Одите ли на контроли во ова време ако не е итно? Јас имам закажано редовен преглед за утре ама се размислувам да го откажам поради ова со вирусот. 32 +4 сум.
Јас денес бев за брис во 35 недела. петок треба да одам пак да ми направи последна контрола матичната (што можеше и денес ама ај).И понеделник ако имам бактерија можи пак ќе треба да одам...А и до понеделник треба и на цтг да појдам (како прв преглед и договор со доктор на одделение)....Ама не сум од ск....
Јас не знам кои брисеви сега ќе ми ги проверуваат рано ми е уште за стрептокока, а претходно проверував цервикални и вагинални. Треба утре да одам... Докторката ми рече да отидам утре. Мислев дека ќе ми одложи за две недели ама не.
Колку силни контракции покажа? Валда не до 100 ка...инаку кај мене беше така во предходната бременост во 8 ми месец ,добив болки дома т.е ме сечеше напред и назад половината и знаев дека тоа е тоа. Отидов на цтг кај мојот доктор каде што покажа контракции до 30 незнам зошто испаничи мојот доктор и ме прати на болница,таму ме примија ми ставија инекции за зреење за бебето и инфузии со незнам какви инекции кои ги немаше во болницата (сама ги набавував) за намалување на контракциите. Лежев 1 недела и ме пуштија дома,исто грло затворено истерав до 9 ти месец па се породив со царски. Така да ако не се високи не паничи само повеќе одмор ..со лесно
Тие болките кои ти се јавиле во 8 месец, колку денови ги имаше и колку пати на пример на ден? И кои се бројките коинсе јавуваат на цтг (од колку мин до колку се движат мах)? Фала...
Луѓе одите ли вие на редовни прегледи? Во петок сум на скрининг, но се јавив да си закажам редовен преглед кај мојот доктор сестрата ми вика само итни случаи примаме. Како може само итни? Не ми е јасно. Наводно редуцирани им биле прегледите, одмори се користеле, ако сум сакала контакт само телефонски па ке ми кажел докторот дали ќе ме види или не. Ептен се изнервирав!!! Како е кај вас? Инаку ова е за Ремедика. Имам милион прашања што сакам да се консултирам, башка близначка бременост, а и сакам он да ме види на ехо... се разочарав некако како може да не можам да го видам докторот што ме води!!!! П.С. инаку Димчев следната недела е на одмор и има термини тек од 15.04 да знаете, ми се јавија од систина пошто им оставив контакт за вториот скрининг, но сепак кај Котларова ќе си одам..знам некој прашуваше па еве инфо.
Јас денеска бев во Ремедика за брис, кога се јавив им реков преглед да закажам, не ми спомнаа ништо за итни. И докторот денеска ми рече во понеделник да одам без закажување. Можно е твојот доктор да е на принуден одмор, па затоа да доаѓа само за итни случаи.
Колку на ден не се сеќавам ама се намалија со инфузиите инаку мах е до 100 тогаш значи бебе излегува ,ако се чести на ова ниво значи дека треба да раѓаш јас имав ретки до 30 ,ми мереа 4-5 пати во денот ,но неколку дена предходно осеќав стврднувања на стомакот, а болки само еден ден.
Здраво мамички..денес бев на ехо по последна менструација сум 36+0 а според мерките на бебето 35+1-2 значи цел недела е поназат (така е од 33 недела пред тоа беше таман со неделите) Е сега ме мачи тоа што постелката е 3 степен и досега ми беше краен термин 29.04 ама сега заради неделите ми го пиша 04.05 до кога можи бебето да се хрни нормално и ако веќе е здрел постелката има место за паника? Јас веќе се шекнав со оглед на тоа дека не сум пушач не пијам алкохол не седам во просторија каде што се пуши а постелкава сепак здрела како за пред раѓање а имам 5 недели до термин...
Spored mene nemas potreba od griza zosto nikogas nemoze tocno tocno bas ds se izmeri kolku e plodot, a i ne e nisto strasno ne e 2 nedeli toa e samo 4ri dena. Nemam iskistvo no mislam deka nemas potreba da bides tolku zagrizena,ke si raste se kako sto treba.
За втор скрининг бев закажана Плодност , ама ради целата ситуација прегледот ми го откажаа и денес бев кај матичната таа ми направи преглед... и јас сакав да ме гледа докторот од ивф ... ама тоа е што е .. да се среди ситуацијата ќе отидам на преглед и таму,инаку докторката ме гледаше 30мин се убаво ми објасни рече бебето е добро 20+4 сум .. сега само добро мисла и да чекаме да помине ова лудило со Короната
Засега нема место за паника затоа што е неколку дена назад не е недели,штом постелката е зрела докторот треба да ти направи доплер да види колку има проток на крв ,кислород и храна ,кога ти е следна контрола? Јас бев 33та недела кога плодот одговараше на 31+6 ,рече ок ама во 36+2 одговараше за 33 та недела и одма ме прати да се породам ,бебето повеќе не се хранеше. Мое мислење ќе видиш на следната контрола колкави се мерките,сепак си во безбедна зона
I mene taka za redoven pregled ama rizicna bremenot so skrateno grlo i i maticnava mi vika samo itni i ne sakase da me primi ,zedov na klinika si otidov na pregled
Па кај матичната кај што ја следев бременоста денес ми беше последен преглед не ми спомна ништо за доплер сега секоја недела треба да одам на болница кај докторката кај која што ќе се пораѓам...и тука нервози плус не примаат пациенти трњба да му се јавиш да ги замолиш па и да ги почестиш некое € За да те прими...
Офффф...а да одиш пак кај матичнава да побараш доплер,оти кај таа што ќе се пораѓаш сигурно само цтг ќе ти прави,од кој град си?
Денес ги зедов резултатите од крв и ддимери. Утре ќе одам кај матичниот да ги види. Ама стварно не ми е јасно како може железото да ми е пак ниско На почеток од бременост ми беше 6, пијам сидерал од тогаш, го качив на 11 и од 11 за еден месец да се спушти пак на 6, а при тоа го немам прекинато сидералот. Ќе ги ставам во спојлер резултатите, ако може некој што разбира да ги види, благодарам Spoiler: Резултати Инаку пред 2 дена ги правев испитувањата. 27ма недела сум
Од прилеп...сега и да и се јавам не верувам да ме прими оти топ е со работа другите гинеколози не рботат кој си зел одмор кој прима само итни случаи и сега кај неа покрај незините 5.000 пациентки се и од остантиве двајца