Јас сум 34та значи на микробиологија а кажи ми за колку време ти рекоа дека ке се готови? Во понеделник ке одам за брисеви 34+4 ке бидам или да одложам за 35+4?
Јас сум од Прилеп, така да не знам кај вас како оди тоа. Јас бев средата, ми кажаа дека ќе се готови в петок и ќе стигнат на и-мејл кај матичната, да не одам јас да ги земам. Во однос на неделата, знам дека земаат во 35 недела. Мојава др сакаше да ми одложи во 36 ама јас настојував 35 да е, за да имам време ако има бактерија нешто. Не знам да те советувам дали 34 или 35, од што имамм овде читано ,девојкиве одат во 35 или 36 ...Пример мојава матична порано од 35 не зема брис. Најубаво да се слушниш со матичната. Оф, морам да се поправам со постот од вчера што го пишав за железото и хемоглобинот. Јас пијам сируп ФЛОРАДИКС-ТОНИК СО ЖЕЛЕЗО И ВИТАМИНИ, а во постот сум пишала ФЕРОГЛОБИН (не знам од каде ми текна , изгледа читав нешто овде за него и сум пишала така). Ве молам извинете уште еднаш. Сега случајно си ја видов објавата и наеднаш се штрекнав ....
Какво искуство имате со намалување на плодовата вода веќе сум 40 недела немам болки аимам намалена плодова вода
Mesinja 23+1 sum i custvuvam tezina na gradite kako gusenje i vo grloto, bebeto go custvuvam nisko dolu. Dali e normalno ova so gusenjeto se plasam mi stvara panika. Pozz
Да сосема нормално и кај мене исто така е, не можам да дишам баш само разотварам прозорци, топлина ми смета и со времето вака. Можи од хормоните. Имам купено навлажнувач на воздух ми помага колку толку. Шеткај си на отворено малку кај што нема народ ќе ти годи воздух.
Сигурно во пп, се двоумев порано за Плодност, ама сега секако немам опција. По можност кај Оропан сакам....
Јас вчера бев на преглед немаат термини за да ри закажи матичната незнам кај која си јас кај еклер одев...и ми даде отворен упат и броеви од сите гинеколози за да му се јавам да се договорам јас и се јавив на моника и во понеделник сум кај неа да се договориме
Јас кај Евгенија сум, вчера бев за брис, утре треба пак на последна контрола. Па и ми даде упат за на болница, таман да се видам со Оропан....
Баш денеска бев на планина шетавме со мм и убаво ми дојде и кога се вративме дома почна да ме стега во градите, а пред бременоста знаеше така да ми се случи и ме фаќаше одма паника како да губам воздух... Се надевам дека ке научам да не им давам на значење за да не се плашам. Која недела си ти?
И јас ретко излегувам сега поради ситуацијата но денес снег и сонце и отидовме и прошетавме. Мене почнаа листовите на нозете да ме болат подолго кога шетам и се заморувам, но денес не приметив освен тоа кога се вративме како гушење во градите..
Ќути....со маска, нараквици...неделава 3 пати че одам а ако не ми стигнат резултатите од брис утре, ќе треба понеделник пак ако имам бактерија. Мн ми е шубе, ко ќе си дојдам не знам како побрзо да се дезинфицирам...а нема гужви барем кај нас, арно беше во средата, нема народ...ама пак, самото тоа што влегувам во болница ме нервира...