па даваат глукоза да се испие една чаша, па по еден час пак боцкаат, па пак чекаш еден час и трет пат боцкаат и толку. Платив 700 денари.
     
  6. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Во која недела проверуваше скриен шекер? Дали е задолжително и ако не, според кои симптоми одредуваат дали треба да се испита или не, ако знаеш нормално :)
     
  7. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    И јас требаше да одам во Авицена да испитам скриен шеќер, но не бев добра тогаш и не појдов. Па и реков на матичната вака и вака јас не појдов па ми рече добро биди здрава и жива не е задолжително, така што, не знам според мене убаво е да се појде, но ете јас не бев бидејќи навистина не бев добра тогаш таа недела.
     
  8. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Гушки за мешетооо :* :*
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    40.786
    Пол:
    Женски
    Агрона ти спреми си ја торбицата , па кога бебе ќе е спремно ќе си излезе :D
    Кај мене на сите мерење бебето си беше со тежина од 3400гр. за на крај да излезе бебе од 4кила :)
    Така да тие мерења не се баш точни .
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Здраво мамички како сте? Ние сме добро. Утре одам да го видам бебушот. Конечно.. Па ќе ви пишам како сме поминале. И да видиме дали конечно ќе се обоиме во Термини на породување :D

    Да се надоврзам за муабетот за скриениот шеќер :) јас имам закажано за во 26 недела, а гледам вие дури накај 30та недела испитувате :?: Но добро сигурно овде е така. МачецнеЕна ти која недела испитуваше?
     
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Мислам дека проверував во 27 недела, еве гледам по датумот. Тогаш ја сменив матичната и новата ме прати за секој случај, не дека имаше некоја посебна причина. Претходната никаде не ме праќаше, дури ни пап тест не ми направи.
    Инаку мислам дека за скриен шеќер најчесто ги праќаат оние на кои им е понапредно бебето за неделите.
     
  12. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Во која недела проверуваше скриен шекер? Дали е задолжително и ако не, според кои симптоми одредуваат дали треба да се испита или не, ако знаеш нормално :)[/quote]

    Мислам дека проверував во 27 недела, еве гледам по датумот. Тогаш ја сменив матичната и новата ме прати за секој случај, не дека имаше некоја посебна причина. Претходната никаде не ме праќаше, дури ни пап тест не ми направи.
    Инаку мислам дека за скриен шеќер најчесто ги праќаат оние на кои им е понапредно бебето за неделите.[/quote]

    Фала ти zuto, откако слушнав за тој скриен шекер страв ме фаќа од тоа дека треба да ја испијам таа гликозата, неможам да го поднесам тоа, воопшто сум скарана со благо и шекер, посебно во толкави количини. Затоа прашав дали според некои симптоми се одлучува дали треба да се испита или не. Во секој случај ти благодарам за одговорот.
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    40.786
    Пол:
    Женски
    Уф wtff не ми текнува кога проверував овде , ама одприлика тука 27 до 30 недела е :)
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Нема зошто, затоа сме тука. :)

    Инаку мене денеска ми е подобро со болкиве, ама вака ми беше и вчера на почетокот на денот. Само денеска ќе гледам многу да не се оптеретувам па да видиме дали е можеби од тоа. Вчера перев пеглав завеси, па се качував на скала да ги закачувам. Да не зборувам за останатите домашни обврски и шетањето. Денеска ќе бидам попримерна ;)
     
  15. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Епа ти си претерала со активности, несмееш толку да се оптеретуваш, сега само одмарај и веројатно ке се смири болката. Поздравче
     
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    35.452
    Пол:
    Женски
    Super - Mama бебешка псотелнина и обиколка за креветче можеш да најдеш скоро во секоја продавница за бебешка и детска облека, плус поевтина отколку во Алф. Помини во Теди, мислам дека имаше таму и во секоја продавница кај ,,Бањата,,. ;) ;) ;)
    поззззз
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    Здраво идни мамички, еве и јас да се "пофалам" дека исто како Жуто си направив проблем вчера, преместував стари чаши, складирав по кутии за да се симнат во подрум, и после цела вечер ме штрекаше стомакот и матката :(
    Кога легнав и киселини ме фатија со нагон на повраќање, контракцииве не се смируваат, уште и детево игра ко лудо! Во еден момент мислев да го терам маж ми да одиме на лекар. Среќа лапнав лажица таан кој за пола саат ми ги смири киселините, но уште дооолго се вртев низ кревет со контракциите.
    Незнам како ќе издржам до крај само да лежам и ништо да не правам, ич не сум таков човек :?:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. carolina88

    carolina88 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    24
    Леле ми почнаа мачнините и повраќање од вчера :( Само повраќам нешто жолто. Сега сум околу 6 недела, и еве се што ке изедам право повратам :( :(
     
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Јас да ви кажам дека ниту синко притискал, ниту нерв бил. Полека полека почнав да си качувам температура. Сега јасно е што била работата. :( :worried:
     
  20. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Мене од тоа притискање на нерв 9 месеци ми трнеше раката :)