Еве 23 и тука да си пишам. Се мислам сега за прегледи што како следно да се оди, ми е страв и те како . Димерите не ми се испитани не сум сигурна дали и да одам.
Добро утро мешиња Денес 32+4, бебе 2160, а јас +2. Како тргнало, додека се породам, ќе дојдам на килажата со којашто ја почнав бременоста Важно бебето се развива како што треба, цело време е една недела понапред. Наместен е карлично. Грлото е целосно затворено и е 2.69, постелката е супер. Е малку повеќе имам плодова вода, но тоа е од скриениот шеќер. Конечно добив слика од фацичката, досега само бегаше и се вртеше. Па тоа обравчиња убави што има, ќе му ги изедам Уште малку и ќе почнам со перење и со пеглање, едвај чекам. Бидете добри, чувајте се
Исто и јас. На почеток до кај 5ти месец симнав 10кг, до кај осми вратив 2, сега во 8ми 34+1 уште едно вратив. Ама се тешам дека бебето е тоа а мене апетит ми се отвори ептен . Да е се како што треба ке симнуваме отпосле
Што ќе симнувам отпосле, само 2 кг сум поправена од почеток на бременост, манекенка ќе излезам од болница Од почеток па до 26 недела си имав +4 качено, па проверив скриен шеќер и излезе на граница. Исфрлив овошје и јаглехидрати, почнав надолу да одам со килажа.
Браво! Од рано нешто убаво и позитивно да се прочита. Ти се восхитувам на позитивноста. Јас се обидувам колку можам да останам со ведар дух, но ме копка тоа што бев минатата среда во Плодност. Се надевам дека се ќе заврши со среќен крај!
Дали ќе може да ми кажете доколку знаете, бидеќи во трансфузиологија ми го откажа испитуцањето. Во која приватна лабараторија би можела да ги испитам работите што се испитуват во трансфузиологија? И дополнително скриен шеќер?
Убав ден мајки. Само што дојдов од контрола, само за цтг бев. И пак си покажа убави контракции, до 40 одеа и овој пат и пред 2 дена биле така... За 27 недела е малку рано за вака, ама освен да се поштедам физички друго нема што да се направи Релаксирана сум, ќе се потрудам и така да останам, секако со надеж дека бебушко ќе си ужива во меше кај мама уште некое време
Јас скриен шеќер испитував во авицена во тафталиџе што е. Мислам дека можеш и за другите работи, јави им се прашај си слободно ќе ти кажат. Исто и во синлаб прашај си, зависи која лабораторија ти е поблиску.
Се јавив јас и на двете места, заради ситуацијата не испитуваат скриен. Само Систина рекоа испитуваат, во Ремедика не сум се јавила, нека провери и таму.
Ајде и јас да си кажам за мојава ситуација- денес кај матичната го правевме последното ехо. Јас 35+5 а според ехо сме 36+2. Тежиме 2990.Брисевите чисти (иако си имам по малку секрет ама сметам е ок), бебе со главче свртено надолу и др рече дена не верува и многу да се измести понатаму. Плодова вода има таман само имаше некои како точки, таа вика штом се влегува во 9ти месец нормално е да почни да се заматува и да сум пијала многу чаеви (по еден филџан на пола час, особено брусница или што сакам ако ми здосади) за да ја одржуваме средината чиста. Постелката не покажува зрелост, таа вели не верувам да се роди предвреме или порано од тоа што гледала, можи немало да оди до краен термин ама сепак немало и да е порано. Сега само ме загрижува тоа со заматеноста, плодовата што почнала да се заматува а било нормално за во 9ти штом се влегува...(а и цела бременост таа ми вика да пијам многу, многу чаеви и водата како вода ок ама чаевите биле поважни). Имате ли некои сознанија,, искуства или нешто слично за ова заматување во овој период? Знам дека не е убаво на пораѓај да почни многу да се заматува, а за вака не знам, не ми е јасно колку е опасно (таа вели дека не е, но да се трудиме околу чаевиве). Секој пат штом си идам од матичен мора по некоја грижа да се јави...
Оооо Оли, ти мора да си и природно слабичка и природно без апетит јас сум 22+ и сум 12 кила до сега Никогаш не сум била дебела, но сум крупна, колку и да слабеам никогаш неможам да бидам слаба имам крупна коска.. во однос на апетитот си јадам богами од почеток на бременост и тек како А ова сеа со коронава, уште толку ме улежа и мм само изразува желби ај денес кифли, ај утре пица, ај варени гевречиња и такаа.. ќе слабеам после, само се да биде во ред до крај! Кај сите Уживај си ти уште малку после од љубов нема да можеш да спиеш.. пери си пеглај си и јас едвај чекам да стигнам до тој дел Денес сум на скрининг, се надевам и јас на сликички од фацулињата мои
Значи не трошете време ,скриен шеќер не испитуваат во Синлаб и Авицена сега заради ситуацијата. Обична крвна слика и сите други испитувања ДА, скриен НЕ. Јавете се прашајте, уверете се. Глупо е во вакво време за џабе да тепате пат и да се бутате по лабаратории а да не завршите работа. Во понеделникот секаде се јавив освен Ремедика. Само Систина ми потврдија дека може скриен да ми испитаат.
Дали во Ремедика ќе ме примат денес со маж ми на скрининг или не ? Пишав и предходно ддимери + хемостаза + обична крвна слика е 2500 ден пакет во Ремедика. Скриен исто испитуваат само незнам цена околу 900 денари да не беше... кумбсов не прават - инфо за оние што прашуваа за трансфузиолошки испитувања.
@Bebac Знам дека не ти е лесно и се секираш поради Плодност, а и општо не е сјајна ситуацијава, но мора да се трудиме да сме позитивни. Уште од сабајле веднаш кога ќе станам, пуштам музика, на телевизија некоја странска програма врти, изнегнувам да слушам за ситуацијава. И си верувам дека ќе биде добро, и ќе биде добро. @monka_bonbonka Природно не сум баш без апетит, но си бев активна и вежбав пред да останам бремена, се хранев здраво, па така се одржував. Апетит секогаш сум си имала, но од првиот момент кога останав бремена, апетитот сосема ми го снема. Секој оброк мачење живо, сосила јадев и уште ми е така. Но пред да останам бремена, си ветив дека многу ќе внимавам што и колку јадам. Не поради изгледот, туку затоа што не е здраво да се јаде сè и сешто, а особено бело брашно ми е на црна листа уште многу одамна. Љубител на благо ич не сум, а другото е навика. Така, немањето апетит само ми ја олесна работава. Којзнае како ќе ми биде после породување, ништо чудно во ламја да се претворам, но сепак мислам дека ќе продолжам со здрава храна, најважно ќе ми е доењто и се знам дека ќе имам волја да внимавам уште повеќе. Ќе помине брзо времето и кај тебе, кај да е ќе почнеш и ти со средување, башка дупло треба ти и побрзо ќе почнеш Те чекаме да пишеш како ќе поминеш на скрининг. Мажите не ги пуштаат. Јас му се јавувам на телефон на мм додека сум внатре, отворена линија оставам, па така слуша што кажува доктор.
Девојки денес бев на трансфузиологија на клиника. Бев со 24 часовен упат што важи и ме примија. Еден по еден пуштаат, нсдвор чекаме на отворено. Внатре нема никој, сам влегуваш. Резултати одма денес пратија кај матичната, па она пушти мејл на трансфуз. за да пратат они извештај колку клексани треба да примам и сега го чекаме мејлот. Јас сум 36+4, може затоа ме пуштија, морав да проверам, а на влез ги проверуваа упатите, може некој и вратија.