Сакам да го споделам моето искусто во врска со ситуацијата...Денес влегов во 26та недела и јас како сите вие или скоро сите несакав да одам на прегледи(5 недели) ама си помислив подобро да отидам сега кога бројот на заразени е помал отколку да чека а потсвесно тоа ќе ми мава пасиха зошто повеќе време немам отидено на контрола. Инаку супер се чувствувам освен сите нормални појави:болки во крстот,не спиење,препотување....Дома сум затворена 22 дена. На преглед Др. виде дека имам две мали незначителни лакуми ама ми напомена обавезно да си ги испитам д-димери и хемостаза. Вчера завршив со тоа и резултати катастрофа. Димерите 3500, можам само да кажам: -Фала му на Господ затоа што отидов на преглед и што се се откри на време. Денес си ја примив втората инекција и сум многу по смирена после шокот што го доживеав вчера. Јас немам отоци, здебелена сум само 3-4 кг. Вака се изгледаше супер,но никогаш ништо не можеме да знеме што се случува во нас. Мој топол совет...Одете си на котроли,заштитени со се што треба но одете,не ги прескокнувајте.На сите ви посакувам лесна бременост,многу здравје и среќа во овој тежок период.
Не е баш така иди на контроли. Еве денес бев во Систина, притисок ми се крена што мислам како цел ден се возев во лифт со уште 4 луѓе. Дур чекав во ходник маж и жена ми поминуваат пред мене влагаат во тоалет. Се ми изгледаше како потенцијална закана. Уште кога се симнав да ди одам, 20 луѓе чекаат пред влез им мерат температура. Абе никако не си што да речам. Мислев ќе има помалку луѓе, тоа полна болница
Пиши во search 'грозје' или 'ореви' ќе ти искочи рецептот што го имам напишано. Железото за 1 месец го качив на 27. Со хемоглобинот потешко ми иде ама битно се покачува.
Имам една мака, се мислам многу. 32+4 сум, и матичната ми кажа да сум одела кај неа на контрола, за СИТЕ брисеви да ми ги земела. Арно ама, од Плодност, др. Кристинка ми кажа после 35та недела да одам за стрептокока брисот, и во 37ма недела кај неа на контрола. Е сега ми е маката, дали да одам по тоа што ми кажала матичната? или по тоа докторката од Плодност. (таму ке се пораѓам) И кои се тие други брисеви што се прават ? и што е најбитно, многу ми е грдо брисеви коа ке ми зимаат, и гадно ми е , и све ... мразам да ме чачка некој .....
Каде испитуваше ддимери и хемостаза? Се јавив на матичната да прашам за кога да закажам да проверам скриен шеќер и дали треба друго да проверувам. Ми кажа да испитам ддимери, сега незнам каде е подобро во смисла да нема гужва.
Во врска со железо и хемоглобин, на 6 март железо ми беше 10, хемоглобин 110. Пиев досега сируп Фероглобин по препорака од докторката. До наредна проверка на крвна слика (вчера) испив 2 шишенца(се пие 2 пати на ден). И сега железото ми е 14 а хемоглобинот 118. Баш ме чуди дека за нецели 3 недели ми се покачиле. Немам нус појави од сирупов, поднослив е. А исто се' внесувам од страна на храна, наутро мед обавезно со семе од коприва. Дури овој пат немав земано какао зрнца (минатиот пат земав). Е неколку денови си правев рендано цвекло, јаболко, морков, портокал, лимон , мед и оревчиња ама не верувам дека од 3,4 пати толку ќе се покачат...Од друга страна пак, цела бременост шеќерот ми е околу 4,3 а овој патнмк беше 5 и нешто...Видете со овој сируп ако имате потребс, консултирајте се со матичната...
21 недела сум веќе ми се ближи контролата ама викат дека работеле само со хитни случаеви... кога се зимаа вторите брисеви во која недела?
Доколку имаш правено брисеви во 12та недела, наредните ти се во 35та. Сега овој период се прави вториот скрининг. (20-22 некаде викаат и до 24та недела)
Искрено не знам со колкава јачина беа, остана таму листот ама утре ќе погледнам. Јас лажните ги осеќам од почеток на 5ти месец и сега не осеќам ништо поразлично, се навикнав веќе на тие стврднувања и грчеви... болки не сум имала. Па ќе видам утре што ќе ме советуваат, се надевам ќе си поседи бебче уште малку внатре
Супер ти се резултатите,протеини внесувај малку повеќе албуминот ти е намален,а за железото освен препарат со железо за подобар ефект земи и б12 и витамин ц.
Над 3000 д димери во претходната бременост се боцкав клексан 0.4 по 2 х 1 или фраксипарин 0.6 по 1.Контрола точно на 3 недели.
Дали некоја од вас вежба дома? Ако може да споделите апликација, видео, книга? Заради гестацискиот дијабет ми рекоа обавезно вежбање.
Дуникааа хелоу, баш помислив на тебе уште не си породена? Ќе биде, чекај си уште малку на средба со бебушот.