И јас вчера истото го доживеав. Не очекував толкава гужва и неорганизираност на самиот влез на болницата. Иако носев маска, не ми беше пријатно да влегувам со толку луѓе и плус да се возам во лифт... Стресно беше.
На мене сега ми рекоа еднаш дневно и контрола за 10 дена... Па ке видиме какви ке ми бидат резултатите за една недела. И за колку време успеа да ги намалиш до некоја нормала? Фала ти
Денес бев да испитам железо во авицена и добив друг резултат . 11 ми е железото. Овие од државна не ми е јасно кај ја најдоа 6ката..
Таа бременост никако дека и со близнаци до 5000 ми достигнуваа.А оваа бррменост од трети до 5 месец и ми ги прекинаа еден месец не се боцкам, па ќе видиме за 2 недели ќе правам анализа.
Сега се вратив од преглед. Немав одено од 27 февруари.. Ми беше ептен страв и не сакав ни ден повеќе да чекам. Докторот набрзина ме виде, не дозволува долго задржување. Сите со маски и ракавици. Сестрата исто стоеше на растојание. Ми кажа да земам витамин Ц од 1000мг. Бебето е добро, рече дека си напредува, срцето супер, 1960 грама тежи, ми кажа дека половите органи се добри и дека симетрични му биле.Не ме прати во лабораторија, не ми мереа ниту тежина ниту притисок. Ми кажа да не одам без потреба никаде, на следен преглед за 4 седмици за да земеме некаков брис. Го прашав што ќе се прави во врска со породување,каде ми препорачува,како ќе биде. Ми рече да не мислам сега на тоа, ќе сме чекале да се види ситуацијата со вирусот и на следниот преглед повеќе ќе сме зборувале околу тоа. Ми кажа да зголемам магнезиум, да внимавам на исхрана и тоа е тоа. Постелката била супер. Малку се плашев што ќе каже за постелката бидејќи последните 2-3 недели малку сум под стрес и имам запалено некоја цигара..Ми рече да сменам витамини да земам ако сакам Прегназон, а не знам кај ќе ги барам сега тие. Рече дека овие што сега ги земам се исто добри, па ќе видам дали ќе ги менувам..
Јас во 12 недела, и мислам не ти е паметно да одлозуваш затоа што ако се позитивни треба терапија, воспротивно мозе да има реперкусија на плодот؟؛
Тие ги имам правено, сега сум 32+5 , а колку што знам само за стрептокока се праи у 35та, а сега кои други ? и за што ?
Ги имав целосно баталено откако дознав дека сум бремена. Сега не знам што ми се случува. Не претерувам никако, само некогаш кога ептен не можам да издржам..
Pregnacare plus. Од почеток постојано сум со тие. Еднаш само не можев да најдам такви и имав земено премама дуо.
Како се со цена? Јас Фемибион 2 земам сега, ама ги поскапија скоро. Да не одам оффтопик ептен Си одам јас редовно на прегледи. И брисеви и торч на државно правев. Ама тогаш немаше случаи во градов. Сега има, па не знам како ќе биде. Докторката што ме води работи на државна гинекологија тука, и приватно има ординација дома.
Околу 900 денари се pregnacare, 28 има во пакување, 930 мислам од зегин. А прегназон се малку поефтини. 30 таблети се 784 денари, а 60 таблети 1017 денари. На kiwi.mk видов. Мислсм подобро е поскапите на прегназон бидејќи има за подолго време. Премама дуо не паметам ама околу 700-800 беа. Не сакам дс ги менувам pregnacare бидејќи има и pregnacare breastfeeding, па потоа сакам на тке да преминам после пораѓај
Мене вчера (35+3) ми зеде 3 бриса од кој едниотнзс стрептококс а другите 2 не видов за што се...И не ми наплати (чудно) ниту пак на микробиолгија а за тие брисеви во 12 недела ми наплати матичнава, таа се' си наплаќа... Колку што знам брисеви само 12/13 и еве во 35 недела, за други не сум слушнала....
Штом еднаш си ги баталила сосема, знам дека можеш пак да ги баталиш. Смисли некое хоби, на пример научи со хартија да правиш работи, ете за детето може да правиш украси, стресот може да го средиш со занимација што ќе ти одвлекува внимание.
Цтг мирно и денес без болки. Имало вода но постелката зрела што кажувал дека немало да трае, очекувал да се породам викендов. Немало простор за паника за да барам провокација . Искрено се надевам дека ќе биде се во ред и што побрзо да го гушнам малово душиче.... Психички веќе се уморувам како минуваат деновите.
Дали сте запознаени дали сеуште се задолзителни мајчини книшки? Гледам некои пишувате дека ви ги барале во родилишта, а мене матичната не ми дала